Број 3395  четврток, 30 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

 

Германија плати за Првата светска војна

 

Девеесет и две години по завршувањето на Првата светска војна Германија ги исплати сите свои воени долгови. По поразот во војната во 1918 година, на Германија и беа наложени тешки репарации од победниците, а освен тоа таа е задолжена кон своите граѓани, кои инвестираа во војната. За да ја покрие својата задолженост, владата во Берлин во 1924 и 1930 година земала неколку кредити, гарантирани главно од американски инвеститори, како ио кредит од шведскиот магнат Ивар Кругер, кој во замена добил соодветен монопол за Германија.

Основиците во овие кредити се исплатени во 1983 година, но во меѓувреме Германија добила грејс период за нивно исплаќање.

По 1983 година обврзниците за овие кредити се сметаат за безвредни и тие преминуваат од раце в раце како историска атракција.

По обединувањето на 3 октомври 1990 година започна 20-годишниот период за исплаќање на кредитите, кој истекува на 3 октомври 2010 година. Согласно договорот со Лондон од 1953 година, кредитите во вкупна вредност од 125 милиони евра требале да бидат исплатени за 20 години.

Оваа недела ќе биде исплатена и последната сума од 75 милиони евра, по што Германците ќе ја остават Првата светска војна зад себе.

Што се однесува до Втората светска војна, Германија ги исплати последните долгови кон Велика Британија, Франција и САД во 1988 година, но поради повоената монетарна реформа земјата треба да врати уште 280 милиони евра, долг кој треба да се исплати до 2034 година. (МИА)

 


#
Статијата е прочитана 1147 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку сме добри!
Лустраторите одлучија
Грчките црвени линии - црвен картон
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Газење по институциите
Како се гради замок со техники од 13 век
Друцас ја нападна Македонија во ОН
Политичари има, лидери нема
Еволуција
Носејќи панталони прекршува закон
Аеродромите се градат, ТАВ уште бара пари
Антимуслимански поход во Европа
Купување алкохол пак до 19 часот
Карикатура
„Мајки“ на Манчевски на Берлинале
Отворен паркот на Фредерик Шопен
Бела ноќ“ утре во Скопје
Стил
Лига Европа
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Свети Наум добива споменик во Охрид
Во Србија веќе нема задолжителна војска






Bulgarian police raid suspected radical Islamists, locals protest
When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid