„Името е име“, но премиерот си е премиер, па така тој го доби аплаузот на премиерата на документарецот посветен на македонската вистина за спорот за името. Сакал или не, Никола Груевски ги засени другите „актери“ во документарецот и како во времето на прикажување на филмот „Валтер го брани Сараево“ во киносалите, тој добиваше аплауз по речиси секоја „акција“, т.е. изјава.
Во темнината во киното „Милениум“ не можеше да се види дали на премиерот му е непријатно од ваквите изливи на пофалба за кажаното, но на оние што аплаудираа, сигурно не име беше.
Помалку нелогично звучеше аплаузот за искажаната вистина за Македонија од македонската државна елита, а слушнатa на домашен терен. Па зарем некој очекуваше премиерот да каже некоја друга вистина, да испрати друга порака? Испаѓа дека си аплаудиравме и си правиме пропаганда самите на себе.
Колку сме добри! Нели треба тоа да се случи надвор од границите на државата по прикажувањето на документарецот? Ќе биде многу подобро за Македонија кога зборовите на Груевски, на археологот Паско Кузман или на бабичката од Трпејца (чии реплики силно му конкурираа на Груевски за аплауз) да испровоцираат ракоплескање во Германија, Франција или на некое друго место.
Пологично ќе беше творците на „Името е име“, сите по ред странци, да бидат најпоздравени за она што го создале, како прв чекор кон промовирање на македонската страна од медалот за апсурдноста на спорот за името, без оглед на содржината и на начинот како е направен документарецот. Или можеби на некои не им е битно каде се аплаудира, важно е да се аплаудира, во стилот на „кралот не е гол“.
Aplauz??? .. kojznae kolku bilo seljacki, ko da si na kino u nekoe selo u kazakstan pred 40 godini
Од: tihi
Датум: 30.09.2010 12:55:17
Se sto moze da se zabelezi od ovoj napis , e vasata omraza kon odredrni licnosti .No toa si e sepak samo vas problem.A filmot ili porakata od nego dali vi se dopadnaa .Ili kako i na mnogu Grci ne vi se dopagja.
Од: b
Датум: 30.09.2010 12:56:43
Браво! и за публиката и за Премиерт. Ваква публика Ким Ил Јонг би можел само да сонува!
Од: Едно име имаме
Датум: 30.09.2010 13:38:45
Ајде сега тропнете ја малку главата и размислете зошто Македонците го сакаат Груевски.
Од: Aplauz
Датум: 30.09.2010 13:44:31
Kojznae kolku premierot si aplaudira sam na sebe koga go gleda filmot doma.A kolku se voodusevuva dija sporata de ne zboruvam.Ovoj film ja promovira Makedonija samo kaj Makedoncite.Kade e prikazan nadvor,osven vo klubovi na diasporata?
Од: perica
Датум: 30.09.2010 14:12:11
Mnogo smo jaki, ko Partizan, pa navijacite koga nema so koj drug da se tepaat se tepaat medju sebe pred utakmica.
Da ne spomnuvam deka utakmicatana kraj ja zagubija.
Од: Товарищ Сталин
Датум: 30.09.2010 14:19:31
Ну друзья, они любят меня!
Од: R..
Датум: 30.09.2010 16:47:19
Ovoj aplauz kako i pojadokot na mostot,go prikazuvaat nivoto na kulturata i siromastija,vo sekoj pogled. Na vakvi aplauzi se sekjavaat nasite roditeli i nivnite, od vremeinjata koga tie bea "dobro videni"od partiskite rakovoditeli.Deneska duri ni vo bivsijot SSR, veke ne se aplaudira dokumentarec, makar i da se gordeeme sto nekoj Pasko koj gi "zeznal" Grcite so grobot na Aleksandar. Rekol i ostanal ziv!! A dijasporata; koja kako. No,mnogumina poodamna crvenat na izjavite i na onoj sto redovno otkriva novi vidni licnosti rodeni
(pocinati)vo Mk cii mesta tajno gi cuva za sebe( od Majkata bozja do Lidija i site svetci)pa do nasite vidni licnosti koi ne dovedoa tamu kade sto sme.
Pa sega i vo ON javno ke ni se potsmevaat. A na avtorite na filmot, iskreno trebe da im se zablagodarime, za kurazot, dobrata ideja , trudot i vremeto sto go dale, so zelba da ni pomognat. No nasila, nikoj nemoze da ni pomogne, ako nie samite si odime protiv sebe.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.09.2010 17:48:59
Добро е ,има напредок во коментирањето на филмот.Инаку пред ова имавме цинично,три гимназиалци и една баба,а сега пречи премиерот.Верувам дека што и да било како аплаудирањето или друго, ги нервира оние симулационо-ползечки пропагатори.Некако се премолчува дали таму беа опозиционерите,или сосема очекувано оваа промоција на сопствената земја ја заобиколија.