Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп
Коментари
02.02.2012, 18:42

Едиторијал

Конечната пресметка во десницата

Љупчо Поповски

Тоа беше момент достоен на Френсис Форд Копола и неговиот „Кум“. Оној што е најблизок треба да го изврши предавството, а ликвидацијата (во овој случај политичка) треба да се случи кога кумот е надвор од земјата. Во 2004 година Никола Груевски, новопечениот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, зборуваше дека Љупчо Георгиевски му забил нож в грб. Сега дојде време за одмазда. Таа треба да биде брутална и неочекувана.

Само оние што се наивни можат да поверуваат во зборовите на Марјан Додовски кога објавуваше дека со неговото заминување во ДПМНЕ се гасне Народна и кога го употреби најмилото толкување за вмровските срца – Љупчо Георгиевски сакал да коалицира со Бранко Црвенковски.

Најмалку Додовски веруваше во она што го зборува – тој само пред шест месеци, пред изборите, му намигнуваше со двете очи на лидерот на СДСМ, надевајќи се дека со тоа ќе може да се извлече од опскурноста на својата позиција. Можеби навистина така мислел тогаш, но поразите ги менуваат и приоритетите, и зборовите, и плановите. Додовски, кого Георгиевски го направи министер за екологија, не е првиот човек што си замина од Народна. Во таа редица луѓе кои прво му се колнеа на војводата, а потоа преку ноќ се сместија во кумската прегратка на Никола Груевски се и сегашниот министер Спиро Ристевски, и Валентина Божиновска, и Жарко Караџоски, и Весна Јаневска, и портпаролот Александар Ѓеорѓиев... Ги има на стотици.

Идеологијата беше последната мисла на бегалците од стадото. Тие сфатија дека е време да се заработат функции, а и пари. Тоа Георгиевски ни во сон не може да им го овозможи, па на гордоста и на чесноста може да им се сврти грбот. Прегратката на Груевски е доволно широка, па дури и топла.

Во овој вмровски круг со креда копјето на Марјан Додовски треба да го зададе конечниот удар во последната пресметка. Љупчо Георгиевски реално има маргинална моќ во земјава, речиси никаква, но неговите остри зборови за „вмровски режим“ ја параат идиличната таписерија на големите моќници од власта. Неговите изјави, критиките за „Скопје 2014“, за немоќта и незнаењето на владејачките елити да го најдат патот за ЕУ и НАТО, ги болеа најмногу оние што го наследија во ВМРО-ДПМНЕ. Секоја изјава на Георгиевски во медиумите добиваше приоритет пред оние на Груевски. Затоа, Георгиевски, едноставно, требаше да се елиминира. И тоа елиминирање треба да биде спектакуларно – да биде направено од најблискиот човек во неговото партиско семејство. Марјан Додовски прифати да биде тој „политички атентатор“.

Љупчо Георгиевски има мали шанси да се опорави од овој удар, иако досега се покажа дека има девет политички животи. За да се спаси да не падне од работ во политичкиот амбис ќе му треба извонредна умешност затоа што треба да се бори со противниците во својот политички камп – не е тоа политичката левица со којашто се надмудруваше. Овој противник за него е поопасен, па дури и поинтелигентен, затоа што ги знае сите негови слаби точки. Проектот на Груевски е да ги стави под своја капа сите оние што мислат дека се дел од десничарскиот спектар за да не се изгуби ниту еден глас бадијала. Со остварувањето на тој проект победата на неколкуте наредни избори би била речиси загарантирана.

Крајната консеквенција на она што се случува во Народна е дека личниот интерес во политиката е заверен со печат. Чекаме да видиме на кое место во владините ешалони ќе се смести просечниот граѓанин Марјан Додовски. А во општеството е завршено трасирањето на патот кој ќе го определи како двопартиски систем, па дури и во еднопартиски монопол. Трет пат не смее да има.


Статијата е прочитана 2064 пати.

Испрати коментар



Кал врз иконата
Јанша по втор пат премиер
Tајванскa кaнаста



Itar Pejo, 03.02.2012 00:06:54
Sovet do Ljubco: ako nekoj te pokani na rucek vo Vodenica, nemoj da odis! A ako ja vidis Najdovska vo maaloto grabni si gi dokumentite i vrednosni raboti kolku sto mozes da poneses i begaj od doma!
Predavnik, 03.02.2012 00:24:17
E toa e VMRO. Dodovski e tipichen istoriski vmro-vski proizvod t.e. niven vojvoda i patriot. E ako e toj patriot, togaj jas sum navistina predavnik. Ama sushtinata na tie dva zbora od 2006 g. e izmestena za 180 stepeni, pa sum ponosen shto sum predavnik, a ne patriot kako Dodovski. Da, gospodine Popovski, za parite se raboti, a ne patriotizmot i ideologijata, ama takvite kaj nas ne gi vikaat patrioti, nego prostitutki. Kako i da e, ni Koljo ne mu e dorasnal na tvorecot i ideologot na DPMNE, a kamoli ovoj anonimus. Istorijata ce go potvrdi toa.
Ljubotan Trade Name, 03.02.2012 06:19:13
Jas ne sum ni gore ni dole,ama Moram da Priznam; Ljupco e Raven na Srpskiot Seselj, Zosto Revolucijata e kusa,i prvo ke gi goltne najdobrite sinovi, Istorijata e dolga, pak Temel poloznicite ke se Vratat. Stariot sistem vo Srbija ne Go Urna Vuk draskovic Insider na KPJ so Kozaracko Kolo !968 vo Bg, Tuku Seselj i Gjogo na Robija! A, potem;Jevtic, Radovic,Markov ,Danko, Nogo,Danojlic i siaset Drugi! A vo Makedonskiot Pejsaz Ljupco e bez Konkurencija Na Prvo Mesto,!
zrak, 03.02.2012 08:42:54
istorijata nikogas nisto ne dokazala,tuku koj koja strana ke prifati,primer tito,kiro,pa denes golem broj i hitler go slavaat ako cela istorija e protiv nego,srbite i bugarite velat deka e osloboduvale makedonija,kako predavnik sto misli deka lubco e golem idealog,a jas pa ne mozam da najdam nitu eden patriot politicar za RM.
Дејан, 03.02.2012 09:54:57
Во никој случај не е поразен за Љубчо Георгиевски и ВМРО. Со ваквите удбашки чекори србоманите од ДПМНЕ покажаа дека се најдолното комуњарско четничко здружение во Македонија. Јас гласав за ВМРО-Народна токму заради Љубчо, а не за Mарјан Додовски. Ме боли мене каде заминал Додовски. Гласав за ДПМНЕ кога беше Љубчо таму, гласав за ВМРО-Народна оти е Љубчо таму. Ќе гласам и за ДУИ ако Љубчо замине во ДУИ. Треба да разберете дека Љубчо е икона.
B. Betinski, 03.02.2012 10:19:37
Se znae deka, na kongres, Lj. G. go ustolici Gruevski na steta na M. Gjorcev. Potoa stana pocesen koj, po izvesno vreme, mu napravi puc na ustoliceniot. Nrsto slicno bese i so Dodovski kaj kogo Lj. G. bese pocesen. Toa sto go pravese Lj. G., sega go pravi Grujo koj prvin apsorbira, a potoa ustolicuva na poniski funkcii. Ama, vo prirodata na covekot e da veruva deka po svoi zaslugi stanuva nesto i zatoa demne potajna moznost da se „oslobodi“ od svojot duhoven i politicki tvorec. Znaci, nisto novo pod kapata nebeska. Toa sto mu se slucuva sega na Lj. G. go ceka, kako neizbezna idnina, segasniot N. G. od negovite duhovni i politicki kreacii.
ljubov, 03.02.2012 10:33:26
Kolku ljubov i priznanie za istoriskata uloga na Ljubco Georgievski. Duri i Itar Pejo prijatelski soveti na vmrovec mu dava. SDSMi i bugarofili ke stanat samo da go turnat Grujo.
Bato, 03.02.2012 10:50:22
Ova analiza e po ozdrzljiva ,za razlika od taa na Rizaov koj se posvetuva na ideologijata. Koj dens te prasuva za ideologija be cove. Glavnata ideologija sega se golata vlasta i parite. Koja e ideologijata na Branko sto ne zaminuva a nikoj ne go podrzuva?????????
Ајван Доктор®, 03.02.2012 16:38:50
Ренегатсвото и предавствата воопшто не се новост во ВМРО!Од почетокот,па до денес,многумина се преобратиле,често вртејќи се од едни кон други!Првиот преобратеник кој од српски четник,преоѓа во ВМРО(историски факт е дека е создадена од бугарските воено-разузнавачки служби)е„легендарниот оснивач“Дамјан Груев!Врбуван од бугарските служби,експресно се преобраќа во благонадежен Б’лгарин!Нормално,има и такви кои согледувајќи ја вистината пребегуваат во другиот табор,бегајќи од вмровштината што подалеку!Листата ја дополнуваат:Х.Будов,Г.Дојамов,А.Зоис,И.Радналијата,М.Каламатиев,С.Недиќ,П.Киров,С.Мишев,М.Соколарски.Г.соколов…и редица други!Вечно преминување и предавства кое довело до неконтролирани меѓусебни колежи во’20-те години од минатиот век како едните со другите(Врховисти против Централисти),но и меѓусебно внатре,кај самите Централисти,така и кај Врховистите!Се леела крв до колена,при што најголеми жртви биле недолжни жени,деца и старци!Не е чудо крвавиот пир да продолжи!Вродена маана!
koki, 03.02.2012 21:08:00
Пријателски совет до ВМРО-вците...........чувајте се кога Груевски е во повеќедневно отсуство од земјата...........тогаш се случуваат валканите работи..........

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Слаби снежни врнежи

Понеделник
Снег
Макс: -4°C, Мин: -9°C

Вторник
Снег
Макс: -3°C, Мин: -10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп |