02.08.2012, 16:06 Реконструкција на улици во населбата Пролет
Деновиве е завршена реконструкцијата на улицата „Пролет“, која се наоѓа во истоимената населба, од Тутунски комбинат до ТЦ „Веро“. Улицата е асфалтирана во должина од 385 метри и широчина 8 метри. Обновени се и тротоарите, а за спречување непрописно паркирање, поставени се нови високи рабници. Исто така, асфалтирани се 200 метри од улицата „Мирче Ацев“ со широчина од 6 метри, која се протега покрај училиштето „11 Октомври“. Извршено е асфалтирање и подигнување на коловозот и на двете раскрсници што ја сечат улицата „Мирче Ацев“ и улицата „Цицо Поповиќ“.
Поплочување на раскрсниците со вештачки гранит е пилот-проект и треба овозможи полесен проток на пешаци, а особено да го олесни движењето на лицата со пречки во развојот.
Во наредната фаза на улицата „Пролет“ ќе се изврши и вертикална и хоризонтална сигнализација, а како новина е поставувањето рефлектирачки белези (во вид на мачкини окца) или катадиоптри за ознака дека улицата има денивелација на коловозот.
Во иднина на „Пролет“ ќе се поплочуваат пешачките патеки со бехатон. Предвидена е пешачка патека од бехатон и кај Феријалниот дом и обнова на постојното осветление и дополнување со ново. (С.Р.)
|