Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Зошто трибините во Пекинг се празни?


Празни трибини на тенискиот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Рајнер Шутлер

Организаторите сметаа дека може да му ја обезбедат на секој спортист возбудата од настап пред полни трибини

ПЕКИНГ - За време на ракометниот натпревар што се одржа во понеделникот и зад двата гола имаше големи делови со празни места. Веднаш до нив беа деловите преполни со фанови облечени во идентични маички, удирајќи со полнети палки и беа предводени во веќе пробаните начини на бодрење. Тој тип на поделба, празнина и желба во иста рамка, откри две предвремени мистерии за овие наводно распродадени Олимписки игри. Со одвивањето на Игрите според предвиденото, учтива ефикасност и неколку логистички препреки, ова за кратко време се покажа како најчувствително прашање со кое се соочува организацискиот комитет: Зошто толку празни места?

Патем, кои се оние униформирани навивачки кои толку одушевено обезбедуваат експлозија на бои и кореографски хаос на натпреварите во стрелаштво и борење, и на повеќето други настани меѓу нив? „Тоа е предизвик за нас“, вели Ванг Веи, извршен потпретседател на организациониот комитет на Игрите за празните места на трибините. „Сега сме во процес да се обидеме тоа да го решиме“. Организаторите сметаа дека може да му ја обезбедат на секој спортист возбудата од настап пред полни трибини, а телевизијата пак со бескрајни снимки од насмеани навивачи. Но, на речиси секој настан има забележителен број на празни седишта. Повеќето од арените се исполнети само три четвртини од капацитетот, а кај некои едвам половина.

Спортските арени каде има пресметки во тенис, бокс, кошарка, хокеј на трева и ракомет беа меѓу оние со забележлив број на празни места. Централниот терен на Зелениот олимписки тениски центар кој има 10.000 места беше три четвртини исполнет за пресметката меѓу Роже Федерер и Дмитриј Турсунов.

Имаше празни места дури и на натпреварите во пливање во „Водената коцка“. „Слушам како луѓе се жалат околу тоа“, вели 23-годишниот Чен, волонтер кој работи надвор од „Водената коцка“. „Со оглед на тоа дека е многу тешко да се дојде до билет, фактот дека некои од најдобрите места остануваат непополнети, навистина ги вознемирува луѓето“.

Официјалните лица понудија можни објаснувања за неочакувано празните трибини. Обилните дождови во неделата и променливото време во понеделникот ги исплашија оние кои имаа билети. Повеќето билети се за повеќе натпревари, па некои фанови може да дојдат на еден натпревар, но да не останат за другиот. Посетеноста на натпреварите традиционално е променлива на Олимписките игри, бележи нагорна линија кога завршуваат квалификациите и почнуваат пресметките за медали. Меѓутоа, Организациониот комитет на Игрите во Пекинг ги посочи како делумни виновници корпоративните спонзори на кои им беа доделени голем број билети во замена за нивна поддршка. „Спонзорите можеби ги дале билетите на нивни пријатели и важни клиенти, а тие можеби не го ценеле доволно тој гест, и не дошле на прелиминарните борби“, вели Ванг. Оние кои помогнаа да се поделат билетите на некои големи спонзори ги негираат таквите проценки. Кејт Брус, претседател на „Спортс марк“, компанија со седиште во Сан Франциско, одговорна за гостопримливоста и пакетите со билетите за неколку големи спонзори, вклучувајќи ги „Виза“, „Кока Кола“, „Хилтон“ и „Адидас“. Тој додаде дека изнајмените автобуси што тој ги ангажирал за настаните биле преполни и дека нема информации за неискористени билети меѓу неговите клиенти.

Во секој случај многу малку може да се направи нешто во врска со празните места на распродадените настани. Нема официјален механизам за тргување со неискористените билети. Дозволено е тие повторно да бидат продадени, но за истата вредност на билетот, иако имаше информации за тоа дека билетите за пливачките натпревари достигнале астрономски суми.

Меѓутоа, Организациониот комитет не е без опции. На ракометниот натпревар меѓу Јужна Кореја и Германија, што се одржа во понеделникот, местата зад еден од головите беа пополнети со околу 40 луѓе кои беа облечени во жолти маички и удираа со наполнети палки, наречени „ла ла банг“ или навивачки палки. На грбот од маичката беше олимписката маскота и „напред“ на мандарински, додека пак предната страна ги издаваше дека станува збор за волонтери. Во првите неколку денови од Олимписките игри групи кинески фанови со соодветни маички и перфектно наменети навивачки палки станаа редовна слика на повеќето од понезначајните пресметки, особено забележителни на натпреварите каде немаше кинески претставници. Тие обезбедуваа експлозија на врева и чувство на неутралност, покажувајќи мала верност за друг освен лицето што ги предводеше во навивањето. Тие беа забележливи главно за пополнување на испразнетите трибини на разни натпревари, чија што главна карактеристика беа мал број фанови и празните седишта. (Интернешенел хералд трибјун)

 


Статијата е прочитана 525 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Белорускиот и кипарскиот шампион пред историски пласман во ЛШ
Македонија против НБА и европските ѕвезди, сепак, во „Борис Трајковски“
Јанг Веи конечно до златото во повеќебој
Кинеските спортисти богато наградени за медалите
Кинезите ја бранат одлуката за девојчињата и за химната
Блејк го урна олимпискиот сон на Федерер
Борачот Ара Абрхамјан го фрли медалот!
За Бернар злато на 100 метри слободно
Данските ракометари за 17 секунди од пораз до победа
Чавиќ го победи Фелпс во квалификациите
Британските спортисти спијат двојно повеќе
Ерменија прва според број на медали по жител
Фелпс внесува шест пати повеќе калории од другите
РЕЗУЛТАТИ
Победите и поразите на олимписките борилишта
ОСВОЕНИ МЕДАЛИ
Русевски подобар од Мартиноски во Сомбор