Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп
Коментари
02.02.2012, 17:11

Поглед

Tајванскa кaнаста

Даниела Трпчевска

Васил Тупурковски и Јован Андонов-Реган не се виновни за тајванските кредити, пресудија највисоките судски инстанци. Велат дека нема доволно докази дека незаконски се делеле огромни суми пари во периодот од 1998 до 2000 година. За македонското судство нема ниту доволно аргументи кои ќе потврдат дали Тупурковски како директор на Агенцијата за обнова и развој навистина проневерил милиони евра и давал кредити од ракав без никакви критериуми.

Четири години по првата пресуда со која раководните лица во Агенцијата за обнова и развој беа осудени на затворски казни, судот на повторениот процес донесе ослободителна пресуда. Со тоа се заокружи повеќегодишниот судски процес и се затвори приказната со тајванската афера. Но, јавноста се уште не доби одговор кој ги зеде тајванските пари и кој ќе го враќа долгот кој грубо се пресметува на околу 2,4 милиони евра.

Тоа што првиот пат двајцата актери беа осудени на три, односно на две години затвор, е само еден неразјаснет аспект во целиот мозаик. Вториот е што, со новата пресуда, Тупурковски и неговиот заменик не мораат да вратат ниту денар од тајванската кредитна линија, која што била поделена на десетина фирми.

Листата на осумте фирми кои се нашле на сисокот за добивање на средствата од тајванската кредитна линија, преку Агенцијата за обнова и развој, пред неколку години беа јавно објавени, со сумите кои што ги добиле за развој на своите бизниси. Денес никој не може со сигурност да каже колку од нив вратиле и дали воопшто вратиле дел од земениот кредит.

Ако е точно дека дадените пари отишле во неповрат, многу е реално да се очекува дека „тајванската дупка“ во македонскиот буџет ќе треба да ја пополниме сите ние, на овој или оној начин.


Статијата е прочитана 866 пати.

Испрати коментар



Конечната пресметка во десницата
Кал врз иконата
Јанша по втор пат премиер



Kadija te tuzi, kadija ti sudi., 03.02.2012 00:34:52
Vase prestana da mu pravi spletki na Grujo i rezultatot e ochigleden. So Buchko neshto slichno. Brat Ljube proba so izvinuvanja, ama izgleda deka ce mora i da obeca deka nema da go povtori deloto, inache nishto. A na Velija seushte ne mu teknuva kade e reshenieto i spasot od kelijata. Ama ce mu tekne, doprva!
Koj ce gi vrati parite?, 03.02.2012 00:58:59
Uste eden sram i cudna odlika na naseto reformirano sudstvo. Dvajcata najodgovorni lica vo Agencijata, koi delele krediti se oslobodeni , poradi nedostatok na dokazi. Pa ni Regan ni Tupurko ne se tolku neiskusni i naivni , pa onaka od rakav da davaat krediti od tajlanskata linija na lica koi nikogas ne gi vratija. I sega se prasuvam koj ce gi vraca tie krediti? Danocnite obvrznici . Cile na ona svoja ubava soparticka i pratenicka od DA od Veles i dodeli kredit od 500.000 DM i kolku znam nisto od toa ne e vrateno.Navistina sramna presuda
Ljubotan Trade Name, 03.02.2012 06:29:34
I sega vi e cudno, zosto sekogas igram majtap na rasun na Drzavavcevo!!
posmatrac, 03.02.2012 07:00:21
Covek prosto da ostane bez tekst. Vo Makedonija site se nevini, selektivno progonuvani ili politicki maltretirani. nevini se site, kako francuski sobarici.
zrak, 03.02.2012 08:54:07
pa ovie ne se padnicka klasa pa sudot da najde dokazi.cile-kompani vleze vo krugot na NEDOPIRLIVITE kompanii.
Трпе, 03.02.2012 11:13:58
Парите ги лапна проститутките на ДПМНЕ,ДА и ДПА.Имаше и поситни проститутки кои си купија само станови или отворија мали бизниси а не вратија ниту денар.Парите не им беа дадени како позајмица туку како поклон од Дедо Мраз.Па зошто и Васил да не си ги омрси брковите.
pile, 03.02.2012 12:10:28
Do site komentatori anti Cile i Regan raspolozjeni. Vo tek e aplikacija za podiganje na krediti preku odreden broj na banki, a Vladata na R.Makedonnija ke vrsi subvencioniranje za odreden preiod.Aplikacijata se dostavuva do bankite so odredeno izvestuvanje do Vladata, koj e odgovoren ako baratelot ne go vraka kreditot a bankata nema obezbedeno hipoteka ili slicno,Vladata na RM ili bankata.ALOOO, nemora da ste pravnici imajte malku logika,AOR davala soglasnost deka kreditot e namenet za kompanii koi se znacajni da se restartiraat so odluka na togasnata Vlada, bankite se tie koi dogovori sklucuvaat,mozjebi zemale pod hipoteka zemjodelsko zemjiste po cena od 1 DM za 1 m2,a posle go presmetuvale po cena kako 30 DM za 1m2.Ili sega drzjete go lopovot.
Ајван Доктор®, 03.02.2012 16:57:48
Така некако функционираат кражбите на државно ниво!Од ветувања за 2 милијарди долари,преку разни Сведмилкови,до „Скопје 2014“!Парите испаруваат на штета на севкупната економска благосостојба,од заедничка сметка,но во приватни џебови!Најсмешно е што ќе почнат да нè убедуваат дека сите сме виновни!Нив им прелева од џебовите,а обичните „потпросечни“граѓани кои никогаш не зеле некаков кредит (а не пак ситнеж од 120 илјади евра)треба да им ги враќаат преку разноразни давачки!Шетаат со наши пари низ светот,праќаат разни промотори,плаќајќи ги прескапо нивните уживања во странство,за да Гwујокио повторно тргне во поход на Германија,Јапонија,Турција,повторно трошејќи брдо пари за непродуктивни економски „странски инвестиции“!Само стапот му е мајката!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Слаби снежни врнежи

Понеделник
Снег
Макс: -4°C, Мин: -9°C

Вторник
Снег
Макс: -3°C, Мин: -10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп |