Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Јанг Веи конечно до златото во повеќебој

Кинезот беше втор на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, а во Атина го освои разочарувачкото седмо место

Пред преполнетите трибини, а и повеќе од 500 навивачи пред салата кои безуспешно се обидуваа да дојдат до влезница, Јанг Веи го освои насловот олимписки победник во гимнастичкиот повеќебој.

Осум години на фрсутрација требаше да поминат за Јанг Веи да стане само вториот Кинез кој успеал да слави во повеќебој на Олимпијадите, по успехот на Ли Ксиаосуанг во Атланта 1996 година. „Ова беше перфектен ден. Најубав во мојот живот“, изјави Веи, кој го заокружи стоотстотниот успех на Кинезите, по освојувањето и на екипното злато.

„Долго чекавме на овој момент. Веи беше фантастичен. Немаше противник, освен самиот себе. Мислам дека може да оди на уште олимписки медали“, посочи тренерот на кинескиот тим Хуанг Јубин.

Инаку, Јанг Веи, 28-годишниот кинески гимнастичар, сребрен на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, зад Алексеј Немов и двоен светски првак во низа од Архус 2006 и минатата година во Штутгарт, ниту во една од шесте справи не доби највисока оценка, но се покажа најконстантен - втор беше на разбој (16.550) и на кругови (16.625), трет на вратило (16.100), петти на коњ со рачки (15.275), седми на партер (15.250), а најслаб 15. на прескок (14.775), меѓутоа тогаш се' беше решено, па Веи веќе ја имаше подготвено победничката парада со кинеското знаме.

Јанг Веи вкупно акумулираше 94.575 оставајќи го зад себе сребрениот Јапонец Кохеи Учимура. Јапонецот (19) ја повтори изведбата на партер од Тианјин со која го оствари најголемиот успех во кариерата освојувајќи го првото место на натпреварите од Светскиот куп и со 15.825 привремено изби на првото место. Меѓутоа, следеше кикс на коњ со рачки (13.275) и на крајот само 161 см. високиот и 53 килограми тежок Јапонец, го собра сребрениот медал во екипното финале и може да биде презадоволен.

Инаку, само 0.050 бода зад второто место заостануваше изненадувачката бронза. Французинот Бено Каранобе (27) собра 91.925 и во однос на Атина од пред четири години, кога го освои 14. место оствари извонреден напредок, а на минатогодишното Светско првенство беше дури 33. Брилјираше на прескок (16.600) и на четвртото место го остави без медал светскиот првак од Мелбурн 2005 година, Јапонецот Хироуки Томита. Ова е прв медал за Французите во повеќебој по 1920 година, кога Олимписките игри се одржаа во Антверпен. Тогаш Марк Торес освои сребро, а Жан Гуно бронза.

За многумина „темниот коњ“, Германецот Фабијан Хамбухен го освои седмото место.

Значи, Кина и тоа сосема заслужено го слави јунакот на шестиот ден на Олимписките игри, Веи Јанг, кој по оваа победа влегува во рангот на Јао Минг, Лиу Ксијанг, за кои допрва претстои оправдување на тешкото бреме.


Статијата е прочитана 59 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Белорускиот и кипарскиот шампион пред историски пласман во ЛШ
Македонија против НБА и европските ѕвезди, сепак, во „Борис Трајковски“
Кинеските спортисти богато наградени за медалите
Кинезите ја бранат одлуката за девојчињата и за химната
Блејк го урна олимпискиот сон на Федерер
Борачот Ара Абрхамјан го фрли медалот!
За Бернар злато на 100 метри слободно
Данските ракометари за 17 секунди од пораз до победа
Зошто трибините во Пекинг се празни?
Чавиќ го победи Фелпс во квалификациите
Британските спортисти спијат двојно повеќе
Ерменија прва според број на медали по жител
Фелпс внесува шест пати повеќе калории од другите
РЕЗУЛТАТИ
Победите и поразите на олимписките борилишта
ОСВОЕНИ МЕДАЛИ
Русевски подобар од Мартиноски во Сомбор