Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
09.08.2012, 17:47

Поглед

Појадокот на Коце во опасност

Наум Котевски

Истражувањето на европското јавно мнение по барање на Европската комисија, Евробарометар, на овдешните песимисти и квазиреалисти им кажа, како разбеснет ограбувач на кротка банкарска службеничка, да затворат уста и да не пискаат. Бидејќи анкетата покажа дека 64 отсто од граѓаните на Македонија, генерално, се задоволни од својот живот. Фантастична бројка. Како Усеин Болт трчаме кон срамниот број. Тогаш за разлика од сега, веројатно, ќе биде задоволството двојно и за оние што ја водат државата и за водените.

Извонредно тешко ќе им биде сега на социолозите да ни објаснат зошто речиси две третини од граѓаните во земјава признале дека навистина не знаат што е леб, бидејќи контра светскиот анорексичен амбиент, лапаат само кавијар, а така се хранат и кога одат на одмор по егзотичните места по месец, два, три. Оние што вртат околу своите згради, како некое јадно куче етопат, или оние што заминале со тешка мака некаде колку да се разладат и се враќаат по 10 дена, тоа не го правеле затоа што немаат пари, туку дека не можеле долго да егзистираат без овдешниот рај.

Нуркачите по контејнери да ти биле измислена категорија, а не постои ниту „средната класа“ која е на две: дали да се пресрами и да влезе во лимениот базен или да си го чува образот како најголема светост.

По овие податоци кои можеби се последица на нашата високоразвиена демократија во која си мисли кој што сака го молиме МВР кое знае да се пофали за секоја фатена таблетка екстази да и' каже на јавноста за своите претпоставки колку халуциногена стока е можно да останала во државава. Ќе да е на тони.

И еден најдобронамерен совет до градоначалникот Коце Трајановски добро да размисли дали во септември на Мала Богородица ќе го организира појадокот на Камен мост. Постои страшна опасност пред избори да се посрамоти и никој да не му дојде.


Статијата е прочитана 1391 пати.

Испрати коментар



Чија (не)одговорност е тетовското Ѓубре
Од што пати Македонија
Каде сме и каде одиме !?
Веродостоен соговорник



jovan, 10.08.2012 01:00:05
Pojadokot na Koce ne e vo opasnost. Naprotiv, ako se odrzi, nema da gi soberi na plostad site onie koj ke poitaat da dobijat eden*vistinski* dorucek. Nema da bide mal brojot i na onie koj ke dojdat i so kesi, za da si zemat nesto i za narednite denovi. Sto se odnesuva do kontajnerite, barem jas, nemam primeteno deka luge masovno gi posetuvaat, bidejki*asortimanot* im e se posiromasen. Denes i vo kontajnerite moze da se zabelezi strasnata siromastija koja go zafaka ova opstestvo. I tie se prazni.
od doma, 10.08.2012 13:35:52
Smetam deka *Kockica* obavezno trebe i ovaa godina,da go organizita pojadokot, samo neka predvidi sto poveke jadenje i LEB, makat nemalo masi za sedenje. Dovolen ke bide ploshtadot;sé dokaj Portata i nakaj polurazrushenata (nova) stara stanica. Ovojpat , narodot so poveke iskustvo od porano-pogladen ke si ponese od doma poveke plasticni kutii, za da se snabdi so *papo* uste nekoj den, po toj na Koceta Sto se odnersuva do kontajnerite, tie vistna se, sé poprazni i poneinteresni za *strazuvacite*, ama iako, sé povalkani i posmrdlivi; sé pak, se navpogja po nesto za izgladnetite dushi.Vo ocekuvanje,neka ni e prijaten pojadokot, ako se prezivee do Mala Bogorodica!
BitolaHamiltonCanada, 10.08.2012 18:31:18
Ubav sovet za Kockica.Treba da pobrza oti do Mala Bogorodica 100% od graganite ke bidat najadeni.Neka pravi dorucek na Golema Bogorodica,ima shansa 36% da mu dojdat na gosti.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 18°C

Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ЛОИ во Лондон се најгледаниот спортски настан во Велика Британија
Вкупно 50,2 милиони луѓе во Велика Британија ги гледале натпреварите и случувањата на летните Олимписки игри во Лондон...
(ФОТО) Довидување Лондон, доаѓаме Рио
Соодветно на отворањето, завршната церемонија беше проследена со величенствен сценско-музички перформанс...
Григориј Потоцки прави споменик на жртвите од струмичкиот пожар
„Македонија треба да има државна колонија за да може успешно да се презентира“, вели Бранко Пепиќ, раководител на Меѓуна...
Најпрофитабилните автомобилски модели во историјата
Во почетокот на годинава консултантското биро „Бернштајн рисрч“ ја објави листата на најпрофитабилни возила, почнувајќи ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |