Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Блејк го урна олимпискиот сон на Федерер

Сега, останува да се види како сето ова ќе влијае врз него пред Ју - Ес опен, што се игра на крајот од овој месец

Се' уште светскиот рекет број 1 Роже Федерер доживеа шокантна елиминација во Пекинг од Американецот Џејмс Блејк 4:6, 6:7. Со тоа Швајцарецот ги уништи очекувањата на светската тениска јавност дека во Пекинг ќе гледа реприза на епскиот вимблдонски меч против Рафаел Надал, кој во понеделник официјално го презема првото место на АТП листата.

Ретко кој очекуваше ваков епилог на настаните, особено не против Блејк, кој важи за традиционален „американски пациент“ на Федерер. Имено, Американецот во нивните досегашни осум дуели има освоено само еден сет! Но сега беше поинаку. Публиката тотално замолкна, кога Блејк направи брејк во десетиот гем, со што навести големо изненадување, потврдено во тај-брејкот во вториот сет. Блејк, седмиот тенисер на ранг листата, умешно ја искористи слабата игра на Федерер и многуте неизнудени грешки, кои дојдоа како резултат на неговата слаба концентрација.

Инаку, Федерер, кој и во третата своја Олимпијада останува со празни раце, во претходните два меча одигра одлично не губејќи ниту еден сет против Аравел, Турсунов и Бердих. Во тие дуели, особено против Бердих, кој го елиминираше во Атина 2004 уште во второто коло, покажа дека е во добра форма и дека има огромна желба за златниот медал, која беше потврдена со неговата одлука да се пресели од Олимпиското село во хотел во Пекинг, со цел да може подобро да се сконцентрира. Во селото не можеше глава да крене од останатите спортисти, кои постојано сакаа да се фотографираат со него. Но очигледно ниту хотелскиот комфор не ги излечи неговите фрустрации од слабата сезона. Сигурно е дека и заморот го прави своето. Федерер по победата над Бердих се пожали на згуснатата програма, велејќи дека „не ми е јасно зошто ваков турнир не се игра 10 дена, мислам дека се бара премногу од нас“.

Сега, останува да се види како сето ова ќе влијае врз него пред настапот на Ју - Ес опен, кој се игра на крајот од овој месец.


Статијата е прочитана 287 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Белорускиот и кипарскиот шампион пред историски пласман во ЛШ
Македонија против НБА и европските ѕвезди, сепак, во „Борис Трајковски“
Јанг Веи конечно до златото во повеќебој
Кинеските спортисти богато наградени за медалите
Кинезите ја бранат одлуката за девојчињата и за химната
Борачот Ара Абрхамјан го фрли медалот!
За Бернар злато на 100 метри слободно
Данските ракометари за 17 секунди од пораз до победа
Зошто трибините во Пекинг се празни?
Чавиќ го победи Фелпс во квалификациите
Британските спортисти спијат двојно повеќе
Ерменија прва според број на медали по жител
Фелпс внесува шест пати повеќе калории од другите
РЕЗУЛТАТИ
Победите и поразите на олимписките борилишта
ОСВОЕНИ МЕДАЛИ
Русевски подобар од Мартиноски во Сомбор