Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Борачот Ара Абрхамјан го фрли медалот!

Швеѓанецот ја симна бронзата од вратот и ја фрли на душекот, лут за судењето во полуфиналето

Шведскиот борач Ара Абрахамјан го фрли својот бронзен медал во грчко-римски стил во знак на протест откако неговиот обид за освојување на олимпиското злато заврши со одлука на судиите, која тренерот на Швеѓаните ја нарече „политика“. Абрахамјан ја симна бронзата од вратот за време на церемонијата на доделувањето на медалите, се симна од пиедесталот, го фрли медалот среде душекот и си замина.

„Не ми е гајле за овој медал! Сакав злато“, изјави тој.

Огорчениот Абрахамјан, вицешампион од Атина 2004, кој имаше огромна амбиција за освојување на најблескавото парче метал во категоријата до 84 кг во Пекинг, објави дека се повлекува од спортот.

„Ова ми беше последниот меч. Сакав да го освојам златото, па оваа Олимпијада ја сметам за неуспех“, додаде тој.

Репрезентативните колеги претходно мораа да го смируваат шведскиот борач по расправијата со судиите за нивната одлука во полза на Италијанецот Андреа Мингуци во полуфиналето. Абрахамјан врескаше по судиите и по службените лица и потоа отиде до нивните седишта за да им каже што има в лице. Тој бесно ја отфрли раката на претставникот на својот тим, кој се обиде да го смири, се заврте и си отиде.

Шведските навивачи со гласни извици негодуваа додека судиите ја напуштаа арената. Нивниот миленик не им изјави ништо на новинарите што го чекаа, но затоа со тупаница силно ја удри алуминиумската ограда на излегување од салата.

Абрахамјан подоцна објасни дека бил уверен оти неговиот пораз од подоцнежниот освојувач на златниот медал Мингуци е „тотално неправеден“. Борачот изјави дека неговите пријатели му се јавиле 20 минути пред борбата за бронзениот медал и го убедувале да се натпреварува.

„Заклучив дека отидов предалеку и не сакав да им попуштам, па решив да се борам“, појасни тој.

Шведскиот селектор Лео Милари изјави: „Сето ова е политика“. Тој не одговори дали ќе вложат и формален протест за одлуката на членовите на судиското жири Жан-Марк Пето од Швајцарија и Ли Роналд Меккеј од Канада и на судијата на душек Гилјермо Орестес Молина од Куба.

Новиот олимписки првак, кој ја бакна кинеската носителка на медалите по примањето на своето злато, изјави дека гестот на Абрахамјан имал за цел да му ја расипе церемонијата на прогласувањето на победниците.

„Секако дека некој секогаш ќе ги проблематизира судиските одлуки, но во спортот е соодветно и пожелно да се покаже џентлменство и да се прифати резултатот“, изјави Мингуци.

Интернационалниот олимписки комитет соопшти дека го истражува случајот заедно со светската боречка федерација ФИЛА, за која Абрахамјан вели дека „не игра фер“.

„Во контакт сме со ФИЛА за да ги утврдиме вистинските факти“, изјави портпаролката на ИОК, Емануела Моро.


Статијата е прочитана 1314 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 15.08.2008 00:48:07
ocigledno deka deckoto e mnogu razgalen...ne moze da podnese poraz.
Од: egeec
Датум: 15.08.2008 02:47:53
za marjan-viena---si ja gledal li borbata vaka razgaleno sto sudis

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Белорускиот и кипарскиот шампион пред историски пласман во ЛШ
Македонија против НБА и европските ѕвезди, сепак, во „Борис Трајковски“
Јанг Веи конечно до златото во повеќебој
Кинеските спортисти богато наградени за медалите
Кинезите ја бранат одлуката за девојчињата и за химната
Блејк го урна олимпискиот сон на Федерер
За Бернар злато на 100 метри слободно
Данските ракометари за 17 секунди од пораз до победа
Зошто трибините во Пекинг се празни?
Чавиќ го победи Фелпс во квалификациите
Британските спортисти спијат двојно повеќе
Ерменија прва според број на медали по жител
Фелпс внесува шест пати повеќе калории од другите
РЕЗУЛТАТИ
Победите и поразите на олимписките борилишта
ОСВОЕНИ МЕДАЛИ
Русевски подобар од Мартиноски во Сомбор