Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
05.08.2012, 17:25

Мислења

Локалните патишта и автопатите на Груевски

Манчо Митевски

Самофалбите на власта и платената пропаганда во медиумите што „ЌЕ“ е остварено, наликува на народната „Однадвор мазно, однатре празно“!

Македонски СостоЈби

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски има уникатен систем на отчет за сработеното. Додека другите влади ги креираат и одговараат за вкупните состојби во своите земји, за глобалните и стратешки сектори, како што се состојбата со планираниот и остварениот БДП, зголемувањето или намалувањето на вработеноста и невработеноста, напредокот и застоите на демократските процеси, човечките права, слободата на медиумите и на говорот, благосостојбата на граѓаните, напредокот и асоцирањето на регионален и глобален план, Владата на „преродбенците“ во своите отчети реди бројки и букви за остварени проекти во некој временски и граматички новоговор - само за неа разбирлив. Проектите, во најголем дел, наликуваат како нив да ги креира и реализира - не влада на една нормална земја, туку некој државен градоначалник на заедница на општини, градови и села!

Деновиве, по повод првата годишнина од новиот мандат, на прес-конференција премиерот Груевски редеше еден по еден од 380-те ветени и остварени и 470-те започнати проекти од изборниот „Манифест“ од 2011 година. Тоа е проследено со реклами во медиумите, проширено и надградено со фалбаџиски коментари од владините медиумски мегафони - заокружено и заверено, како со параф и печат со анкета на провладини истражувачки агенции, дека ВМРО-ДПМНЕ води прилично убедливо во однос на опозицијата, со додавка дека граѓаните не се наклонети кон предизборно здружување на опозицијата, посебно не на партии од македонскиот и албанскиот ко��пус!?! А „ЌЕ“-Владата, со својот новоговор во набележаните „остварувања“, создава конфузија меѓу ветеното и оствареното. Така, тоа што допрва треба да се „оствари“, значи „ЌЕ“, се пишува како остварено со формулација „нови 70 возила за итна помош“, или почеток на проект „Нов клинички центар“ (кога ?), потоа, „проект за самовработување и вработување...“ со кој „се очекува“ да се вработат 2.000 лица (дали како проектот „Купи куќа – купи стан“, од кого исто се очекуваше за 3-4 месеци 2.000 семејства да добијат свој дом, а аплицираа само три-четириесет!?)... И, да не редам натаму.

Тезата дека власта на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија повеќе се однесува како државен градоначалник, а не како влада, ми ја поткрепува и изјавата на премиерот на отчетната прес-конференција, која е многу чудна. Тој со скандалозна леснотија на изреченото, кажа дека на власта поприоритетна и' била изградбата на регионални и локални патишта од магистрали и автопати, бидејќи македонските граѓани малку ги користеле (еден отсто, еднаш годишно!), што ги запрепасти луѓето и посебно бизнисмените! Значи, македонските граѓани не се подвижни, ниту приватно, ниту во своите бизниси, бидејќи малкумина излегувале од своето место на живеење. Зошто е тоа така во 21 век е крунското прашање кое треба да си го постави една влада и еден премиер, бидејќи длабоко задира во суштината на одговорноста на власта. Имено, кој не сака да патува, едноставно како човек и да ги шири и своите видици. Кој не сака да ги шири своите бизниси, да разменува искуства со светот и да тргува, а тоа да го прави брзо и безбедно, по убави магистрали и автопати. Секако, секој го сака тоа. Но, кај нас проблемот не е дали некој сака или не сака да патува по автопат. Проблемот е дали може тоа да си го дозволи кога е сиромашен, кога е без работа, кога не може да создаде свој бизнис, кога не гледа никаква перспектива и се бори со гола егзистенција.

Не е за изненадување што не се користат не само автопатите, туку и локалните патишта, бидејќи Македонија, со која веќе седма година раководи владата на ВМРО-ДПМНЕ, е најсиромашна држава во Европа, во која според статистиките најмизерно се живее, во која невработеноста и сиромаштијата се движат над 30 отсто, во која огромно мнозинство граѓани се со став дека државата се движи во погрешна насока, во која единствена виза за подобар живот и за вработување е партиската книшка со лавче и, најзагрижувачкото од се' - податокот дека во последниот период кренале раце од се' и се иселиле околу 470 илјади лица, најмногу млади и образовани кои во земјава не гледаат перспектива за подобар живот.

Тука се отвара проблемот околу проблематичниот пристап на власта која ги преферира локалните во однос на глобалните приоритети, иако никој нема ништо против да се дејствува и локално. Меѓутоа, зошто власта преферира да се занимава со локални, а да ги запоставува стратешките, глобалните државни приоритети? Зошто е запрена циркулацијата на луѓе, идеи и бизниси, зошто стоиме и назадуваме во секој поглед? Во одговорот кој е едноставен, се содржи парадигмата за (анти)системот на владеење и одговорност на владејачката гарнитура: политички е поисплатливо да се изгради локален пат од автопат, односно да се изгради споменик на Александар Велики отколку да се реши проблемот со името! Автопатот не' поврзува глобално и носи напредок, но на избори не гласа светот. Со споменикот се добиваат избори, а со решение на проблемот со името, кога веќе се дојде до ова дереџе, неопходен е компромис, а со компромисот се губат избори.

Да бидам уште поконкретен. Владата пред ланските предвремени парламентарни избори, во „Отчетот“, се пофали со остварени неколку илјади проекти, односно со реализација на повеќе од 95 отсто од ветеното! Нереализирани останаа само пет, но најзначајните, оние првите на списокот кои се запишани во „Преродба во 100 чекори“ од 2006 година, а потоа со иста содржина се препишани и во „Преродба во 100 чекори - проширена и надградена“ од 2008, и во „Манифестот“ од 2011 година.

И тоа е најголемиот проблем на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Нереализирањето на петте стратешки цели ги потопува во вода неколкуте илјади, во изминатите години, односно 380-те остварени и 470-те започнати проекти последната година. А тие пет стратешки точки се, цитирам од „Манифестот“: (еден) „Зголемување на економскиот раст и вработеноста, како предуслов за животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот“ – се' е од лошо полошо; (два)„Интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО“ - седум години во чекалните; (три) „Бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, ефикасно спроведување на правото, длабоки реформи во судството и јавната администрација“ - корупцијата цвета и постојано се потенцира во извештаите на ЕК, а судството и јавната администрација се максимално партизирани и неефикасни оти владата повеќе ја преферира Програмата на ВМРО-ДПМНЕ од Уставот; (четири) „Одржување на добри меѓуетнички односи, еднаков третман на сите закони и довршување на спроведување на Охридскиот рамковен договор“ - според оцените на меѓународните институции, меѓуетничките односи се крајно заострени; (петто) „Инвестирање во образованието, науката и информатичката технологија како елементи на општественото базирање на знаење“ - концептот на задолжително средно и дисперзирано високо образование е параван за одложена невработеност, при што се создаде огромен квантитет без елементарен квалитет и нови потенцијални емигрантни со дипломи.

Самофалбите за илјадници проекти без некои поголеми ефекти врз квалитетот на животот на граѓаните и стопанските субјекти наложуваат власта на ВМРО-ДПМНЕ што поскоро да излезе од ��иртуелниот свет кој наликува на народната - Однадвор мазно, однатре празно! Но, како власта да се откаже од формулата која досега ја одржуваше на тронот!

(Авторот е новинар во пензија)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1814 пати.

Испрати коментар



Писма - Слободата и либерализмот
Писмс - Како Телекомот остана неоштетен од криминалот?
Интернет лустрација
Ѕидот на срамот



Goko, 06.08.2012 00:19:05
Eden od proektite so koj se fali vladata e i patot Skopje-Porecie koj prestavuva kombinacija od nekolku delnici, edna delnica od komunizmot /delot niz t.n. blok ili loviste/ vtora od ova vreme /7km e i lici na pat samo neocisten od toni kameni odroni/ i tretiot del -e od tursko vreme / 18 km bez asfalt/. Kompletno gledano patov moze da konkurira za tuka da se donese relito Paris-Dakar, a ne da se vozi vo Afrika, tolku daleku. Na toj nacin moze i turisti da dojdat posto vakov t.n.zvanicen /kozjite ne gi racuname/ pat nema nikade na drugo mesto
milko, 06.08.2012 00:45:11
so nekoj del od tekstot se slozuvam so avtorot no so nekoj ne. se slozuvam deka nabrojanite se mnogu povazni od 470 realizirani no isto taka mu davam kredit za realiziranite.nikogas porano ne sne imale vakva sansa da mavtame so reklamen materijal od programata i da prasame eve sto obekavte a evo kolku ispolnivte od obekanoto,sto nee slucaj so drugite koj i denes uporno tvrdat deka ne obekale(sdsm ke vrabotese po najmaku eden clen od semejstvo.akva park vo otesevo fabriki na sekoje cose i tn.sega nemam dokument da mu dokazam. a za vmro go imam manifestot doma i na sekoj proekt koj e realiziran mu stavam plus a na sekoj ne realiziran minus.za nasledenite proekti pod ednakvo i odcenuvam (negativno )i dvete partii.okolu tie ne treba razgranicuvane tuku splotenos i vzaeno pocituvane.site nealizirani proekti se delo na celata nacia i tuka nema mesto za manipulirane. EU,NATO,SUDSTVO KORUPCIJA,TRGOVIJA SO LUGE,POSEBNO DECA I DR.e problem na site nas i sami treba da pridonesime za da se ost
jovan, 06.08.2012 00:52:49
Se e ova ubavo opisano kako i na koj nacin ovaa Vlada si igra majtap so ovoj narod. Vladata ne e kriva, nacekala i si se majtapi. Kriv e onoj koj go majtapat, a toj stom trpi nekoj da go majtapi na vakov nacin, znaci deka nema drug izbor.
zik, 06.08.2012 01:41:51
spremaj se za lustracija!
Istocna Makedonija, 06.08.2012 07:14:28
Namesto samoreklama so prazna retorika,istite sred stva produktivno da se upotrebija ke nemase potreba od sebereklamiranje i ke se izgradese nekoj lilometar papatista.Vaka,daleku zaostanuvame i vo ovoj segment od recisi site zemji vo podalecno to i podalecno opkruzuvanje.
Трпе, 06.08.2012 08:27:16
Ништо појке не му треба на народ кој живее во резерват.Овој ваков таков народ е потребен само како гласачко тело.
milan, 06.08.2012 09:24:19
G-dine Mitevski po se izgleda ovoj narod ne e spreman za vistinata, a ti uporno ja pisuvas vo sv0ite kolumni,a vlasta uporno ja sminka vistinata, razbira se za svoi potrebi. Zatoa bidi spreman i za lustriranje. POZDRAV.
Garibaldi, 06.08.2012 09:25:24
Do Djoko: Abe Djoko nesi vo pravo...Takvi patista ima vo Bolivija i vo Nepal.Nesme edinstveni na svetot so takov tip na patista.Ni ostanuva znaci Evropa kade moze slobodno da se falime kakvi necepnati prirodnipatista imame.Toa bi mozelo da se dodade vo nasata turisticka ponuda.Jas sum tip koj od doma raboti 24/7 i mislam deka nekoj od vlasta ke ima doblest da snimi spot i da go pusti na CNN.
Не е се така лошо, 06.08.2012 13:41:17
Регионалните патишта се со дупки . Тоа е добро .Граѓаните ќе се усовршуваат во возењето .
suze, 06.08.2012 15:04:43
Браво за авторот,се сложувам со секој негов збор!Груевски за градоначалник на СКОПЈЕ,а државата нека ја води влада која прави разлика мегу премиер и градоначалник!!!!
tihi, 06.08.2012 15:39:32
Ama zatoa kje dojdat Branko i Ljubcho i site kje zhiveeve srekjni i veseli do krajot na zhivotot.
pretpriemach, 06.08.2012 21:48:44
I ova e potvrda na toa deka moze da se kritikuva samo onoj koj raboti. Da slucajno nemase realizirano tolku proekti, ne ke mozea nasite analiticari i novinari da pisuvaat za propustite vo rabotenjeto... Da zatoa ni e potreben BC za da ne sraboti nisto i da nema sto da se kritikuva... I uste nesto, sekoj znae deka za rast i razvoj na edna zemja potrebna e rabota vo kontinuitet... Eve domasna zadaca za nasite veshti pera: prezentirajte ni go kontinuitetot!!! Dajte ni argumenti!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 36°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Пирсон на 100 метри со пречки победи со нов олимписки рекорд
Австралијката на 100 метри со пречки победи со време на нов олимписки рекорд – 12.35 секунди...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 11.ден
По единаесетиот натпреварувачки ден 73. држави имаат освоено медали...
Исинбаева остана без златен медал
Фаворитката за златниот медал во скок со стап во женска конкуренција Русинката Елена Исинбаева неуспеа да го одбрани прв...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |