Една млада држава како Косово деновиве ни одржа вистинска лекција по демократија. И покрај тоа што од нејзиното осамостојување минаа едвај две години и се' уште се соочува со многу проблеми, сепак, на најдобар можен начин покажа како треба да се почитуваат институциите. Зашто, кога се гради куќа, важно е како ќе се постават темелите. Градбата да биде стабилна, а покривот безбеден.
Претседателот на косовската држава, Фатмир Сејдиу, сигурно не бил среќен поради чинот на демисија на која морал да се согласи, но поднесе оставка. Косовскиот Уставен суд оцени дека таткото на нацијата го прекршил Уставот, бидејќи истовремено ги извршувал функциите претседател на државата и лидер на политичка партија (Демократскиот сојуз на Косово). Тоа што ваквата храбра одлука беше плод на долг процес на консултации меѓу претставниците на пет влијателни западни земји (В. Британија, Германија, Франција, Италија и САД), политичкиот врв на оваа земја, како и меѓународниот цивилен претставник Питер Фејт, не го намалува значењето на овој чин. Упатена е силна порака дека иако оваа мала земја се' уште е далеку од функционална држава, цврсто се определила за почитување на Уставот и на законите. И не случајно косовскиот претседател пред своето формално заминување од функцијата рече: „Работев да ја исполнам волјата на народот и се залагав за изградба на институциите. И денеска со овој чин покажувам дека сум им приврзан на институциите“.
Како стојат кај нас работите?
За жал, многу лошо. И покрај тоа што некому може да му се чинат неумесни споредбите, сепак, факт е дека назадуваме на планoт на демократијата и се враќаме неколку чекори назад. Во Македонија со години се обезвреднуваат институциите со внесување на политиката на голема врата. Се девалвираат судството и законодавниот дом, се демотивираат регуларните тела, се отвораат нови институции, но само на број. Европа тоа го бара од нас или, пак, затоа што треба да се пофалиме дека ги имаме во нашиот правен поредок. Но, не за да ја развиваме правната држава и да ги градиме нејзините капацитети, туку да служат како парламентарен декор. Украсен фикус во собата на дневната политика.
Системот е едноставен. Уништи ја независноста на една институција, доведи ги во прашање нејзиниот кредибилитет и легитимитет. И, на крај, задади го последниот удар со инфилтрирање партиски послушници и ставање на институцијата под целосна контрола.
Во дводецениското постоење на македонската парламентарна демократија можат да се најдат најразлични „бисери“ на оваа тема. Но, она што сега го прави премиерот Никола Груевски кон Уставен суд ги надминува сите граници. Не само уставната поставеност во поделбата на власта, туку и рамките на политичката култура и добриот вкус. Претседателот на Уставен суд, Трендафил Ивановски, е само врв на ледениот брег, кој власта решила да го топи, правејќи од него во исто време и херој и жртва. Зашто ретко кој може да поверува во приказната дека молчаливиот правник од Струмица е случајно избран за колатерална штета во процесот на лустрација. Зашто, хајката кон највисоката судска институција за оцена на уставноста и на законитоста е одамна почната.
Со таа разлика што порано ја водеа политички сателити и партиски функционери од пониските ешалони на власта. А, сега тоа на груб начин го прави лично премиерот. Груевски со месеци го обвинува Уставен суд дека е главен кочничар на реформите, ставајќи го високо на листата на „домашни непријатели“, кои работат на уривање на неговата програма, но и рејтинг.
И не случајно евродипломатот Ерван Фуере уште еднаш ја повика власта да престане со вербалната битка со Судот, бидејќи тоа лошо говори за имиџот на државата. На опасноста од девалвирање на институциите предупредија и експертите. Зашто, во возењето на владиниот булдожер без правила се гази не само по човечки судбини, туку и по правната држава и по демократијата.
Почитувани читатели,ова што го прави овој наш таканаречен премиер не ништо друго,туку продолжување на фашизоидната политика на неговиот идол ВАНЧО МИХАЈЛОВ,кој за свиоте дела добивал совети и инспирација од легендарниот крвник и докажан фашист АНТЕ ПАВЕЛИЌ.Делото на АНТЕ ПАВЕЛИЌ прв го продолжи ФРАНЈО ТУЃМАН кого ЉУБЧО го посетуваше и сите информации за распадот на Југославија ги добиваше од него.Политиката на ЉУБЧО ја продолжува со уште поголем интензитет во ФАШИЗОИДНОСТА НИКОЛА ГРУЕВСКИ.До каде ќе оди ова лудило и бескомпромисни пресметки со неистомислениците зависи од народот Македонски и граѓаните на Македонија.Разделбата со ЉУБЧО беше болна,но со овој ќе биде уште поболна и потешка,но мора да се стави крај на ова невидено лудило.Дали гледате со каков цинизам се потсмева кога коментира за уставниот судија,како труло се смееше за апсењето на млекарот Душко Илиевски
Од: kole
Датум: 30.09.2010 12:42:46
Cekajte, ova e samo pocetok....... najvaznoto sleduva doprva so vrvnite sovetnici na Premierot od tipot na Latas, Milenko i Janko............. Drz se Makedonijo....................
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 30.09.2010 12:52:35
se soglasuvam deka vladata ne treba da se mesa vo rabotata na ustavniot sud,taka treba da bide po site zakoni.ama zosto avtorkata na tekstot go brani "molcaliviot pravnik" od strumica koga eve komisijata za lustracija utvrdi deka sorabotuval so poranesnite udba,kos ili gospod znae koj???ako sakame demokratija eve izjavete-ne e vo red sto se kritikuva ustavniot sud,ama i ne e vo red poranesen kodos-veke so tapija da go vodi toj organ!!!ako sakame da bideme realni,togas da bideme.eve kako sto veli avtorkata na tekstot-neka zeme primer gospodinot od pretsedatelot na kosovo,neka bide doblesen do kraj i NEKA PODNESE OSTAVKA!ednostavno zar ne?
Од: tihi
Датум: 30.09.2010 13:28:34
Zatoa i se bara lustracija .Za da se rasturat sejacite na magla.Koi za zal kaj nas gi ima vo site sferi na zivotot i vo site boi.
Од: aj pak jas
Датум: 30.09.2010 14:22:48
Eh pa premierot e najvazniot covek vo Republikava, on moze se ,da menuva, da kaznuva, da imenuva, da vrabotuva ,da otpusta, i uste sto ne. Mislam deka se ova e uste samo pocetok na negovata odiseja, doprva ke gi vidime negovite dostreli vo vodenjeto na drzavava. Covek od vlasta koj ne ja pocituva najvisokata institucija vo drzavata odamna ne zasluzuvase da bide tamu kade sto e ,ama ete toj seuste uspeva da go odrzi "rejtingot" . Toj uspea da ne razdeli na nasi i vasi i nema da me cudi i ako dojde do gragjanska vojna ,zasto ne site se soglasuvaat da bidat vodeni od nekoj koj sto e opien od mokjta sto doagja od pozicijata na koja e. Za zal ne gledam deka brgu nesto ke se promeni vo negovoto samobendisano odnesuvanje.
Од: do aleksandar od sv.nikole
Датум: 30.09.2010 14:56:25
Александар, многу е поучна последната реченица од денешната колумна на Трајановски во Дневник. Од кога е предложен тој закон за лустрација,која патем ниедна од бившите Ју републики не ја спровела, мене не ми беше јасно токму тоа, како може повеќе да биде крив некој си кодош (кого УДБА или МВР или КОС во повеќето случаи на тоа го натерале) повеќе од самата тогашна власт, т.е. бивши министри, амбасадори,лојални на таа власт (и денес се во парламентот).Во една Чешка на пр. тој закон сигурно не се однесувал само на соработниците на тајните служби, туку на целиот апарат. А да биде уште поапсурдно од оваа перспектива и од перспективата на оваа власт, тоа секогаш ќе бидат луѓе што вака или онака биле противници на оној режим. А Боцевски нека бла бла... за правите дисиденти верни на каузата кога е и самиот тотално недоследен на било каква идеја.
Од: kaktus
Датум: 30.09.2010 15:14:30
Ајде да речеме дека Трендо кодошел и за тоа наплатил кодошарина од 10.000 и уште еднаш 20.000 дин. Дајте барем кажете кого го кодошел и за што го кодошел. Што е тоа толку значајно за Удба, што им го кажал Трендо. Или е и ова како во народната .. Немала баба работа...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.09.2010 18:44:34
Благодарение на pavle Alimaska (чудно името со мали букви, вероватно е во корелација со текстот)откривме дека тука ни цветал фашизмот.Фалеше уште да не информира да шестиот братучед на тетинот на премиерот е во семејни врски со Ајхман,а пријател била со Химлер.Пример за фашизмот е според малиот pavle е откривање на кодошлок,каде го има тоа.Само каде нас вели бабами Румена,никаде на друго место.
Од: Феличита
Датум: 01.10.2010 08:28:58
Милиот на баба Румена,кај него сите букви се големи!