Фелпс внесува шест пати повеќе калории од другите
Мајкл Фелпс, кој со 11 златни медали е најуспешниот спортист во историјата на Олимписките игри, внесува 12.000 калории на ден, наспроти обичен човек, кому му се потребни 2.000. Појадокот му се состои од три сендвича со пржени јајца, тост, омлет, каша од овесни снегулки, три палачинки и две шолји со кафе. На ручек јаде тестенини, два сендвича со шунка и кашкавал и пие енергетски пијалаци, а на менито завечера повторно се тестенини, потоа пица и повеќе енергетски пијалаци.
Фелпс тренира по шест часа дневно шест дена во неделата, дури и на Божик. Плива по околу 80 километри неделно, има по две масажи на ден и се тушира со многу студена вода за да му помогне на телото да закрепне од напорите. |