08.08.2012, 17:41 Мое ќоше
Македонци се спуштија на Марс
Ерол Ризаов
Додека светот ја освојува вселената и соборува олимписки рекорди, ние ловиме кодоши
Точно 4.227 граѓани на Македонија се спуштија на Марс. Другите два милиона останавме да живееме во Македонија како паднати од Марс.
Во најсложената вселенска мисија во историјата на човештвото на површината на планетата Марс се спушти специјално возило робот, роверот „Кјуриозити“, чудо на науката и технологијата на 21 век. Во компјутерите на роботот има имиња на 1.246.445 луѓе од целиот свет. Меѓу нив има имиња на 4.227 среќници од Македонија кои навреме фатиле ред за подобро место ако дојде до размена на територии меѓу Црвената планета и Земјата.
Благодарение на космичките реформи на нашата Влада и мудрото раководство на премиерот Никола Груевски, Македонија го освои високото 38. место од вкупно 246 земји чии граѓани се пријавиле нивните имиња да патуваат на Марс. Со малку поголема упорност можевме сите да заминеме на Марс, онака виртуелно, како во сон, како и многу работи што ни се случуваат на спиење во овие 20 години. Соочени со условите за живот кои владеат на Марс, конечно, сите ќе сфатевме колку ни е убаво во татковината каде што има се' уште кислород во изобилство и можеме слободно да дишеме колку што сакаме, а може да се најде и чиста вода. Ако бидеме добри и послушни, ќе ни дадат и јадење.
Американската политика и наука потрошија над две и пол милијарди долари за мисијата „Кјуриозити“ во освојување на вселенските пространства на скромна оддалеченост само од 570 милиони километри до Земјата. И додека вниманието на светот лета низ бесконечноста на универзумот и низ олимписките арени во Лондон, што правиме ние, паднатите од Марс. Е, па ние се лустрираме. Ја осветлуваме темната страна на македонскиот микрокосмос. Ги ловиме кодошите во нашите редови. Откривме дека во Штип точно пред 65 години во 02 часот и 15 минути во сабота во една темна уличка кај спитaлето 18-годишниот Коста Балабанов му шепнал на својот најдобар другар дека никогаш нема да им ја вратат к��ќата и земјата што им ја зеле комунистите и оти од богато и угледно семејство сега теглат длабока сиромаштија. Агентот зад капиџикот уредно запишал дека буржоазијата повторно крева глава и бара да се вратат ванчомихаловистите, само притоа заборавил да каже дека воопшто не го видел Коста, кој сиромав во истото тоа време лежел во Љубљана во болница болен од туберколоза. Веројатно со НЛО истата вечер слетал во Штип и се вратил во Љубљана. Денес тоа е доволно да биде прогласен за кодош. Патем куќата на Балабанови и ден денес ја конфискува и ја користи МПЦ без срам и перде. Има ли поголем грев од тоа црква да присвои туѓ имот. Има, да убие човек.
Пред 30 години во исто време точно во 02 часот и 15 минути Данчо Чевревски во бифето на „Вардар филм“ пред сведоци сите „камења пијани“ викнал гласно нешто страшно. Пијаниот агент, на работно место, веднаш отрчал во ВЦ да запише од збор до збор оти до разденување можел да заборави што кажал младиот актер за едикојси. И тоа е доволно денес загрижените за хигиената на нацијата да го обесат на столбот на срамот.
А Милчин, што да ви кажам, осведочен домашен предавник во сите системи. Замислете во Арапска куќа, среде Скопје, рано сабајле пропеал пред агентите на Државна безбедност. Им кажал дека Шишков кога бил пијан, отерал се' у п.м. Какво васеленско откритие во стотиците страници досие на македонскиот непријател и кодош Милчин. И така со ред македонците со денови уживаат во благодатите на интернет. Кликни неколку пати со глувчето и оп убавина, каква Олимпијада, каква вселенска мисија. Ти се отвора пред очи најубавиот филм, вистински трилер, поточно прав хорор. Се редат имиња како во телефонски именик на кодоши. Треба само малку фантазија и веднаш имаш портрет на предавниците. „Прекрасна е ова наша демократија што би рекол светски угледниот филозоф Славој Жижек: „Сите гомна излегуваат на површина“.
Ете тоа е разликата на интересите на светот и на нас. Тие што сакаат војна на sвездите и научна фантастика во живо гледаат снимки од Марс. Тие што сакаат високи дострели на умот и телото и што размислуваат за границите на човечките дострели гледаат Олимпијада. Тие што ја сакаат мизеријата, бедата и сиромаштијата на духот гледаат и слушаат полициски извештаи од Кодошистан напишани пред сто години.
НАСА прати робот на далечина од 570 милиони километри во најсложена вселенска мисија досега. ВМРО не може да стаса 570 километри појужно од Скопје да се напие кафе со комшиите. Велат, грчките шовинисти не сакаат да седат на иста маса со македонските патриоти. Па и на Марс тешко се стасува. Треба многу работа, ум и робот кој нема чувства, ама врши работа на секој терен и при најлошите климатски услови. Затоа тој што го испратил роботот во вселената има и чувства и идентитет. Американец.
Ах, да за малку ќе го заборавев нашиот најголем успех. Поп, Македонец со идентитет му ја баци раката на Путин. На ужас и на Путин и на црковниот клер во светот. |
|
Статијата е прочитана 4760 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 09.08.2012 00:17:49 | Neka ne mi zameri ni Erol, ni Utrinski ni familijata na Siskov ama eve sto jas razbrav blagodarenie na lustracijata. Siskov bil golem borec protiv komunizmot vo Makedonija. Igral vo subverzivni drami? Ne! Pisuval kriticki tekstovi? Ne! Odrzal nekade nekoj govor? Ne! Organiziral zdruzenija? Ne! Manifestacii? Ne! Sto e negovoto revolucionerno delo? Koga bil pijan psuel kogo ge stignel pa i Tito. Epa sto bi rekol Tito: narod koj sto ima vakvi revolucioneri ne treba da se grizi za svojata idnina. Sto bi rekol Ilija so mercesdesot: branejci go rezimot i lustratorite gi isplukavme zrtvite. |
| jovan, 09.08.2012 00:19:43 | The show must go on, ili vo prevod po naski, cirkuzijadata mora da prodolzi, inaku ke nema so sto ovoj narod da go zamajavaat. A ova so Mars, pa ne e cudo naskoro da ni kazat deka vo nekoja industriska zona vo nekoe selo, ke dojde nekoja stranska firma da proizveduva vselenski letala za Mars, i ke gi zaposli site nevraboteni od okolnite sela. Pa ke citame komentari od citateli kako ovaa Vlada raboti, a Branko e kriv za se drugo. O moj narode, na sto spadnavte. Podprosecni poslusnici da ve majtapat kako sakaat. A Branko, i da znaete deka e kriv, stom dozvoli od vakvi da gubi. |
| Трпе, 09.08.2012 00:33:13 | Меѓууу тиеее 4227 македонцииии коиии си имаааат резервирано месттто за пааатуувааање на Марс еддденн е и Грујоо.Мора тивко да говооорам за да неее мее проогглассат за кодошшшшш. |
| граѓанин, 09.08.2012 01:31:26 | Си замислив за миг Македонци на Марс - коса ми се крена на глава, ќе го бербатисаат, еколочки ќе го запустат........
|
| Mapkoc, 09.08.2012 01:36:53 | Најпрвин порака до попот: што сега да каже „лидеро„ македонски, зарем не беше ред прво нему да му ја бакневте раката? Или имате полукав план: тоа да го сторите одкога тој ќе се прогласи за цар на Македонија...Туку, бегам на потешко поле - „лустрацијата„. Да сум нешто поблиску до македонската метропола, радо би бил дел на масовен перформанс, со иљади учесници, кои би носеле маици со едноставна порака: „И јас сум кодош„. |
| Ace od Avstralija, 09.08.2012 02:38:18 | Si gi pokaza rogovite Erole, sram da ti e. Pa Milcin i do den denes ja spionira Makedonija. Jas bev isto praten i imav kodos. Zatoa sum vo Avstralija, ne od tvoj ili na Milicin inat. Znam sto znaci da bides praten, da ne dadat leb da zarabotis i tie mi ja velicea togas Jugoslavija, koja ce ostanese neli vecna i nikogas nema so socijalizmot nejzin da propadne, a mojata Makedonija nikogas nema da postana drzava. |
| laste, 09.08.2012 02:41:08 | Amerikancite ako imaat merak ,neka se spustat i na sonceto ako sakaat. Nasa rabota sega e da gi otkrieme i javno da gi obznanime kodosite.Toa od Makedonija go baraat zrtvite, zivite i preminatite. |
| K2, 09.08.2012 07:04:19 | Gresis Erole. I nie si imame svetski cuda. Goga ce gi vidat onie zdanija i spomenici na golemiot dotrel na gruevizacija na arhitekturata i spomenicarstvoto site vo cudo se krstat. a koga ce gi cujat cenite po koi istite se fakturirani se osecaat kako da se padnati od Mars i vo cudo padjaat na gaz. Ete tuka se nasite patriotsko -umetnicki dostreli vo 100-te cekori nadogradeni i pridodaeni.A za kodosenjeto , kolaj rabota. Pa neli nie od pamtivek po tradicija kodoslakot go imame vgradeni vo genomot na nasiot dalecen predok Makedonoidot, od kogo ete dokazavme deka poteknuvala celata bela rasa. |
| Hari, 09.08.2012 09:22:30 | Ne mi se veruva na ona sto go citam?, Ima seuste nekoi koj mislat deka so lustracijata se isprava nepravda kon nekoi zrtvi? Nekoj ili e slep ili tolku mu dal Gospod da ona sto go pravi kodosot Adziev e pravilno? Toj covek eden den mora da odgovara za ovoj masakar vrz neistomislenicite na Ovcarot. |
| До Кенгурот, 09.08.2012 09:23:33 | И во Австралија те пратиме , Аце! Што мислиш. дека во стадото кенгури што го пасеш , нема наш соработник?!Ти си столбот на Македонија , од тебе се зависи , затоа ние предавниците те држиме на око! Што мислиш , кој кенгур те кодоши? Дали е само еден? Внимавај со кој кенгур разговараш! |
| Bolje kodosh nego olosh, iako se medjusebno isprepletuvaat., 09.08.2012 10:04:16 | Shto i vredi seto toa na USA, pa i bleskavata idnina, koga nemaat istorija. Nie sme tie koi imame istorija, nie sme bibliska zemja, narod so korenji! Dodusha, ni ostanaa samo korenje za jadenje, bez ikakva idnina, ama zatoa imame kodoshi, lustratori i mlada vlada koja ne beskrajno zabavlja. Za neuspehot na olimpijadata, kriva e nashata golemina (teritorija i populacija) ??? Popat, od crnogorcite ne ima 4 pati povece, a hrvatite se samo duplo povece. Ili od druga strana Indija ima preku milijarda ziteli, vo London se kako vo Nju Delhi, no ne slushnav da se nekoj niven voopshto bori za medal. Taka da kvantitet ne mora po avtomatizam da znachi i kvalitet. Ma shto se macham da objasnuvam, Branko e kriv i kraj! |
| Dragi Ace..., 09.08.2012 10:36:05 | ...koga go citam tvojot komentar se prasuvam zasto SDB voopsto gubel vreme na tebe. A koga ke vidam deka od Avstralija ni kuckas i ni kazuvas kako bilo, mozam samo da ti kazam deka treba da mu kazes fala i ti i tvoite deca na SDB sto radi niv si vo Avstralija, golema usluga ti napravile drugar. Ostavine nas oci da si izvadime ovdeka... Ti uzivaj si na Manly, Bonday Beach, Circular Quey so luge od cel svet. Togas ke svatis kolku ne treba da se zamaras so MKD i kolku si sreken sto ne si vo nea. Ti zaviduvam najiskreno. Pozz. |
| mмk, 09.08.2012 10:51:47 | И двата написа во континуитет се одлично видување ако не и анализа на процесот на кодошлук или поточно лустрација.Човек да се фати за глава и не може да поверува колкав низок степен на неписменост при формирање службени белешки за божемските кодоши. Прочитв делови од некои досиеја.Според тежината на известувањата истите не се рамни ни нанкоја поаналитичка информација од тоа време.Нека се прочитаат само некои написи во в��сниците од тоа време ке се види дека перото на новинарите било многу поостро одколку извештајот на некој полуписмен службеник.Според тоа може да се забележи дека цела нација била кодошки настроена према секој и секого.Па денес на пазар намалку десетини луге гласно ја пцујат власта.Незнам дали некој седнат покрај некоја тезга запишува кој поминал и кој пцуел.Вака ли ке ја браниме државата,со компромитирање и на самата служба.Затоа власта нека се замисли . Дали овој навидум проект на лустрација не е проект на слабеење на внатрешната безбедносна структура на државата.Браво |
| Itar pejo - kurbizie, 09.08.2012 11:04:21 | Ne izdrza i ete go se javi liderot od titovite levi sili pod psevdonimot iter pejo vo odbrana na svojot rod. Podolu ete ti go I onoj sto vitkase kicma pod psevdonimot markos. Ke nosele maicki so I jas sum kudos I mene uapsete me kako sto nosea na vremeto za aramijata od global. |
| Miki, 09.08.2012 12:07:18 | Branko navistina e kriv koga vo 2002 godina ja zataska Okta, NPK, Analitiko, Telekom... |
| P.Petar, 09.08.2012 12:15:26 | Edinstven nacin da se sopre ova ludilo e kodosite da formiraat antilustracijska komisija koja ke lustrira se zivo i divo od 2006 pa navamu!? Pa red e i demokratski e da se napravi ravnoteza na silite?! |
| George, 09.08.2012 12:32:19 | Sekoja cest za lustratorite.Sega iskreno ocekuvam konecno da doznaam koj e kriv za oslepenite 15000 Samoilovi vojnici.Koja bila babata sto im go kazala tajniot pat na Vasilij Makedonecot.Poseben osvrt baram i za kodosot na Donco Stipjanceto?Redno e ovoj narod da go doznae koj e kodosot.Lustratori ,so site sili napred. |
| Миле - Охрид, 09.08.2012 12:56:41 | Уважен г-дин Ризаов(мојата почит кон тебе одавно ја имаш изгубено). Со сарказам, цинизам, навреди, лични дисквалификации и клевети само се врши опструкција на процесот на лустрација (обид да се дупне тапанот и да се растури орото). А лустрација тереба да има. Има многу причини зошто таа не е можна во „законска судска“ процедура. Така може да се направи обид за рехабилитација на жртвите. Но, кодошите не можат да се осудат во таква постапка. Тоа го знаете и затоа заговарате такво решение.Тоа е можност за опструкција со одолговлекување до бескрај. Исто така погрешно е јавно да се објавуваат досиеја (фабрикувани, изнудени, конструирани, нестручно напишани, погрешно протолкувани факти...). Но, упорното одбивање на заштитниците на тој систем на вредности да се спроведе лустрација и денес од државните јасли да се отстранат луѓето кои стекнувале материјална корист и граделе кариера врз маката на невини луѓе, доведе до верзија на закон и практика која не е баш пријатна. Лустрација ќе има. |
| Karolina, 09.08.2012 13:06:59 | Bravo Erol, navistina retko se slucuva da ne se soglasuvam so toa sto go pisuvas.
So pocit, K |
| Немој да го поганиш свештеникот предавнику, 09.08.2012 13:38:56 | Ептен ќе забегаш Риза во антимакедонството и ќе мора еден ден да ја напуштиш Македонија. Милиони Македонци се присилно иселени егзодус им е направен присилна асимилација од најцрн вид па јас за тебе ќе се сеќирам квислингу. Свештеникот да го прашаш зошто така постапил предавнику. |
| marsovsky, 09.08.2012 14:02:35 | Mars e prvata tatkovina na makedoncite predi da odat na Pakistan, pa ot Pakistan na Balkanskiot prostor. Site marsianci sa so makednsko poteklo kato i 3 mil. bugari. Mars - vtora nasa tatkovina! |
| melbourne, 09.08.2012 14:31:52 | Eh,ACE od Avstralia,ocigledno i den denes te pratat,zatoa ne se vrakas vo Makedonija.A pa jas si mislev deka si golem patriot pa si se vratil vo Makedonija da se druzis so tvoite prijateli koi ne te kodosele,zosto tie se na vlast sega!?? |
| respekt, 09.08.2012 15:23:21 | Каква Оломпијада Ероле ти се молам, со некакви глупави дисциплини. Нека има дисциплина во плукање, тогаш сигурно ке ги освоиме сите три медали, златна,сребрена и бронзена.Имаме шампионски состав, Мирка,Миленко,Латас А овие милијарда и нешто повеке луге од целиот свет што ке стасаат на Марс како ке живеат сироти таму без да ги прероди некој и тоа смо во 100 чекори.Затоа се нашите таму |
| насти, 09.08.2012 17:45:18 | Врховистите се на власт, што се чудите?!
1. Го ставија В.Михајлов во музеј на народната борба, 2. Од Тодор Александров направија херој, 3. Дигнаа споменик од бугарскиот крвник Симеон Радев, 4. Ги сигматизираат оние што разбивале врховисти како Балабанов, 5. Од Шишков што извикувал Јас сум бугарофил направија маченик....Историска перверзија од невидени размери! |
| do Erol, 09.08.2012 18:25:52 | Ne astronautite od SAD,tuku Turci prvo stapnale na Mesecinata.Zatoa ima Mesecina na znameto i grbot na Republika Turcija.Potoa vo nivna cest i drugi muslimanski drzavi stavile Mesecina na nivnite znaminja.Zar si tolku pogoden od lustracijata i otkrivanjeto na kodosite,pa pisuvas nekolku teksta po red na ovaa tema. |
| Mike-London, 09.08.2012 20:10:52 | Do site vas od premalata administracija,zemjodelci,i drugi koi glasavate za DPMNE na prethodnite izbori,koi bevte kupeni za 500 denari ili poveke(rabotno mesto ili nesto drugo)svrsivte golema rabota,DPMNE pak e na vlast,ama site vie koi sto glasavte a imate familii,deca ke ve molam da bidete doblesni i iskreni i eden den da im priznaete na svoite deca deka vie bevte faktor,pricna i posledica so koja MKD ja donesovte do toa deredze.
Da bidete iskreni so svoite deca i kazete im deka so vasiot glas za DPMNE ja pogrebavte MKD,nikoj drug tuku vie.
MKD narode do koga ke ste prost,zaostanat i narod bez vizija,imajte malku vizija i nemojte da glasate za DPMNE-partijata koja ja pogreba MKD,ili vetete im i izlazete gi,ne glasajte za niv,ve molam imajte malku vizija,hrabrost i najpoveke ljubov ko svoite deca i pokolenija,i najpoveke kon MKD.
Ova e veke 5 do polnok i nema popraven,nema vrakanje nazad od ovaa diktatura ako glasate pak za niv,pak vi velam ne glasajte za DPMNE!!! |
| Грав и Игри, 09.08.2012 21:48:46 | До Ерол и сите коментатори! Како не гледате? Па на сите телевизии што беше главна вест? Каков Марс, какви бакрачи! Ударна вест на сите телевизии, беше најголемиот грав во светот! Американците можат и на Јупитер да појдат, ама грав колку Месечината, неможат да сварат! Следниот пат кога мислат да се шетаат по вселената, нека пазат на датумите. Ако им се погоди Св.Никола, никој во Македонија нема да разбере што направиле, бидејќи сите ќе бројат колку сарми сварил Марјан во Прилеп! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Делумно облачно
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C
|
Сабота
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Болт без конкуренција Јамајканецот влезе во историјата на Олимписките игри како првиот атлетичар кој успеал да го одбрани златниот медал во тр... | |
|