Спомен обележје на Свети Наум Охридски - Чудотворец ќе се гради во центарот на Охрид. Договорот за соработка вчера го потпишаа охридскиот градоначалник Александар Петрески и академскиот скулптор Томе Серафимовски, кој победи на отворениот конкурс.
Новиот споменик ќе биде висок до пет метри, изработен во бронза, а заедно со постаментот, висината ќе изнесува до шест метри.
За изработка и поставувањето на споменикот од страна на Министерството за култура се обезбедени седум милиони денари. Се проценува дека вкупната вредност на проектот ќе чини 15 милиони денари.