Број 3395  четврток, 30 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Друцас ја нападна Македонија во ОН

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Грчкиот шеф на дипломатијата, Димитрис Друцас, голем дел од говорот во ОН го посвети на спорот околу името со Македонија, изјавувајќи дека Грција ја завршила својата домашна за преговорите и сега чека македонската страна да го исполни својот дел. Друцас остро и' забележа на македонската Влада дека се обидува да купи време и да избегне побрза разврска на спорот.

Според Друцас, неопходно е двете страни да покажат волја и да се најдат на половина пат, надминувајќи ги проблемите што ги разделуваат во однос на спорот за името.

„Грција го изоде својот дел од патот. Единственото фер и трајно решение за проблемот може да биде име со географска одредница за севкупна употреба“, истакна шефот на грчката дипломатија. На тој начин преку говорницата на Генералното собрание на ОН ги зацементира грчките црвени линии, алудирајќи дека од грчка страна е направен компромис, бидејќи до пред неколку години Атина беше цврста во ставот да нема користење на терминот „Македонија“ во новото име.

Во излагањето на Генералното собрание, Друцас повтори дека Македонија претставува голем географски регион, чиј најголем дел е во Грција. „Еден мал дел од тој регион е во БЈРМ и еден уште помал дел во Бугарија. Тој мал дел не е доволно силен за да ги претставува останатите и за да си даде ексклузивитет во користењето на терминот ’Македонија‘“, додаде Друцас, според кого, така само се потхранува национализмот во нашата држава.

Друцас го претстави спорот и во меѓународни рамки, оценувајќи го како регионален со длабоки историски корени, кој е тесно поврзан со добрососедските односи, а не само билатерална тема или мала караница околу историски симболи, како што го претставуваат некои страни. Потенцираше дека одбрал да говори за овој спор на Генералното собрание, кое е форум за решавање на меѓународните несогласувања, со цел да ја истакне подготвеноста на Грција да се најде решение што побрзо можно.

Притоа, од говорницата тој го повика Груевски да покаже лидерска одговорност и да почне да соработува со Грција за да помогне за напредок во спорот наместо да троши време и средства за избегнување решение и создавање непријателска клима. За грчкиот министер за надворешни, напредокот во спорот ќе резултира со светла иднина за билатералните односи и тоа во рамки на Европската унија. „Ова е иднина, која наскоро се надеваме дека ќе стане реалност“, потенцираше Друцас.


#
Статијата е прочитана 2472 пати.

Испрати коментар

Од: Ubavo vika Drucas
Датум: 30.09.2010 12:05:20
Ajde denes site da odite da si kupite po nesto od novoto Vero
Од: srebre
Датум: 30.09.2010 12:35:07
bravo drucas vo pravo si grcite navistina napravija sto mozat a grujo kako magare na most ili pola grcija ....znae deka grcite se vo pravo ama mu e strav za foteljata toj bara nacin kako da prifati pridavka a da ostane vo med.......hahaha...i pticite znaet deka imeto go koristime od 1945g....
Од: Јован АН
Датум: 30.09.2010 12:38:19
Друцас не ме чуди но ме чуди Утрински и некои наши “експерти“ кои за оправдани ги сметаат националфашистичките барања на Грција,а вината за нерешавање на проблемот со името се бара само кај нас.Која беше целта покрај овој текст да се цитира Друцас и во Вербатимот?Господо Уредници и “експерти“:ЗОШТО и пак ЗОШТО Грција бара промена на името на Македонија?
Од: ИСКРЕНИОТ ГРК
Датум: 30.09.2010 12:51:06
Највлијателниот американски економски весник „Вол Стрит Журнал“ кој говори за грчките лаги како составен дел од културни вредности на јужниот сосед, кои Европската Унија ги прифаќа само поради стравот дека со падот на Грција ќе се распадне и еврозоната. Според весникот, грчкиот министер за надворешни работи ја уценувал Унијата кога изјавил дека ако Германија престане со финансиската помош, Грција ќе го урне еврото. Во Грција лажат сите отсекогаш, но тоа ќе биде толерирано од Брисел се додека финансиската стабилност зависи од Грција, вели „Вол Стрит Журнал“ кој ни ја открива тајната зошто иако сите се свесни дека Атина лаже и за името не сака да ги прифати македонските аргументи. Во врска со кампањата што грчката страна ја води кон Македонија обвинувајќи ја притоа за вршење на „антиквизација“ Иглбергер истакнува оти Грција нема право да ја присвојува античката македонска историја. - Грција тврди дека Македон или Македонија и Александар Македонски се нејзвини. Тоа е лажно тврдење.
Од: Boshko
Датум: 30.09.2010 13:10:48
Znachi OON e mesto kade sekoj moze svoi lagi da zboruva ,Ovaj grchki minister nema ni trunka sovest kako i site grci taka i toj kazuva toa shto e najdobro za niv,Noa Jovan malo pojasnuvanje Grcija saka Makedonija da go smeni imeto za da Makedoncite vo Grcija bidat obespraveni za navek ,za da mozat slobodno da gi negiraat deka ne ma da postoi makedonska drzava i togash ne mozat da se Malcinstvo Makedonsko.Tuka e rabotata a ne e Republika Makedonija.
Од: tihi
Датум: 30.09.2010 13:19:26
Otrpnavme vekje i od Drucas i od Srebre i od site kako niv.Neznae covek dali da gi zali ili da gi ignorira.Ne daj boze za nesto treto.
Од: Itar Pejo
Датум: 30.09.2010 13:26:26
I ovoj kako nasiot predsedatel, zboruval na sobranieto svikano po povod gladot vo svetot?
Од: Си имаме име и не го менуваме
Датум: 30.09.2010 13:41:14
Зарем уште некој во светот им верува на Грците?
Од: jas
Датум: 30.09.2010 14:07:52
ne sum za niedna partija vo makedonija i politika ne me zamara... ama me zamara Makedonija... Zatoa dosta vrsite grcka propaganda samo zatoa sto ne vi se sviga Grujo ili Branko ili ne znam Koj... samo toa ve interesira,..; koj ke dojde ili ostane na vlast... za pari... ebate makedoncinja......
Од: od mene
Датум: 30.09.2010 15:47:51
drucas ja nadana makedonija, a koj bese tamu da ja brani??? kade se makedonskite ambasadori ??? pa ke ne napagaat oti znaat deka nema koj da ja brani makedonija- sramota!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.09.2010 18:11:46
Ете го позлатениот Сребре,со едноставни зборови ви објасни се,едино му ,,контрира,, оној од мене а и двајцата сосема ги откриваат опозиционерите топтан со се коментаторите.Вака се сака татковината а богами и брани од оние кој сакаат на пример да го зачуваат достоинството на земјата.Вакви како Сребре и од мене треба да се негуваат и одржуваат.Вакви егземплари тешко виреат некаде но тука богами наидуваме на такви.
Од: karokan "gambit"
Датум: 30.09.2010 18:57:04
G-dine Felix,jas skoro i da ne pravam razlika pomegju tebe i tvojot (spored tebe) sprotiven oponent Srebre. Za mene megju vas i nema razlika,so toa sto eden po naseto dostoinstvo udira od leva,a drugiot od desna strana. Predlagam na dvajcata da vi dademe po eden ovcarski stap i ve ostavime vo zagradeno gumno. Veruvaj kako i da zavrsi dvobojot ce bideme na dobivka!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: nacional-patriot
Датум: 30.09.2010 20:28:03
Ej Srebre.Makedoncite i imeto Makedonija se fakti niz vekovite nanazad.Ovaa teritorija se vika Makedonija so vekovi poradi Makedoncite koi ziveat na ovaa teritorija so vekovi.Atina go koristi odnosno go (zlo)upotrebuva imeto Makedonija od 1988 godina.
Од: ДО СРЕБРЕНИТЕ
Датум: 01.10.2010 08:02:32
Грција си формирала држава во грчката област каде имало Грци во 1832. И Србија во својата српска со Срби позната пашалукот во 1850 и а Туркотатарите во својата испод Романија до пола денешна. Е дури во 1913 не ни сонувале дека Антантата Русија Англ Фран ке им доделат делови од Макед инаку тие не биле фактори. Е како што не е вардарска српска така и егеј не е грчки оти тогаш немало ни Грци во Кавала ниту еден во Солун од 135.000 само 15.000 и тоа трговци. Лотар и книгата Македонскиот јазол се објаснува. PLEASE.
Од: zore taneski skopje
Датум: 01.10.2010 08:55:22
Nisto novo od Grcija i nejzinite prebogati i korumpirani politicari.I toa e golem problem za nas.Megjutoa uste pogolem problem e sto nie Makedoncite ne sme edinstveni po ova prasanje.Sekoja cest za politikata na vladata i edinstvoto sto go manifestiraat premierot,sefot na diplomatijata i pretsedatelot na drzavata.No sto e so opozicijata.Poranesniot pretsedatel B.C.ne znam od kaki pricini veli deka bi se soglasil da go smenime imeto na drzavata ako vo ON ne priznaat kako Makedonci i nin go priznaat makedonskiot jazik.Liceto BC. dali ne znae ili nema koj da mu kaze od tolku mnogu sovetnici sto gi ima deka so samato menuvanje na imeto na drzaata deka vece nema da postojat Makedonci tuku site ce bideme na pr.SevernomakedonciVsusnost spored rezolucijata na ON nie ne sme obvrzani da razgoarame i i da go priomenime imeto na drzavata tuku samo za toa kako Grcija i nejzinite prijateli ce ni se obracaat vo ON.Sto pravime so onie 129 drzavi sto ni go priznavaat ustavnoto ime
Од: Mite
Датум: 01.10.2010 09:01:23
i postarite vrapcinja znaat deka vo SFRJ grcija NE go priznavashe makedonskiot identitet i jazik. No ne samo makedonskiot, na granicata imashe formulari, vo poleto Nationality trebashe da se stavi SFRJ no prifakaa i Srbin, no ne i Hrvat, Slovenec, Crnogorec..Za ova e poznat slucajot na FK Crvena Zvezda i Darko Pancev, drzenje na granica,. Pa vo vremeto na SFRJ ednash FK Vardar sluzbeno dobi natprevar bidejki ne mu davaa viza na igrac. .Po raspadot na SFRJ Grcija gi priznava site identiteti od SFRJ osven Makedonskiot i nema da go priznae nikogash. Problemot e sto saka toa da go implementira vo EU
Од: divna
Датум: 01.10.2010 09:41:59
srebre, ti sigurno si bugarin po se izgleda i te molam nemoj da komentiras ovde.
Од: bitolcanec
Датум: 01.10.2010 10:23:04
Nasite politicari, posebno Milosovski, premierot Gruevski i Ivanov treba postojano i uporno so argumenti da gi pobivaat grckite neosnovani i apsurdni tvrdenja. Ne obvinuvaat nas za ekskluzivitet na terminot Makedonija, a situacijata e obratna: nie nikomu ne zabranuvame da go koristi terminot Makedonija, a tie baraat ekskluzivitet i ni zabranuvaat nam da go koristime naseto ime. So toa sto sakaat ekskluzivitet vrz imeto Makedonija, implicitno promoviraat ekspanzionizam i teritorijalni pretenzii vrz celiot region Makedonija, vklucitelno i nasata zemja. Zosto naseto ime da se smeni,a imeto na nivniot region da si ostane Makedonija? Ima samo 2 mozni reshenija: ako nie dodavame geografska odrednica, nasite politicari MORA da insistiraat i Grcija da go smeni imeto na nivniot region so dodavanje na geografska odrednica. Drugoto resenie e i najdobro: Grcija da ne prifati onakvi kakvi sto sme i da prestane da ne ucenuva, smesno e i da se pomisli deka nie sme nekakva zakana za nivnata bezbednost

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку сме добри!
Лустраторите одлучија
Грчките црвени линии - црвен картон
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Газење по институциите
Како се гради замок со техники од 13 век
Политичари има, лидери нема
Германија плати за Првата светска војна
Еволуција
Носејќи панталони прекршува закон
Аеродромите се градат, ТАВ уште бара пари
Антимуслимански поход во Европа
Купување алкохол пак до 19 часот
Карикатура
„Мајки“ на Манчевски на Берлинале
Отворен паркот на Фредерик Шопен
Бела ноќ“ утре во Скопје
Стил
Лига Европа
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Свети Наум добива споменик во Охрид
Во Србија веќе нема задолжителна војска






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change