Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Кинезите ја бранат одлуката за девојчињата и за химната

Уметничките директори можеле да отфрлат секого за кого сметале дека не му е местото тука

ПЕКИНГ - Кинеските официјални лица застанаа во одбрана на одлуката да го претстават ангелскиот глас на седумгодишното девојче како на друго на церемонијата на отворањето на Олимписките игри, нарекувајќи ја едноставно како работа на избор. Критичарите изјавија дека тоа е чекор предалеку во опсесијата на Кина да организира перфектни Олимписки игри.

Организаторите на Олимписките игри во Пекинг во средата се соочија со жестока критика откако беше обелоденето дека деветгодишното девојче што пееше за време на спектакуларното отворање на Игрите, само отвораше уста, а гласот беше на друго девојче. Јанг Пеиџи (7), со крупни очи и симпатична насмевка, беше сокриена од јавноста поради нејзините заби, но таа го слушна нејзиниот глас за време на церемонијата на отворањето додека ја пееше „Ода за татковината“. Меѓутоа, публиката никогаш не го виде нејзиното лице.

Организаторите ја претставија Лин Миаоке како изведувач на песната, уште едно симпатично девојче, кое беше облечено во светликаво црвено фустанче и ги разнежи срцата на 91.000-та публика на стадионот „Птичјо гнездо“.

Официјални лица на Пекинг во средата застанаа во одбрана на одлуката да се искористат и двете девојчиња, наведувајќи дека уметничките директори можеле да отфрлат од церемонијата секого за кој сметале дека не му е местото тука. И тие не сакаа да се извинат за тоа што овој настан го чуваа во тајност. „Имаше голем број кандидати за изведување на оваа песна и, на крајот, уметничките директори го избраа најдобриот глас и најдобриот изведувач“, изјави Сун Веиде, портпаролот на Организацискиот комитет на Игрите во Пекинг. Ванг Веи, извршен потпретседател на Организацискиот комитет, изјави дека работата на директорите на церемонијата била „да постигнат најтеатрален ефект“. „Не гледам дека сторивме нешто лошо ако сите засегнати се согласија со тоа“, рече тој.

Меѓутоа, светскиот печат го исмеа потегот на насловните страници од Романија до Австралија. „Лажни Игри: дизајнирани да изгледаат добро од секој агол“, беше насловот на лондонски „Тајмс“. „Дејли телеграф“ апелираше до организаторите на Игрите во 2012 година во Лондон „да внесат разум и симетрија како во церемонијата на отворањето така и во самите Игри“. Во Шпанија еден весник ова го нарече „олимписко караоке“. Коментаторот на австралискиот весник „Д ејџ“ го нарече „голема измама во Пекинг с�� синхронизирање на глас“, а веста за инцидентот беше со наслов „Погрешната кинеска политика во однос на децата“. Романскиот дневен весник „7 плус“ на насловната страница објави: „Измама! Произведено во Кина“. Новинарот на „Сан“ од Балтимор јави дека смената на изведувачот веројатно не е прв случај на такво нешто, но „веројатно е најсуров“. „Њујорк магазин“ ги повика луѓето од музичкиот бизнис да потпишат договор со Пеиџи, додавајќи: „Таа има седум години! Таа има криви заби! Таа е симпатична!“.

Кинеското раководство ги смета Олимписките игри како работа на национален престиж, а церемонијата на отворањето на која присуствуваа и голем број лидери, меѓу кои беше и претседателот Буш, имаше за цел да го вчудоневиди светот. „Нашиот претседател можеби отиде таму само за да ги гледа Игрите. Кинеското раководство не беше со такво мислење“, изјави Ендрју Нејтан, шеф на катедрата за политички науки на Универзитетот „Колумбија“. „Тие сакаа да испратат порака... Порака за беспрекорна изведба“. Тој додаде дека информациите за тоа оти висок официјален претставник од највисокото кинеско тело што носи одлуки, Комитетот на политбирото, во последен момент побарал гласот на Мијаоке да биде синхронизиран, што „уште еднаш покажува колкаво е политичко значење на Олимписките игри за Кинезите“.

Тајната за Пеиџји беше откриена во неделата од страна на музичкиот директор на церемонијата, Чен Киганг, во едно радио интервју. Тој изјави дека висок претставник на Политбирото по последната проба со костумите рекол дека гласот на Мијаоке не е доволно добар, а дека Пеиџи не изгледа доволно убаво. Чен, по потекло Французин, за АП изјави дека се почувствувал принуден „да ја каже вистината“. Пеији е „извонредна пејачка“ која „не заслужува да биде криена“, рече тој, одбивајќи дополнително да коментира.

Родителите и на двете девојчиња во средата изјавија дека не сакаат нивните ќерки да разговараат со медиумите и додадоа дека секоја од нив се чувствувала привилегирана што учествува на тој настан. Меѓутоа, голем број Кинези изјавија дека Пеиџи заслужува да биде во центарот на вниманието, а некои дури сугерираа организаторите да најдат место за неа на церемонијата на затворањето на Игрите што ќе се одржи на 24 август. „Ова е многу нефер за девојче кое не било избрано да пее во живо“, вели Куи Фенгси. „Ова девојче има извонреден глас и тие треба да и' го признаат тоа, таа заслужува да биде видена. Таа дефинитивно треба да учествува на церемонијата на затворањето“. Официјалните лица се обидоа да ја избегнат идејата дека Пеиџи не се појавила на отворањето бидејќи било оценето дека не е доволно симпатична, и наместо тоа сугерираа дека на девојчињата им била укажана голема чест.

Гилберт Фели, член на Интернационалниот олимписки комитет, ја поврза одлуката со тренер кој испраќа на клупата еден играч во корист на друг. „Ако вашиот син игра фудбал, и тренерот одненадеж реши дека тој нема да игра, дека ќе остане на клупата, тоа е нормално, таков е спортот, таков е животот“, вели Фели. Меѓутоа, додава: „На луѓето треба да им се даде вистинска информација “.

Ванг Липинг, еден од туторите на Пеиџи, објави фотографија на девојчето на нејзиниот блог бидејќи сакаше светот да го знае вистинското лице што стои зад тој извонреден глас. На една од фотографите се забележува симпатично девојче облечено во бело фустанче и со розева панделка на косата. Таа почнала да ги губи млечните заби, а предните заби само делумно и' биле пораснати и малку искосени. Венг вели дека Пеији била зад сцената за време на церемонијата на отворањето и веднаш го препознала нејзиниот глас кога ја слушнала песната.

Таткото на Мијаоке, Лин Хуи, изјави дека и двете девојчиња се симпатични, но се согласи со тоа дека гласот на Пеиџи бил „малку подобар“ отколку на неговата ќерка. Тој додаде дека и двете девојчиња имале важни улоги, но организаторите требале да стават јасно до знаење кој ја пее песната. „Мораше сите да ги информираат што направиле“, рече тој за АП.


Статијата е прочитана 333 пати.

Испрати коментар

Од: Viktor Soposki,Tetovo
Датум: 15.08.2008 00:46:37
Golema izmama.Se se menuva pa i Kinezite. So nisto ne ke mozat da ja odbranat ovaa sramotija i nepravda nanesena na edna mala sirota dusicka. Gledano od covecki aspekt nema nikakva pricina za ovaa lakrdija,no se plasam deka se pomalku sme lugje.
Од: mirko skopje
Датум: 15.08.2008 06:23:27
Mnogu si smesen Viktore!!!
Од: mene
Датум: 15.08.2008 11:00:55
Lele,lele! Povredeena sueta na edno sedumgodisno devojce.Ovie zlobni amerikanci nemozea da najdat nisto za zamerka pa aj sega ke kritikuvame i za sitnici. Vo svetot se pravat pogolemi losotii od ova, na primer amerikancite ubivaat sedumgodisni deca vo Afganistan,irak..... I kade im e tuka nim sovesta. Ajde bolna americka rabota a nie i svetot ke se potresuvame za nivnite izmislici.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Белорускиот и кипарскиот шампион пред историски пласман во ЛШ
Македонија против НБА и европските ѕвезди, сепак, во „Борис Трајковски“
Јанг Веи конечно до златото во повеќебој
Кинеските спортисти богато наградени за медалите
Блејк го урна олимпискиот сон на Федерер
Борачот Ара Абрхамјан го фрли медалот!
За Бернар злато на 100 метри слободно
Данските ракометари за 17 секунди од пораз до победа
Зошто трибините во Пекинг се празни?
Чавиќ го победи Фелпс во квалификациите
Британските спортисти спијат двојно повеќе
Ерменија прва според број на медали по жител
Фелпс внесува шест пати повеќе калории од другите
РЕЗУЛТАТИ
Победите и поразите на олимписките борилишта
ОСВОЕНИ МЕДАЛИ
Русевски подобар од Мартиноски во Сомбор