02.02.2012, 18:39 Си велам
Кал врз иконата
Ерол Ризаов
Колку и да го бришат, ќе си го добие местото кое му припаѓа во историјата
Љупчо Георгиевски, творецот и иконата на ВМРО-ДПМНЕ, деновиве повторно е опсипан и избербатен со кал. Прогласен е за предавник, бранковист и комунист. И вториот атентат врз првиот претседател на партијата го извршија неговите најблиски соработници. Пукаше извесен Додовски, убеден дека ликвидира непријател на Македонија. Историјата на ВМРО се повторува и во 21 век со сите историски предзнаци од крајот на 19 век и првата половина на 20 век. Синдромот на предавства не ја напушта единствената легална револуционерна политичка партија во Европа. Разликата е во тоа што убиствата не се вршат со пиштол и кама по софиските улици и по европските градови, туку со зборови пред камери во главниот град на независна Република Македонија. Има уште една голема разлика, нарачателите не се од царските дворови во Софија и во Белград, туку од седиштето на партијата чиј основач е Љупчо Георгиевски.
Речиси сите убијци на македонските дејци и револуционери биле индоктринирани дека ликвидираат предавници. Овие тажни и несреќни фигури од македонската историја биле сигурни дека направиле херојски и патриотски чин кога пукале врз заслужни луѓе за македонската кауза. Судбината на Љупчо Георгиевски како современ македонски политичар кој прв во својата политичка платформа и програма ја става определбата за независна и самостојна Македонија спроти распадот на Југославија по многу нешта е исклучително интересна и возбудлива, полна со контроверзии и грешки и по сопствено признание. Од млад и гневен поет на крилата на национализмот за кратко време стана премиер на Македонија. Историските околности и неговата харизматичност го направија икона на ВМРО-ДПМНЕ. Овој задоцнет македонски романтичарски националист од крајот на минатиот и почетокот на овој век ги маѓепса Македонците со четирите историски букви кои го означуваат вековниот стремеж за сопствена држава и суштината на македонското битие. Токму таа историска оставина длабоко впиена во гените на младиот литерат не му дадоа да ја прифати прагматичноста и растегливоста на политиката.
По првите освоени парламентарни избори во независна Македонија и по многу нешта најдемократски досега, не можеше поради своите предрасуди, а уште повеќе поради својата месијанска заблуда да направи коалиција со албанските партии и да стане прв премиер на независна Република Македонија. Неодамна во нашиот весник ќе признае дека бил наивен и дека тоа е историска грешка. Би додал - која ги влече корените токму од доктрината на ВМРО. Србофобијата и особено бугарофилството, сосема непотребни во новото време по прогласување на независноста, го оддалечија од реалноста, а особено од политичкиот прагматизам кој ако не се применува на Балканот, е рамно на политичко самоубиство. Неговиот судир како премиер со меѓународната заедница, на маргините на воената криза во 2001 година, се' уште остана загатка која го исфрли од политиката, повторно како жртва на историското наследство и предрасуди. Неколку сомнителни трансакции во делот на приватизацијата, особено околу продажбата на стратегиски значајната Рафинерија, единствена под Сава и Дунав до Солун, ќе го сместат во корумпирани политичари, особено по неговата изјава: „Богат сум колку секој втор македонски бизнисмен“. По сето ова, неговото враќање во политиката по подолга пауза ��о новоформирана партија и неочекуваниот пораз на последните избори не го направија безопасен и маргинализиран политичар кој нема нова понуда на политичкиот пазар. Напротив, Георгиевски стана опасен конкурент, што кај нас е непростливо.
Судбината се поигра со Георгиевски и со тоа што својата најголема зрелост не ја достигна кога беше на врвот, туку тоа му се случи како прилично осамен политичар, кој своите најдобри опсервации на македонската политика ги даде кога беше далеку од главната трибина. Истовремено најголемите удари не ги доби на рингот од своите политички противници, туку од своите наследници и партиски следбеници кои се крстеа пред неговата икона. Му ја избришаа биографијата и му го поништија основачкиот акт на партијата. Го отфрлија како недостоен и го прогласија за предавник на Бранко Црвенковски со кого ја водеше главната идеолошка борба за освојување на власта. Во тие веќе епски битки двајцата политичари ги издигнаа своите партии како главни носители на бипартиската држава. Човекот што почна да ја гради македонската десница мизерно е отфрлен од своите следбеници. Типична вмровска приказна.
Моите професионални и лични релации со Љупчо Георгиевски се поврзани со неговите почетоци на македонската плурална политичка сцена и спаѓаат во доменот на неговиот катастрофален однос кон новинарството и новинарите. Никогаш не ја научи првата лекција кога се влегува во политиката: бакнувај рака на постара дама и не карај се со новинари. За волја на вистината, таа лекција не ја научи ниту еден македонски политичар, освен Киро Глигоров кој си ја знаеше отпорано. Љупчо Георгиевски влезе во медиумскиот простор на голема врата кога ги нарече новинарите копрофази. Таа војна траеше долго, понекогаш запиперена со негови недолични и противзаконски изјави на основа на верска и национална јавна дискредитација: еден Турчин и еден Влав не можат да ми кажуваат што да правам.... првите смртни пресуди што ни ги изрекоа вмровските силеџии и уличари од Охрид му донесоа ореол на вистински радикален вмровец што му годеше на почетокот, но потоа долги години не можеше да се ослободи од тој охридски џган. Денес со мирна совест можам да изјавам дека во споредба со денешните состојби во новинарството и медиумските слободи, Љупчо Георгиевски беше демократ секогаш подготвен на дијалог и јавно соочување. Без оглед на се', гледано од денешна историска дистанција, Љупчо Георгиевски, кога-тогаш, ќе си го добие местото кое му припаѓа во историјата.
Неговата најголема грешка е кога по кичевскиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, откако констатира дека се остварени стремежите на партијата за независна држава, не тргна решително да направи современа демократска и европски ориентирана десница.
Следбениците ги создаваат своите претходници. Следбениците на Љупчо Георгиевски го избришаа својот претходник, како што тој ги избриша своите, како што Македонија брише свои претходници и вредности. На Балканот секогаш историјата почнува од нас. Затоа личиме на дрво без корен кога ни е малку сопствената историја достојна за гордост и почит, па комплексирано посегаме по туѓа од пред Христа.
Дали Љупчо Георгиевски ќе воскресне - не знам. Тешко е да се поверува дека ќе се случи тоа набргу. А потоа... ќе кажуваат оние што ќе видат. |
|
Статијата е прочитана 2909 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Partizan, 03.02.2012 00:01:00 | Ne go pochituvaat i priznavaat tvorecot i ideologot na DPMNE, a jas se nadevav deka ce gi pochituvaat tvorcite na drzavata na chie chelo se (po nivno-komunjarite). Kakva zabluda! Ne znam chovek shto da kaze, ama opasno e koga okolu sebe imash ne chesni i ne blagodarni ludje, a epten opasno e koga takvite se na vlast. Gospod neka ni e na pomosh, i nam i na Georgievski. Ne daj se vojvodo! Istorijata zasigurno ce go zabelezi tvoeto ime,na naslednikot mnogu teshko, pa makar izgradil i ,,Skopje 2041,,. |
| amaterizam vo politikata, 03.02.2012 00:48:33 | Se slozuvam so Vasiot politicki zivotopis na Ljubco, no bi dodal deka osnovno i najvazno od se bese toa sto toj vo politickata borba se vodese iskljucivo so eden arhaicen nacional patriotizam od 19 i pocetokot na 20 vek, koj bese nesootveten za segasnive momenti i istiot povremeno preodjase i vo nacional sovinizam. Bese bez nikakvo politicko iskustvo a isto taka vo svojot tim ne vklopi licnost so takvo iskustvo i so politicki pragmatizam . Ednostavno lebdese vo euforijata na nacional patriotizmot i skandiranjeto na egzaltiranite masi , a politikata e nesto mnogu povece od toa i bara iskustvo znaenje i pragma. Na kraj so nekoi svoi koruptivni zdelki, sudar so zapadnite diplomati za vreme na konfliktot i izrazenoto bugarofilstvo sosema politicki se dozakopa. Cisto se somnevam deka voopsto povece ce ozivee kako znacajna politicka figura vo Mk. |
| Mapkoc, 03.02.2012 01:18:35 | „Eден Турчин и еден Влав не можат да ми кажуваат што да правам“. Значи ниту вака груба, шовинистичка навреда, не му пречела на г. Ризаов така добро да го осветли „ликот и делото„ и контроверзноста на г. Љупчо Геориевски.Тоа можат да го сторат зрели и етични новинари, способни да го потиснат личното искуство. Памтам: иako сосема млад за политички натпревар, и г. Георгиевски демонстрираше завидна зрелост - при ТВ дуелот со г. Б. Црвенковски, кој убедливо го доби, а потоа и власта. За жал, се покажа дека тоа била „аномалија„: неговото владеење често го „красеше„ неукост и други нешта карактеристични за м��ади политичари, недораснати за моќта која им ја доделила историјата. Токму тоа го следиме кај „наследникот„ на г. Георгиевски, со страв дека последиците од владеењето на г. Груевски ќе бидат неспоредливо полоши. |
| pameten, 03.02.2012 03:28:41 | Ljubcho beshe genialec. Prv sfati deka Jugoslavija e minato, deka Srbija (dobra ili losha) nikogash povekje nema da bide faktor vo opredelbata na idninata na Makedonija, deka so Albancite odnos mnozinstvo-malcinstvo e nemozhen i mora da se najde ramnopraven modus vivendi, deka so Grcite mora da se zhivee vo dobrososedstvo, jasno prifakjajki helenistichkiot karakter na antichka Makedonija i deka so Bugarija, kade barem tretina od naselenieto e so koreni od Makedonija mozhe i mora da se izgradi strateshko partnerstvo, prifakjajki istorijata takva kakva shto bila (ne takva kakva shto se uchela vo SFRJ). No sekoj genialec e kontroverzen. Ljubcho ne e svetec i nema potreba od ikona. |
| Коментатор, 03.02.2012 03:41:10 | Да, лидерите на партиите ги отфрлаат и сменуваат и во западниот демократски свет.Да, тоа е принципот на носење нови и свежи политички сили и програми во светот кој економски и политички брзо се менува.Не постои веќе „врмовска или комунистичка„ матрица на незаменливи и родени за власт, каде нели БЦ и ЉГ се „икони„Во што е разликата?Која ти не ни ја кажуваш овде?Во тоа што во тој запад кој нели го фалиме и каде се стремиме отфрлените политичари си седат мадро и си пишат мемоари.Нека ги следат примерите на Тачер и Кол.И таму и се движиме.Или нека учат од примерот на Глигоров ако ги мрзи да одат подалеку.Бесцелни се вашите обиди за реанимација на политичките мртовци ЉГ и БЦ.Кога БЦ како и ЉГ ке биде вон меинстрим политичката сцена и СДСМ ќе се трансформира во „современа демократска и европски ориентирана левица„ ќе можеме да прогласиме: Крај на Транзицијата во Македонија! И ќе имаме современ и кредибилиен политички избор а ќе гласаме врз основа на кој остварува подобар економски развој. |
| Ljubotan Trade Name, 03.02.2012 04:32:52 | Se Bara Makedonski Cistunec !Pa zarem nekogas imalo;Cist Makedonec Politicar-Cista Makedonska Krv?Neka digne prv Kamen.Jas gore dolu, im gi Izugariv razgoletiv biografiite na site Sovremeni Politicki Krlezi-Poltroni od 1912-2012-Sto g.Ako nebil kakoTakomu,ama se stori kako Dedomu,nekogas se preskoka i kako do Prededoto!Kazite bre ovoj e so Cukundedovsko Makedonec?Se,e tuka Izmelezeno Kako DE Santo Seme.Istorijata nee pisuvanje na morska pucina,nit je krvta za prskane na piperki!Se e tuka Izmesano i Pomesano,Zakrvareno i
Iskrvareno,Zapaleno Nedoizgoreno,Zameseno Ne Domeseno,Pobugarceno Ne Dobugarceno,Posrbeno NeDosrbeno, PoTitovcevo NeTitovcevo,Pomakedonceno Ne Domakedoceno,PoslavjaniranoNe Doslavjanirano,Poanticko Nedoanticko.Pa zarem ne ste ja slusnale pesmata;Spremte se spremte [Cetnice na Komitite}silna ce bitka da bude! Pomegju Niv,a site bea od Makedonija,I Dame I Micko iJovan,Ee,se dodeka ne se napise prava istorija ,se do togas begajki od Vistinata ce staneme Anticki,na Kogo? |
| B. Betinski, 03.02.2012 08:07:41 | Ne sum siguren deka segasnata „zrelost“ na poiticarot koj go portretirate go zbrisala nekogasniot deficit od iskustvo i kompetenten uvid vo oblasti bez koi ne se pravi - politika! Imeno, pred nekoe vreme, vo kolumna vo Fokus, segasniot „zrel“ Georgievki napisa, bez oko da mu trepne, deka Makedoncite ednas go smeniele svojot identitet, po kojznae koj pat povikuvajki se na svojata „teorija“ deka nivnite „koreni“ se bugarski, vo soglasnost so sluzbenata politika na nasiot istocen sosed deka RM e koministicka tvorba koja treba da se rasturi kako i sistemot koj si zamina vo istorijata. Covekot zaborava, megjutoa, deka nikoj drug tuku ugledniot A. T.-Balan, vo spor so Misirkov kon pocetokot na 20-ti vek, tvrdese: imalo Bugari koi miluvale da bidat Grci (narod od „prestiz“) sto ke rece deka nacionalniot identitet e rabota na konstrukcija, cii majstori se tradicijata (istorija) i jazikot. Ako vo toa se uste e tenok, kako li ke se snajde vo poslozeni raboti bez koi nema politika? |
| Nikola, 03.02.2012 08:23:33 | Ne mozam da si se iznacudam i da prestanam da se zgrozuvam vo kakvo opstestvo se transformirame! Stanuvaat zvezdi ludje kako Dodovski, kako Casule, kako egejkata Jana i slicni, lugje licemeri, ludje koi mozat denes edno da kazat, a drugo utre bez da trepnat, lugje dodvoruvaci, bezrbetnici.. Vo takvi uslovi, ne moze da se izdvoi dovolna kriticna masa na odgovorni i so kredibilitet ludje. |
| zrak, 03.02.2012 08:33:21 | ajde edni ja frlija ikonata erol ja zede vo negova zastita,sega erol ke se krsti a do cera plukase,e pusti interesi sto ne pravat od politicarite.a lubce ke voskresne samo prvo treba fizicki da zamine. |
| Stipjanec, 03.02.2012 08:34:15 | Ne znam Erole zosto tvojata Kolumna e protkaena so nostalgija okolu slucuvanjata so Ljupco Georgievski. Se soglasuvam deka bese harizmaticna licnost, pa VOJVODA, pa uspea da gi sobere vo toa vreme najgolemite bitangi vo svoite redovi so negovata retorika-smrt na Siptarite i Solun e nas! No zaboravas deka toj se proglasi za Blgarin, pa Blgarski ambasador vo Makedonija, podelba na Makedonija, progon na Srbite, sakase da predizvika incident so JNA, priznava i samiot deka e eden od najbogatite ARAMII, ama nikoj nisto ne mu moze. Nitu Branko, dodeka bese na vlast, nitu pak sega Grujo. Da ne zaboravime deka i toj bese glavniot mentor na Cile za Tajvanskata avantura. I zosto sega tolku zalokojki za edna vakva figura, iako vo posledno vreme se prikazuva kako sovremen i sozrean politicar. I toa e eden od negovite trikovi, za da moze da se vrati vo Politikata, kade seuste ima pari za KRADENJE! |
| pdk, 03.02.2012 08:47:02 | Почитуван Ризаов, зошто толку време трошите за една излитена личност која не и припаѓа на македонската нација. Никогаш небил права икона, вистинската икона, вистинска икона е Драган Богдановски кој ја формира ВМРО-ДПМНЕ и кој прв го “прочита“ Љ.Г. и кога рече: “ Ова детиште ми е сомнително“. За вас и за СДСМ е добар и ви одговара јасно ни е, земете го и имајте го. Такви како него во СДСМ има многу.
Поздрав |
| ФЕЛИКС, 03.02.2012 09:58:08 | Сите се сеќаваме како тоа се опсервираше ,,иконата,, 2001год.како единствен виновник за изгубената војна плус згрозеноста од изјавата да ,,меѓународниот фактор е виновен за војната,,.Па за згрозеноста од изборниот настап на Љ.Бошковски а со знаење на ,,иконата,,да се поништат изборите 2002год и малтретирањето невидено на председателката на РИК во парламентот,па мораа странските амбасадори да ја чуваат.Па згрозеноста од обидот за пуч врз председателот Трајковски и јавното оградување 2001год, од председателот на ,,иконата ,,Па да не ја споменеме Окта,па бугарштината и др. испади на ,,иконата,,Но сега се креира нов сожалувачки фотос во бои за разлика од предходниот темно црн,оти е противник на актуелната власт а нереализиран партнер на опозицискиот лидер. |
| Tane, 03.02.2012 10:43:04 | Kolumnata e sodzajna, no Dodevski ne pukal kaj Ljubco poradi ideoloski pricini, ni poradi biznis. Oti zosto tolku cekase toj so takvata ideologija ili biznis? Tuku toj Dodevski se dogovoril so Grujo za licni interesi. I tuka rabotata e jasna. Nema istorija ni filozofija. Ljubco e najrealen politicar momentalno vo Makedonija. |
| P.Petar, 03.02.2012 11:10:52 | Dobro bre gospodine ili drugar Erole a sto pravime so negovata Bugarska orientacija?Sto pravime so negovite nihilisticki stavovi sprema drugite nasi sosedi?Dali mislite deka makedonskiot narod ispil sredstvo za spienje pa zaboravil na minatoto?Nitu e nekakov ideolog nitu tvorec na VMRO bidejki tvorcite na taa poluteroristicka organizacija se odamna pokojni!Zalosno e da forsirate vakva slavopojka za licnosti koi se sfercuvale i se importirani na politickata scena vo JUZEN BALKAN! |
| konsternirani, 03.02.2012 11:22:23 | G-ne Rizaov kapa vi simnuvam za tekstot, seopfatna i objektivna analiza, napishana od makedonskiot novinarski bard. Samo da dodadam deka ushte koga go uapsija i osudija Ljube Boshkovski (ne sum negov podrzhuvach) prvata misla mi beshe deka srekja za nego shto ova mu se sluchi sega, vo 21 vek. Da mu se slucheshe otflanjeto pred 100 godini, nemashe da mu se sudi, tuku ke beshe likvidiran! Partijata VMRO si go zadrzha suroviot kod
|
| sime, 03.02.2012 12:17:13 | Ke se posluzam so edna tugja mislaistorijata gi pamti pravite vrednosti,a prevarantite brgu gi zaborava. |
| Vlatko, 03.02.2012 12:31:18 | Za pokojnikot se najdobro. |
| bitola troa skolovan, 03.02.2012 12:39:44 | Gospodine Rizaov treba da napravite edna analiza kolku zijan im se napravi na makedonskata intelektualna elita od 19 i 20 vek iskljucivo niz VMRO niz koj deluvaa site mozni stranski sluzbi vo funkcija na likvidacija na taa skromna makedonska intelektualna elita za da svatime deka sosema istoto ni se slucuva i sega.Celta i metodite ne se promeneti.Da se razbie makedonskoto nacionalno jadro i raznebiti drzavata.Toa go pravat sega ovie povtorno. |
| citatel, 03.02.2012 13:32:00 | Заслепени вмровци кои му се поклонуваа до земја на Георгиевски сега го напаѓаат Ерол оти пишува за тие што ја бришат историјата на својата партија, оти ја пишува човечката мизерија на ДПМНЕ. Јас не видов нигде дека авторот го фали Љубчо. Напротив. И бугарофилството и србофобијата и национализмот и корумпираноста и грешките на Љубчо се маестрално изнесени без навреда на политичар на заминување. |
| uzalen, 03.02.2012 16:10:24 | Malku podolg, no dostoen epitaf. Neka si gi trosi parite vo mir i neka stoi podaleku od Makedonija |
| do pameten, 03.02.2012 16:47:33 | Kakva helenisticka?Anticka Makedonija ne bila nekakava helenisticka,a treba istocniot sosed da ja prifati istorijata takva kakva sto e.Taa e deka sekogas istocniot sosed bil neprijatel na Makedonija i Makedoncite i rabotel na nivna steta.Na novinarot dali mu smeta simpatijata na Ljubco kon istocniot sosed? |
| Ајван Доктор®, 03.02.2012 17:26:04 | ЉуБчо Георгиевски е жив доказ (не помалку од неписмениот Амди Кока Коловски)дека најисплатливата професија во Македонија е политиката!Од партали (црни униформи со риги:) со кои влезе како и повеќето негови сопартијци во првото мултипартиско собрание до неверојатни стотици милиони евра,за само 4 години владеење!Експресен подем невообичаен за нормалните демократии каде богатството се стекнува со децении!За денешниов,кој стана пастир (за некои овци),веројатно ќе разбереме по неговото паѓање кое е неминовно,ако сакаме земјата да се тргне од каллта во која секојдневно и сè подлабоко пропаѓа!Тогаш маѓепсаните,подоцна го воспеваа брат Љубе,кој излезе дека е сестра!Нормално е сега да се заслепени од нова икона која ја воспеваат до небесата,како да е Дева Марија!Веднаш,по паѓањето ќе почнат и неа да ја плукаат осознавајќи дека девицата била само бедна уличарка која имала безброј муштерии и купишта „со-мака-стекнати“богатства! |
| Vesso, 03.02.2012 18:33:32 | Kolku zalopojki za Ljubco.Vistina e toj povede mnogu patrioti so negovite povici za Makedonija i Makedoncite.No vo dva broja na Puls 1955 gi predizvika site uceni,da mu pokazat i eden dokaz deka pred Tito i Kominternata imalo Makedonci!!!Pred toa sme bile bugari!!!I toa trae do denes.Toj e ocigledno grcki platenik i duva vo ista tikva so drugite plateni za promena na naseto ime.Inace sto bi go povrzuvalo nego eden kraen desnicar(bozem),so levicar(bozem) kako Ljubco.I nemojte da mislite deka Ljubco ne znae deka denesnive lazni bugari nemaat ama nisto so bugarite i deka se vsusnost traklijci.Od koga se prodade?koj znae. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -8°C
Слаби снежни врнежи
|
Понеделник
Локални врнежи од снег
Макс: -4°C, Мин: -8°C
|
Вторник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|