Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
07.08.2012, 18:28

Уште 300.000 евра за пет нови споменици

Спомениците меѓу кои се и на Неџат Аголи и Јосиф Багери ќе се леат во италијанската леарница „Гуастини“

Деспина Трајковска



Сметката на Општина Центар за „Скопје 2014“ ќе се испразни за уште 300.000 евра. Толку пари ќе се потрошат за леење на нови пет споменици. Меѓу договорените за леење се и спомениците на Неџат Аголи и Јосиф Багери, кои се два од трите таканаречени рамковни споменици во владиниот проект. Останатите три се спомен-обележјата на Кузман Јосифовски-Питу, Христо Татарчев и на Павел Шатев, кои ќе ја чинат Општината повеќе од 210.000 евра. Леењето, пак, на спомениците на двајцата албански дејци ќе чини по околу 50.000 евра за еден.

Сите пет споменици ќе се леат во италијанската леарница „Гуастини“, со која Општина Центар пред нецел месец потпишала пет договори.

„Во тек е потпишување на договорите за леење со леарницата ‘Гуастини.‘ Рокот за поставување на спомен-обележјата е од шест до 18 месеци, по преземање на моделите“, кусо информираа вчера од Општина Центар, која одлуката за поставување на посочените споменици ја донесе во минатата година.

Согласно со одлуката на Советот на Центар, споменикот на Неџат Аголи, кој бил министер за здравство во македонската Влада од 1945 година, ќе стои речиси рамо до рамо со коњаникот на Гоце Делчев пред Камениот мост. Споменикот на Јосиф Багери, пак, е планирано да биде поставен на просторот пред новата зграда на Стариот театар. Инаку, овие се два од засега трите споменици на албански истакнати личности со чие поставување „Скопје 2014“ ќе добие мултиетнички карактер. Планирано е уште да се постави и споменик на албанскиот писател Пјетер Богдани за кого локација е резервирана во паркот „Жена-борец“.

Засега нема официјални информации со колкави ди��ензии ќе бидат спомениците и во каква положба. Единствено се знае дека ќе се леат во бронза.

Истото тоа се однесува и за спомениците на Павел Шатев, Кузман Јосифовски-Питу и за оној на Христо Татарчев. Се знаат само локациите на кои ќе бидат поставени. Советот на Општина Центар одлучи споменикот на Питу Гули да се наоѓа во близина на Споменикот на бранителите во паркот „Жена-борец“. Павел Шатев и Христо Татарчев, пак, ќе се исправат во близина на Портата „Македонија“, односно на аголот од подземниот паркинг на Градскиот трговски центар.


Статијата е прочитана 2116 пати.

Испрати коментар



Асфалтирање ударни дупки во Припор
Подготовки за новогодишно украсување на Скопје
Движењето по „Првомајска“ опасно за живот



toni, 08.08.2012 00:25:02
narod nema leb da jade a tia uste spomenici pravat...do koga samo vaka neznam!?
nina, 08.08.2012 01:02:22
ke se pravat spomenici zosto da ne a nie ke si cekame cela godina da ni se plati grozjeto sramota
ne mi e jasno, 08.08.2012 04:54:55
Mnogu pati citam ama nikako ne mi se veruva sto nasive luge pisuvaat, lugeto nemale za leb a vladata gradela spomenici Pa normalni li ste be?! Zar drzavata da vi dade leb. Aloooo toa umre uste vo 90te od minatiot vek(so izumiranjeto na komunizmot). Necekajte drzavata da vi dade. Zavrtete rakavi i na rabota. Pa zar vo Turcija, Grcija, Egipet, Izreal .... lugeto od drzavata cekaat. Aj vi se molam ne tuku sirete demagogii koi odamna izumrea. Eve vi zejka da rabotite-ne cinelo nemalo korist. Eve vi vo fabrika da rabotite ne cinelo ne se plakalo i t.n. Pa kade be vo svet ima da vi dava nekoj.
Itar Pejo, 08.08.2012 07:08:30
Spomenikot na Павел Шатев ce bese podobro da se napravese pred ruskata ambasada.
do toj sto ne mu e jasno, 08.08.2012 07:35:35
Lugeto se normalni no za vas gospodine ne znam. Dali gospodine kaj vas (vo Avstralija ili Kanada ziveete nejverojatno) nevrabotenite se frleni na ulica ili dobivaat nekakva pomos. Zosto ne pravite sporedba so zemjata kade ziveete tuku so afrikanski zemji. I vprocem zosto vie otidovte preku okean a ne ostanavte tuka i gi zasukavte rakavite. I dali e normalno da se gradat po deset spomenici po glava na zitel vo zemja koja e po site statistiki na vrvot po odnos na mizerijata vo Evropa.
mile, 08.08.2012 07:44:11
Напред Груевски.........работи си ја Програмата во 100 чекори............. а народот????????????
Makedonka, 08.08.2012 08:01:12
ovaa e nadvor od sekoja normala !!! Sekogas mojot glas bese za vladeackata VMRO-DPMNE..NO,nikogas poveke !!! Mora da dojde krajot na ovaa samovolie...
miki, 08.08.2012 08:08:40
Denes e golem praznik Sv Petka
da ti razjasnam, 08.08.2012 09:28:16
Тебе што не ти е јасно, не ти посакувам да се разболеш, искрено!Тогаш ќе видиш како твојата партија се грижи за тебе и колку ја боли твојата партија за твојот ефтин живот...народот не е болен од мрза, а е болен од такви како тебе.Да те видам со десет илјади месечно да преживееш!!!Но веројатно ти си имаш ВМРО-вска книшка - тоа ти е повеќе и од здравствено и од социјално осигурување. Но до кога?????
zapad do nemiejasno, 08.08.2012 10:30:58
si gi pobrkal rabotite ili si partiski vojnik...kako prvo spomenici ge gradat od narodni pari posto drzavni pari se zbereni od narod ...kako vtoro vo sekoja zapadnoevropska drzava prvo e covekovi oprava pa kultura i spomenici t.e. so drzavni pari se laci i rani narod sekako onoj sto e bez rabota,bolen,star i slicno.
Nina, 08.08.2012 10:41:40
Skopje....gradu moj ...vo sto se pretvori.? Spomenici ,spomenici,spomenici do koga ke mi go unistuvate gradot ?Kade ne vracate ?Postoji li zemja vo svetot koja ima tolko spomenici ?Zar samo toa i treba na ovoj isnepocituvan covek koji ni po asvalt ne gazi dobro ,Kako utre ke se objasni na novi generacii zosto go dozvolivme seto ova Veruvam nesum sama so moje neodobruvanje ,Blagodaram
Монти, 08.08.2012 12:31:18
И благодарам на македонската влада за подршката на италијанската економија.Без вас , Фиренца ќе трпеше за леб.Поздрав до оној на кој „не му е јасно“! Никогаши нема да му се разјасни!
Do toj sto ne mu e jasno, 08.08.2012 14:03:42
A od kade tie pari na vladata za spomenici? Od stopanstvoto i rabotnite ludje, koi se uzjasheni i zagusheni so razni davachki kon drzavata (vece posrnuvaat), voglavno so obrazlozenie za infrastrukturata, posebno bolnici i griza za ludjeto, pred se onie so posebni potrebi(chustvitelni raboti), a se troshat za spomenici i gluposti bez kraj. Tipichna zloupotreba na humanosta i pljachkosuvanje na drzavniot budzet, a ti ushte ke popuvash. Sram te bilo!
Goran, 08.08.2012 14:14:04
Super se! Bravo! Samo Napred! Najposle Skopje zalicuva na nesto osven komunisticka pustelija i poslezemjotresna katastrofa. Najposle ulici i bulevari se gradat i prosiruvaat! Samo Napred!
struzanec, 08.08.2012 15:18:01
Aj zivi sve sto vie cudno, Grujo nie kako adjo ni Enver Hodza od vkomsii. Toj so bunkeri Grujo so spomenici ..... prerodbata vo 100 cekori

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 32°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Болт без конкуренција
Јамајканецот влезе во историјата на Олимписките игри како првиот атлетичар кој успеал да го одбрани златниот медал во тр...
Три златни медали за Американците на атлетските натпревари
Американците синоќа на атлетските натпревари на три од четирите финални дисциплини освоија златни медали...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 12.ден
По дванаесеттиот натпреварувачки ден 76. држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |