Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
09.08.2012, 18:39

Мислења

Веродостоен соговорник

Гордан Георгиев

Прашањето не е дали Грција сака да го реши спорот со името, туку дали може да биде принудена да го реши?

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

Какво е местото на вистината и на лагата во политичката комуникација? Министерот за надворешни работи на Грција, Аврамопулос, пред некој ден изјави дека „Груевски не е веродостоен соговорник за решавање на спорот за името“. Режимските медиуми, под контрола на неверодостојниот Груевски, веднаш побрзаа да спинуваат дека Грција бара да се врати опозицијата на власт во Македонија за полесно да се договорат/испазарат околу името.

Но од каде таква нервоза кај режимските медиуми? Зошто веднаш се фатија за јадецот? Зарем не е многу логично кога еден ваш „непријател“ (такви се Грците во сфаќањата на нашата власт) кој има интерес да ве принуди да се приклоните кон неговата позиција (промена на името, според барањата на Грција) ќе ви намести волеј дека потребна е промена на власта во „непријателската“ држава, првиот инстинктивен одговор на граѓаните да биде: па овој човек кој ни мисли лошо, барајќи промена на власта и доаѓање на опозицијата, всушност ја галванизира јавноста во поддршка на актуелната власт. Ако нашиот „непријател“ бара смена на нашата власт, тогаш мора да е нешто сомнително. Или опозицијата е здружена со грчката власт и работи против интересите на Македонија (заедно со повеќе од 400 илјади граѓани кои ја поддржаа на последните избори) или нашата власт има „премолчен“ договор со грчката власт. И уште пологично, доколку опозицијата петоколонашки соработува со грчката власт, тогаш Грците не би праќале јавни пораки до граѓаните на Република Македонија дека треба да се смени власта, туку тајно би работеле на подривање на ��ктуелната власт. Но не, Аврамопулос јасно и гласно, во весник, порача дека актуелната власт (читај Груевски) не е веродостоен соговорник. Притоа, веродостоен значи достоен на верата, на вербата, по екстензија и достоен на вистината (верите).

Ајде да тргнеме од неколку претпоставки со кои мислам дека повеќе или помалку можат да се согласат сите политичари во Република Македонија.

Претпоставка 1: Грција не сака и не и' одговара да биде решен спорот со името, бидејќи секој „разумен компромис“ (sic!) би значел одредени отстапки од двете страни. Помоќната страна (види претпоставка број 2) секогаш повеќе ја боли кога треба да отстапува дел од своите позиции кон послабата страна (дури и Груевски во своите патетични „Калимеро“ интервјуа се согласи дека Македонија е послабата страна во спорот). Тоа е есенцијата на геополитиката, по учебник. Во овој контекст, и во поглед на ирационалниот спор што ни го наметнува Грција, тоа може да доведе до многу непријатни ситуации за Грците, особено кога Македонија би седнала на иста маса во НАТО, со еднакво право на вето како и Грците, Американците, Турците, Германц��те.

Со влегувањето на Македонија во НАТО, се затвора Пандорината кутија наречена „грчкиот проблем со Македонија“, за жал, наметната како таква од страна на Грците. Со влегувањето на Македонија во НАТО, во истиот момент се воспоставува еден вид на „balance of powers", еден вид еквилибриум кој ги држи двете страни на здрава дистанца и полека со текот на времето ги „принудува“ да соработуваат и да се откажуваат од своите радикални и ирационални политики. Со тоа, Македонија оддеднаш станува еднакво „голема“ како и Грција, а со оглед на тоа дека грчката позиција во однос на името и воопшто во однос на спорот со името е ирационална и ситнобалканска, Македонија станува де факто веродостоен партнер во НАТО-алијансата, партнер кој е достоен на вистината, правдољубивоста и принципите.

Како да им се објасни ова на нашиве донкихотовци? Како да им се објасни дека работата е многу едноставна и стратегијата е многу добро позната и мора да биде во наша полза?

Претпоставка 2: Грција е помоќната странка во спорот и има на располагање сериозни механизми за опструирање, одолговлекување, дефокусирање и спинување во однос на спорот со Македонија.

Аврамопулос ни дава данајски подарок, според онаа позната „Не им верувај на Данајците и кога подарок ти носат“. Подарокот и пораката е многу јасна: во ситуација кога на Грција полека но сигурно и' се измолкнуваат сите традиционални и нетрадиционални механизми за практицирање моќ и наметнување на волја врз Македонија и врз меѓународната заедница, единствената сламка за спас е олицетворена во ликот и делото на лажниот патриот Груевски. Македонија анте портас, Македонија е пред портите на НАТО, а последниот (и можеби единствениот преостанат) ковертиран потег на Грција може да биде оживување на национализмот и провокаторството од другата страна на Евзони. Груевски можеби не ја зборува вистината, но затоа е веродостоен партнер на Самарас (и на кој било друг грчки премиер) за перпетуирање на спорот, за изедначување на позициите, за хранење на национализмите и омразата, за бетонирање на црвените позиции. Третиот клучен играч во приказнава, американската администрација чијашто јасна геополитичка цел е „Македонија во НАТО“ (за наша среќа!), во моментов се чувствува во најмала рака фрустрирано. Ако во 2008 година Џорџ Буш и Кондолиза Рајс заедно седнаа на вечера со претседателот Црвенковски и премиерот Груевски и им ветија директна помош при решавање на спорот (се разбира, во голема мера влијаеше и повредената „геополитичка“ суета на американската администрација по поразот во Букурешт) ние до сега не сме виделе ниту една изјава од страна на господинот Барак Обама. И ова не ви е симптоматично?

Претпоставка 3: Сите сакаме да ја видиме Македонија во НАТО и ЕУ. Оваа претпоставка е сама по себе јасна иако судејќи според политичките потези на актуелната власт во Македонија, многу нешта водат кон тоа дека Груевски и неговата клика имаат други, за нив поважни интереси отколку приоритетот на 90 отсто од граѓаните на Република Македонија.

Претпоставка 4: Македонија во моментов се наоѓа во многу лоша позиција во однос на евентуално решавање на спорот. Оваа претпоставка е проблематична во однос на транспартиските позиции, бидејќи власта и нејзините „аналитичари“ сметаат дека не е така, а опозицијата и „нашите аналитичари“ (прогласени од власта за „наши“) сметаат дека е така.

Ќе се согласиме дека СДСМ во изминативе 20 години беше доволно долго време на власт за да го реши спорот со Грција „по волјата на Грците“, како што постојано имплицира ДПМНЕ и режимските медиуми. Значи, СДСМ имал прилика да го реши името господине Аврамопулос, но не го решил до сега. Така што според патриотско-предавничката диоптрија на ДПМНЕ, Бранко Црвенковски е во најмала рака еднаков или поголем патриот од Никола Груевски. Да потсетам, во деведесеттите Македонија преминуваше низ многу потешки политичко-економски премрежиња иднуцирани од надвор. За разлика од денешната економска имплозија, индуцирана од неспособноста и коруптивноста на сегашното ДПМНЕ, тогаш имавме сериозни безбедносно-економски опструкции по речиси сите вертикали. Од Србија/Косово закана за прелевање на војната, од Бугарија терцирање по сите основи, од Албанија страв од Голема Албанија... А од Грција двојна закана: Планот Мицотакис-Милошевиќ за поделба на Македонија и економското ембарго. Епа, тогаш, ни Бранко ни Киро Глигоров не го „продадоа“ името, и тоа во геополитичка позиција кога бевме највулнерабилни, како никогаш претходно и ��ако никогаш подоцна.

Прашањето не е дали Грција сака да го реши спорот со името, туку дали може да биде принудена да го реши? Дали може да и' се изнуди алтернативата во која спорот ќе биде решен, а Македонците ќе си ги задоволат своите потреби? Груевски секако не може да ја принуди на тоа, тој не е веродостоен...

Конечно, Аврамопулос, па и Нимиц, бара од Груевски да престане како мало дете да се крие по „загребските аеродроми“, да им ветува дека „утре“ ќе го смени името, а дома да прави врховистички прогон на предавници. Уште поедноставно, Аврамополус, типично данајски, бара од Груевски да остане на власт во Македонија, бидејќи знае дека само со таков „партнер“ позицијата на Македонија постојано ќе слабее, а позицијата на Грција ќе се одржува во статус на релативната (над)моќ. Можеби Груевски не е веродостоен бидејќи не ја зборува вистината, но секако е сосема достоен за интересите на Данајците. Со „слепиот водач“ на чело (Р. Домановиќ), Македонија и натаму ќе добива данајски подароци.

(Авторот е потпретседател на СДСМ)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1856 пати.

Испрати коментар



Чија (не)одговорност е тетовското Ѓубре
Од што пати Македонија
Каде сме и каде одиме !?
Појадокот на Коце во опасност



jovan, 10.08.2012 01:23:54
Зарем не е многу логично кога еден ваш „непријател“ (такви се Грците во сфаќањата на нашата власт)- Stavanjeto na zborot *neprijatel*vo navodnici, malku me cudi. Zosto pod navodnici, koga vo momentov Grcite ni se vistinski neprijateli koj posakuvaat da ne snema i kako drzava i kako nacija, a toa voopsto i ne go krijat. 2. Deka na Vlast ovde se DonKihovci, potpolno se slozuvam. 3. Ovaa drzava se uste postoi blagodarenie na Americancite, i ako oni dignat race od nas, GOTOVI SME.4. Na Gruevski, ili potocno na klikata na Gruevski, edinstven prioritet se sopstvenite dzepovi. 5.Da bese VMRO vo situacija vo kakva sto bese SDSM, blokada od Grcija, embargo od Srbija, neredi vo Albanija i Bugarija, ne veruvam deka ke uspeese da ja ocuva drzavata. 6.Edinstven*uspeh*koj go ima ovaa Vlada e toa sto so pomos na trikovite na Hari Poter, uspeva veke 7 godini da majtapi 2milioni narod.Toa SDSM nemoze ni na son da go ostvari, pa zatoa i gubi, a bogami ima ogromna opasnost i povtorno da zagubi.
USA, 10.08.2012 04:23:10
I kako PJSDSM ke go resi imeto? Dosta so demagogii.
„Безимен“, 10.08.2012 08:58:33
Браво!Какво четиво, какви поуки? Значи не било доволно на било кое место и во било кое време да се разговара за името(како што вели Груевски), туку ете испадна многу побитно кој ќе е соговорникот од македонска страна и оп критики на сметка на власта која дојде на власт преку избори, ама ете не е по мерак на Грците(оти се посилни) и они ќе си чекаат, а некој уште сега ќе и се нуди. Гордан тебе да не те бараат за соговорник? Незнам зошто СДСМ тогаш го критикуваше Симеон Радев (според мене со право), а сега меѓу редови гледа да заземе и полоша улога на меѓународно ниво спакувана во обландата „во име на народот“ за кого многу ви е гајле. Браво, нема што.
Резилов, 10.08.2012 09:58:51
Од текстов се гледа дека сдсм во потполност се согласува со ставовите на јужниве.Тоа го знаеме и од секојдневието.Најстрашното е што тие самобендисани “државници и државотворци“ (како што сами милуваат да се нарекуваат),нас,обичните Македонци не’ сметаат за недоветни па ни пласираат вакви писанија!
zoki, 10.08.2012 11:21:11
Do USA! Do kapacitetot e! Da te potsetam za vreme na vladeenjeto na SDSM najgolem broj na zemji ne priznaa pod ustavnoto ime, a 2006 bevme pred vratite na NATO i daleku pred sosednite zemji.Gruevski celo vreme se krie zad referendum a za taa cel ni so malo prste da mrdne. Zboruvaat za koncenzus so Grcite a vo samata drzava nema postignato koncenzus.Go podeli narodot po site savovi.Ocigledna e igrata, no najtragicno e sto mu dozvolivme drzavata da ja smeta za igracka.I prekinete da se odnesuvate kako deca so toa spin-trik prasanje: A kako SDSM ke go resi imeto? Prosirno e.SDSM(ne poedinci) vi odgovori i ako gi prifakate sugestiite resete go sporot, ako ne trgnete se od vlast i ke dojdat lugje so kapacitet da ja pridvizat Makedonija napred, tamu kade zastana vo 2006. Do Gordon: Zamisli si Gordone a i site makedonski gragjani uste edna bitna pretpostavka: Da sme go resele sporot za sto ke raspravame so sosedite???
Nikola, 10.08.2012 11:44:20
Odlicen komentar.Sekako deka na Grcija i odgovara ovaa vlast koja vo svetot nikoj ne ja esapi za normalna, sto znaci resenie za Makedonija ke nema.A najlesno na ovoj zatapen narod e da mu podmetnes deka opozicijata se predavnicite a DPMNE se golemite patrioti.I se da si ostane isto a narodecot neka zivee od golemite prikazni.A na rezilov bi mu poracal. Ne se rezili , razmrdaj go malku pametot -ako go imas.
seirdzija, 10.08.2012 12:27:11
Nemojte da zaboravite deka nas ne vladejat EKONOMISTI,koi od kako vidoa deka ekonomijata e slozena rabota za nivnite glavicki se frlija na patriotizmot...Ne naucija deka proekti,znacelo da napravis selska taraba,ograda,da nasadis vrbi ili pak spomenici,a avtopatista ne sme gi koristele,kako i toa da ne ni trebaat hidrocentrali,gasovodi i sl...,Se sto ne odi vo nivniot dzeb i ne e drzaven interes...Kakvo resavanje na ime,kakvi bakraci...Od denot koga ovaa drzava bi stanala navistina pravna, tie se svesni deka ke zaglavat iljadnici godini zatvor i po vertikala i po horizontala na DPMNE!!!!
D.V., 10.08.2012 13:18:51
SE soglasuvale ili ne, Gordan od sekogas, daval tocen pogled na situacijata i vremeto koe go ziveeme, iako mnogumina ili pogresno go razbiraat ili ne sakaat da go razberat.I Jovan komentatorot, itoj ubavo i , voglavno, dosta tocno ni go kazuva svoeto mislene, so koe najcesto se soglasuvam, osven sto poslednata recenica deneska,bi mu ja popravila kade veli;*Toa sto SDSM nemoze ni na son da go ostvari, pa zatoa i gubi, a bogami ima opasnost i povtorno da zagubi*! Po moe, SDSM ni na son ne bi izmislil vakov sramen cirkus da mu priredi na sopstveniot naro( priznale toa ili ne), onoj SDSM koj uspea vo najteskite godini po osamostojuvanjeto, da ni ja socuva drzavata.A ako ponovo NE DOBIE, gubitnik nema da bide SDSM, tuku NIE, NARODOT koi ovojpat, ke bideme vecno zakopani vo spomenicutre*Butel* srede Skopje kade nema vozduh za disenje, pari za leb, struja, greenje; osnovni sretstva, barem za skromen zivot na eden uste poskromen Balkanec, so navednata glava za da sabjata ne i ja isece!
pretpriemach, 10.08.2012 13:23:25
A, izvesen period da ne pisuvas kolumni i da ne drzis pres konferencii zasto samo se blamiras. Iznesuvas takvi tezi koi i najgolemite nepoznavaci na sostojbite na Balkanot ke ti se iznasmeat. A kon toa nekako si zaboravil deka po televiziiite od sosedstvoto vasiot koalicionen partner (Ljubco) ja blamirase Makedonija i kazuvase deka sme najgolemi falsifikatori na istorijata, i deka nema nisto loso vo toa da se vikame Severna Makedonija... Istoto go veli i Tito Petkovski: Severna ili Gorna seedno... spored nego.... A spored tebe kako li treba da se vika.... So gorespomenatite politicari Makedonija moze samo da se narekuva ZALNA MAKEDONIJA.. taka nema da si go menime imeto bidejki kako takva ja opeavme vo pesnite, a i ni odgovara koga imame vakvi gorespomenati mozoci od politicari!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 18°C

Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ЛОИ во Лондон се најгледаниот спортски настан во Велика Британија
Вкупно 50,2 милиони луѓе во Велика Британија ги гледале натпреварите и случувањата на летните Олимписки игри во Лондон...
(ФОТО) Довидување Лондон, доаѓаме Рио
Соодветно на отворањето, завршната церемонија беше проследена со величенствен сценско-музички перформанс...
Григориј Потоцки прави споменик на жртвите од струмичкиот пожар
„Македонија треба да има државна колонија за да може успешно да се презентира“, вели Бранко Пепиќ, раководител на Меѓуна...
Најпрофитабилните автомобилски модели во историјата
Во почетокот на годинава консултантското биро „Бернштајн рисрч“ ја објави листата на најпрофитабилни возила, почнувајќи ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |