Број 3395  четврток, 30 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Гиеделон

Како се гради замок со техники од 13 век

Гиеделон се наоѓа на два часа возење од Париз. Тој е копија на замок од 13 век, а се гради камен по камен, со железни алатки и без електрична енергија

ТРЕИЊИ - Мерилин Мартин, како и многу други француски девојчиња, беше маѓепсана од средниот век, со замоци, невини девојки и витези. Таа едно време работеше за „Пјер 1 импортс“, потоа се врати во овој дел од Бургундија и размислуваше да одгледува печурки. Наместо тоа, работеше во агенција која се обидува да пронајде работа за невработените, но измамништвото и цинизмот што постоеја ја налутија, додава таа. „Одлучив да направам нешто за нив, во овој многу мал дел од светот“, вели Мартин.

Па така, таа се одлучи да изгради копија на средновековен замок од средината на 13 век, користејќи ги техниките од тоа време: железни алатки и без електрична енергија.

Во партнерство со Мишел Гијо, сосед кој го реставрираше дворецот Де Сен Фарго, таа купи напушен каменолом за црвен песочен камен и шумата околу него во која имаше дабови дрвја, глина, песок и вода (пронајдена, како што вели таа, од гаталец) кои би биле потребни за изградбата. Првиот камен беше пресечен и поставен во 1997 година, и сега замокот добива облик, со своите кружни кули, голема сала и ребрести засводени лакови.

Ѕидовите сега се толку високи што камењата се креваат со систем на макара придвижуван од луѓе кои се движат во големо дрвено тркало. Плановите бараат наскоро да се донесе ново тркало во кое ќе може да се движат двајца луѓе.

Замокот, наречен Гиеделон, именуван по околната шума, сега е посебна грижа. Тука има 67 вработени, годишен буџет од околу 3,3 милиони долари, и околу 315.000 посетители годишно, вклучувајќи и 80.000 ученици, на ова прилично оддалечено место на два часа возење од Париз. Редовната цена за влез е девет евра, или 12 долари, а профитабилната кафеана е изнајмена на приватна компанија.

Но, ова не е Дизниленд или колонијален Вилијамсбург, иако работниците тука, како што самите наведуваат, половина од своето време го трошат во разговори со посетителите и објаснување што прават. Целта на Гиеделон во суштина е академска и дидактичка - да се направи обид да се употребат или повторно да се создадат, колку што е возможно поблизу до оригиналот, градежните техники од тоа време за кое се претпоставува дека е 1241 година, во првите години од владеењето на Луј Деветти.

Замокот се верува дека му припаѓал на регионален лорд кој бил на страната на круната по неуспешното баронско востание во 1226 година, доволно богат да користи сечен камен, да купува некои зачини и да има голема сала, но не доволно богат за да има подвижен мост.

Директорот на локацијата, Флоријан Ренучи, е каменорезец кој работел на реставрирањето на национални споменици, како што е Понт Неф во Париз. Плановите и техниките за работа се одобруваат од научен совет од советници.

Иако замокот е класифициран како уметничко дело, а не дом - со самото тоа нема потреба да ги исполнува прописите за модерни градби - безбедноста на работниците е константен проблем. Директорите преговараат со локалните власти и осигурителните компании, за каменоресците, на пример, да мора да носат заштитни наочари кога го сечат каменот, а работниците мора да носат чизми со железна плочка кај прстите.

Иако работниците ја прават сопствената дрвена граѓа, малтер и црепови, некои големи дабови греди се купуваат од соседниот град, заедно со одредени комерцијално пресечени варовнички блокови, кои потоа се резбарат рачно. Сепак, речиси целиот камен е тврд црвен песочен камен од каменоломот. Иако работниците се добро платени и работат повеќе часови - бидејќи во текот на зимата добиваат повеќе од четири месеци одмор кога е премногу ладно да се гради со малтер од тоа време кој многу бавно се суши - работата е и стручна и физичка.

Филип Делаж (55), каменорезец, има необична бела брада. Тој дојде тука да работи во 2004 година, за како што вели „да му се врати на каменот“. Тој се потпира на својот вид за да пронајде раседи и неизбежни недостатоци на каменоресците. „Работењето на овој начин, со древни техники е речиси невозможно“, додава тој. „Но, добар ѕидар е лага. Секогаш мора да надоместите за грешките“.

За Ренучи, директорот на локацијата, проектот е пат за враќање кон неговата вистинска љубов, а тоа се старите камења. „Она што е најтешко да се направи е да се влезе во логиката на периодот“, вели Ренучи, кој првично студирал филозофија. „Не мора да јадам мамути, или да мислам дека светот е рамна плоча, за да градам замок. Меѓутоа, мора да го изнајдам сопствениот начин за автентичност на процесот“.

Иако во кафеаната-ресторан во близина на локацијата не се служат јадења од месо од мамути, сепак, постои обид на менито да се понудат разни средновековни јадења полни со јагнешко, шунка, колбаси и конзервирана риба. Се служи медовина, но со оглед на фактот дека ова е Франција, исто така, има и пиво, ракија од јаболка и локални вина.

И кујната во замокот е популарна кај посетителите, која е надгледувана од Франсоа де Монмолин (62), која пече леб од брашно од леќа, наут и трици, прави пити со солена риба и пече кокошки на ражен со „зелен сос“, посочуван во трубадурските песни од тоа време.

Сепак, има многу нејаснотии за овој период и неговите техники и не сите историчари мислат дека Гиеделон е доволно прецизен. „За јавноста тоа е огромен успех, а од педагошки аспект, тоа е извонредно“, вели Жан Жак Швајн, кој предава средновековна архитектура на Универзитетот во Стразбур. Меѓутоа, нема доволно научен протокол за да се тестираат методите, вели тој, и верува дека навалената основа на замокот е преголема и висока. На приземјето од големата кула, тој инсистира да нема врата, бидејќи „тие се појавуваат дури во 15 век“.

Овие работи многу не ги загрижуваат Мартин или Ренучи, кои не се обидуваат да објаснат се' и кои сметаат дека повторно откриле многу нешта, како што се стариот рецепт за малтер од вар и методот за креирање засводени тавани.

„Откако го изградивме првиот ребрест свод во 2002 година, луѓето почнаа да не' гледаат со одредена почит“, вели Сара Престон, водич, која првпат дошла тука како посетител и била маѓепсана од проектот. „Тоа беше првиот ребрест свод изграден по 700 години“.

Иако плановите се да се заврши замокот во следните 12-15 години, со неговата голема сала, семејни одаи, огромни скали и кула од речиси 30 метри, поентата на задачата е изградбата, а не завршетокот.

За Мартин, Гиеделон е „делирична човечка авантура“. „Кога тие ќе го постават и последниот камен, тоа ќе биде ужасно, ужасно“, вели таа.

(Интернешенел хералд трибјун)

ИНФО

Замокот е именуван по околната шума. Во него има 67 вработени, годишен буџет од околу 3,3 милиони долари и околу 315.000 посетители годишно, вклучувајќи и 80.000 ученици. Редовната цена за влез е 9 евра и 7 евра за деца од 5 до 17 години. Отворен е за посетители од 15 март до 2 ноември

СРЕДНОВЕКОВНИ ЈАДЕЊА

Во кафеаната-ресторан во близина на локацијата се служат разни средновековни јадења полни со јагнешко месо, шунка, колбаси и конзервирана риба. Лебот се меси од брашно од леќа, наут и трици, се прават пити со солена риба и се печат кокошки на ражен со „зелен сос“, посочуван во трубадурските песни од тоа време. Се служи медовина, но со оглед на фактот дека е Франција, исто така, има и пиво, ракија од јаболка и локални вина.


#
Статијата е прочитана 1105 пати.

Испрати коментар

Од: ODNADVOR
Датум: 30.09.2010 13:34:33
Ovoa prvicno e ideja , za da se vrabotat poveke nevraboteni i da se razvie toj del od Fr. kako i da se pokaze pred zainteresiranite kako nekogas se gradelo, sto pokaza do sega dosta dobri rezultati. NO, GENERALNO, francuzite drzat na OBNOVUVNJE i neguvanjeto na nekogasnite tipicni gradbi , pa duri i citavi sela, bez da im se PROMENI stilot. Za taa cel, se povikuvaat mladi od celiot svet koi ucestvuvaat vo obnovata. Tie imaat obezbeden prestoij i rabotat bezplatno, so sto se zajaknuvaat vrskite pomegju razni narodi i etnikumli.Nekogas imase mladi i od Makedonija,pa si mislev deka idejata za obnova na naseto staro selo i nejzinata ubava arhitektira,ke ja prenesat i kaj nas, namesto da se gradat novi smesni i nepotrebni gradbi.Se se zavrsi so "dojdovme vidovme....", bez da se zainteresira nekoj za ovaa ubava ideja ili barem da gi prasa tie kurazni "deca", sto pravele vo Fr. kade se dovagjase na vremeto so mnogu teskotii i na "istancen konkurs" !

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку сме добри!
Лустраторите одлучија
Грчките црвени линии - црвен картон
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Газење по институциите
Друцас ја нападна Македонија во ОН
Политичари има, лидери нема
Германија плати за Првата светска војна
Еволуција
Носејќи панталони прекршува закон
Аеродромите се градат, ТАВ уште бара пари
Антимуслимански поход во Европа
Купување алкохол пак до 19 часот
Карикатура
„Мајки“ на Манчевски на Берлинале
Отворен паркот на Фредерик Шопен
Бела ноќ“ утре во Скопје
Стил
Лига Европа
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Свети Наум добива споменик во Охрид
Во Србија веќе нема задолжителна војска






Bulgarian police raid suspected radical Islamists, locals protest
When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid