Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
08.08.2012, 18:24

Мислења

Рапорт и пиетет кон командантот

Тодор Атанасовски - Јане

Михајло Апостолски ги координираше активностите на 42. Кумановско- скопска бригада и 50. дивизија од Брегалничкиот корпус при ослободувањето на Скопје

Високостручните непријателски кадри на Вермахтот за Југо - Истокот и бугарскиот царски фашистички генералштаб тргнаа со сложена и високо амбициозна стратегиска цел да ја уништат главнината на Народноослободителната војска и да ги отстранат загрозите на нивната стратешка комуникација.

Нашиот генерал Михајло Апостолски и не помислуваше да се брани. Со активни офанзивни дејствија веднаш го нарушува регионот на непријателската офанзива. Следуваат: Февруарскиот поход, уникатна офанзивна операција од највисок стратегиски ранг во тешки зимски услови, кога во целото југословенско војувалиште е во затишје партизанското војување. Со тоа дефинитивно Народноослободителната војска ќе ги поврзе сите активни жаришта на народноослободителното движење во една целина. Тогаш, македонската народноослободителна војска дефинитивно ќе ја преземе стратегиската иницијатива во свои раце и нема да ја испушти до крајот на војната.

Оваа операција е договорена помеѓу В. Черчил, Тито и генерал Александар, командант на Европското војувалиште на Антифашистичката коалиција. Меѓутоа, овде во Македонија операцијата ја раководи Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Се одвива од крајот на август до 7 септември 1944 година и е поддржана од сојузничката авијација. Нејзината цел е разбивање на Бугарско – четничката пролетна офанзива и премин во општа офанзива на Народноослободителната војска на Македонија. Операциите на НОВ се насочени против фашистичката Лерова армиска група Егеј (ГАЕ). Цел на офанзивата е попречување на извлекувањето на оваа голема воена сила низ Македонија. Во оваа серија на оперативни дејствија, Народноослободителната војска ќе реализира повеќе од 300 борбени мисии и ќе успее да го забави излегувањето на фашистичките трупи за 10 – 12 дена, што ќе биде пресудно за нивното опколување и разоружување во просторот: Птуј, Цеље, Марибор, Фрајбург.

Михајло Апостолски директно ги координира активностите на 42 - та Кумановско - скопска бригада и 50 - та Дивизија од Брегалничкиот корпус во операцијата за ослободувањето на Скопје.

Во сите овие операции сосема е лесно да се препознае генијалноста, духот и стилот на Михајло Апостолски. Дали ова мое искажување не е веќе видено, затоа што не еднаш ми е забележано дека на Апостолски му припишувам енормно величење?

Јас сосема точно знам дека Михајло Апостолски не е гениј за сите војни. Тој е тоа во нашата НОАВМ, пред се' затоа што тој не беше едуциран и подготвуван за моделот партизанско војување. Тој демек не го измислил партизанскиот стил на војување. Сосема е точно тоа, ама ни во Југославија, па и пошироко во Втората светска војна никој не го измислил овој модел на војување. Историјата на воената вештина и военоводството не' информираат дека овој начин на војување е применуван повеќе векови. Меѓутоа, ако сега некој мисли дека овдека се војувало исто како и во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, тој фактички благоречено, не знае и не разбира за што станува збор. Михајло Апостолски е всушност исклучителен креатор и во военото организирање и во практиката - наречена војување.

Но факт е дека ни раскошниот талент на Апостолски не му помогна да ги одбегне ниските удари на политиката, како на онаа страничната така и на домашната. Еве што ќе напише Гоце Митевски, командирот од редовите на Првата Македонска Косовска бригада: Во еден миг „народот посака да го види и чуе командантот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Но се случи, тогашниот инструктор на Врховниот штаб Светозар Вукмановиќ Темпо да го именува Апостолски не како командант на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, туку како кралски офицер. Тоа беше не само нефер, туку и лична и национална навреда. Тогаш Апостолски му рекол на Темпо: Па, другар Темпо, јас не сум ни србоман и бугароман. Јас сум Македонец, значи ти мене не ми веруваш“! Тогаш Темпо го свртел муабетот: „Што ти е тебе друже Дончо, зар не гледаш дека се шегував.“

Михајло Апостолски ослободувањето го дочека во полна работна зрелост и способност, збогатен со исклучително искуство и како челен војник на НОВ. Тој не беше само војничка величина, туку и атрибут на македонската држава. Создавањето на Република Македонија среде балканската ветрометина не беше обичен и секојдневен настан. Независно од сите лимити зад кои стојат најмоќните држави од победничката антифашистичка коалиција, тоа од корен ја промени политичката и геостратегиската слика на Балканот, но сето тоа не беше доволно нашиот војсководител да го добие местото што нормално му припаѓаше и го заслужуваше.

Не ме чуди што некои го сведоа Михајло Апостолски „на бивш југословенски офицер“, повеќе ме чуди зошто нашето македонско раководство го дозволи деградирањето на генералот Михајло Апостолски.

Како минуваа годините и новостроената држава и нејзините челници како да го подзаборавија Апостолски. Еве еден пример: Во Гевгелија се одржуваше 20 години од формирањето на Втората Народноослободителна ударна бригада. Тоа беше времето по суспензијата на Михајло Апостолски од редовите на ЈНА. Бевме седнати во големата сала на „Партизан“. Влезе и Михајло Апостолски. И човекот се штукна, барајќи место каде да седне. На една маса бевме тројцата: Јас, Томе Јордановски - Вардарски, првоборец од Неготино и Павле Игновски - Секула, заменик командант на 8-та МНОУБ. До нас имаше едно празно столче. Без да ги прашам другарите, бев во униформа, му пријдов на Апостолски, го поздравив и го замолив да ни' направи чест и да ни' се придружи. Не поминаа ни 15-тина минути, еве ти го Круме од протоколот и го замоли Апостолски да се придружи на неговото место - на челната маса. Генералот не' погледна и праша што да прави. Му рековме: Генерале, Вашето место е таму.

Кога се најдов на позицијата командант на Територијалната одбрана, почувствувавме потреба да имаме некое воено училиште, ако не воена гимназија, барем школа за резервни офицери. Па тогаш ќе воспоставиме воени студии во рамките на Филозофскиот факултет. Го замолив генералот и академик Михајло Апостолски да ни' се стави на располагање со нему својствениот углед, знаење и искуство. Тој веднаш ни' се придружи. Од тоа подоцна ќе произлезе и нашата воена академија „Михајло Апостолски“.

Ве молам, може ли некој да ме спаси од незнаењето, зошто и нашето денешно раководство од новиот македонски естаблишмент по осамостојувањето, сегашната власт што управува и владее со нашата држава и денес бега од Апостолски и го премолчува? Нема народ што има само убава и розова историја. И комитите и партизаните се наша историја. Ама е апсурдно да се споредува времето кога сме ги правеле првите чекори во нашето војништво, со она грандиозна Народноослободителна и антифашистичка војна 1941 година кога тоа го издигнавме на највисоко ниво, кога се искажа како целосен воен систем на изборената прва македонска државност?

Кажаното е само мал дел од придонесот на Михајло Апостолски за слободата и државноста на Македонија. А што за Македонија сторивте вие што ја прекројувате нашата историја? Со извежбаното користење на бугарскиот воз ја презедовте и ја окупиравте земјата и се однесувате како јабанџии. А ние овдека веќе сме сведени на ниво на малцинство во сопствена��а носталгична дијаспора.

(Авторот е генерал во пензија и претседател на Сојузот на борците од НОАВ на Македонија)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1167 пати.

Испрати коментар



Дипломатија во минус
Бакнеж во плексус за Путин



Itar Pejo, 09.08.2012 00:30:23
Ne mi e jasna prikaskata deka Tempo sakal da go imenuva Apostolski za kralski oficer? Tempo imal mandat od kralot za da imenuva oficeri? Ili avtorot se plasi da ne bide lustriran pa stavil nesto po cefot na segasnava vlast?
jovan, 09.08.2012 01:17:58
Kratko, strucno, no temelno i precizno opisana borbata na Makedonskite brigadi za vremeto na vtorata sv. vojna, nesto sto malkumina dosega go znaele ova. Mene licno me pogodi delot kade e spomenata Germanskata armija na Generalot Ler koj se povlekuval od Grcija preku Makedonija, pa vo Oktobar 1944 dedo mi ucestvuval vo borbite protiv ovaa armija nekade pomegu Stip i Radovis kade sto bil zaroben od Germancite i strelan so uste nekolu drugi partizani no i nedolzni gragani. Za zal denes sinovite i kerkite na onie koj togas nosea pogresni uniformi denes se povampirija pa se obiduvaat da se osvetat na sekakov nacin. Posebno e silna denes Bugarskata propaganda ovde, koja zafaka golem zamav, no ne ocekuvaa deka tesko ke im odi*prevospituvanjeto* na Makedoncite, pa besot gi tera da stanuvaat se poagresivni i poagresivni. Sledni so koj ke imame mnogu pogolemi problemi negoli so Grcite, ke bidat Bugarite.
Леонид, 09.08.2012 07:40:02
Не ми е јасна поентата на авторот на текстот. Убаво е што ни раскажува за величната на Апостолски и борбата на партизаните. Меѓутоа јас не сум слушнал дека некој воопшто го деградира/л ликот и делото на Апостолски? Тој има несомнено светла улога во македонската историја.
СТУДЕНТ, 09.08.2012 08:44:16
Г-не Атанасовски со полна почит кон вашата личност и дело....ЗОШТО ОВИЕ ЗБОРОВИ СО КОИ КАЖУВАТЕ ДЕКА АПОСТОЛСКИ БИЛ ДЕГРАДИРАН И НЕСООДЕТНО НАГРАДЕН ОД ТОГАШНАТ КОМУНИСТИЧКА ВЛАСТ НЕ ГИ КАЖУВАВТЕ ВО ТОЈ ПЕРИОД? ГЛАСНО, ПРЕЦИЗНО И ЈАВНО, КАКО ШТО ТОА ГО ПРАВИТЕ ДЕНЕС....НО ДЕНЕС ТОА ШТО ВИЕ ГО КАЖУВАТЕ НА СЕГА ПОКОЈНИОТ АПОСТОЛСКИ НИШТО НЕ МУ ЗНАЧИ...ТОА ШТО СЕ МУ ПОНУДИЛЕ СТОЛЧЕ НА НЕКОЈА МАНИФЕСТАЦИЈА НЕ Е СООДВЕТНО НА НЕГОВАТА ВЕЛИЧИНА НЕЛИ ?
Златко, 09.08.2012 09:12:28
Секоја чест другар генерале!
Коста Стоименовски, 09.08.2012 09:17:58
Господине или ако Ви е помило Друже Генерале Мој покојни чичко артилерец, кој учествуваше во побуната на Божик на Скопското Кале 1945 и на Сремскиот фронт, тврдеше дека Ген. M. Апостолски ги убедил побунетите да се вратат во касарната со зборовите: „Каде сакате да одите? Во Солун се Англичаните и сите ќе изгинеме.“ Немам намера да ги омаловажувам улогата и придонесот на Ген. М. А. но Ве молам како врвен воено-политички аналитичар на мак. јавност да и објасните како и зошто на крајот на Втората СВ определувањето на побунетите: „Нејќеме на Берлин, сакаме на Солун“, беше прогласено за авантура, а сепак по завршетокот на оваа војна (1946-1949) ФНРЈ (и НРМ) се впушти во авантура со грчките комунисти што придонесе за егзодусот на Македонците од ЕМ и создаде проблеми кои и денес ги оптоваруваат односите меѓу Мак. и Грција, вклучувајќи го и проблемот со името. Токму оваа авантура Грција и се��а ја користи како безбедносно загрозување на регионот.
milan, 09.08.2012 09:30:53
Druze generale,bi sakal da dopolnam nekolku zbora na vasata predobra statija.General Apostolski e eden od 2-3 doktori na voeni nauki vo JNA.Cenam deka mladata generacija treba da go znae toa.Jas i vo vcerasniot moj komentar napisav deka na vlast se decata na vrhovistite i pristalicite na Todor Aleksandrov,pa otuka ni predstojuva teska politicka borba R.Makedonija da se vrati na prav kolosek.A vie druze generale uste dolgo da ni ziveete i so vaseto ostro pero da pridonesete kon prikazuvanjeto na nasata vistinska istorija.DRUGARSKI POZDRAV.
читателка2, 09.08.2012 10:05:31
Aбе Коста, се е јасно ако сакаш да ти биде јасно. Сто пати е повторено, но очигледно не допира до #солун е наш#задоените мозоци. Не можеш да одиш на Солун и против Англичаните едноставно затоа што сите тие биле сојузници во војната, капираш? Евентуален воен плен нормално се ќарува од непријателот, во случајот Берлин и Трст. Па и без тоа, Трст како што знаеш не беше добиен. Лудо е да мислиме дека работите зависеле од нас а не од поголемите сили. Затоа е само за почит ако генералот сакал да спречи поголеми и залудни жртви. Од друга страна, пост воената граѓанска борба во Грција за востановување комунизам и во Грција (денешниве големи подржувачи на егејското прашање забораваат дека ако успеела борбата, ќе бил воспоставен и во Грција за нив омразениот и сега лустриран комунизам) е нормално да биде подржувана како идеолошка категорија, а не воен плен.
Do Kosta, 09.08.2012 10:52:03
Za mene Solun e bil i ostanal golema makedonska iluzija i glupost, kako i toboznoto sakanje na Solun, namesto na Srem. Ma ne sakale ni tamu, ni vamu, nego doma! No zoshto so ovie gluposti im uporno davame asovi vo racete na grcite. Ne utepaa so nashite karti. Solun nikogash ne e bil nash, nitu pretezno naselen so nashinci (makedonci). Realno i istoriski gledano, povece e Istanbul grchki, odoshto Solun makedonski. A nikogash ne slushnav deka grcite ke go osvojuvat Carigrad. Zatoa da prekineme so tie nerealni zelbi i teshki gluposti i da im davame na grcite *za pravo*. Od druga strana, odenjeto na Srem-ima li smisla! Pa kako ne, ne mozesh da bidesh izoliran i sebichen, posebno ne vo svetskata euforijta so pobedata vrz germancite i fashizmot koja e bila ochigledna. Vo toj moment za site voeni sili e postoel samo eden patokaz-Berlin! Na kraj od kraishtata, shto pa sega barame vo Irak i Afganistan, nemsto da odime na Solun? Odleprshajte so taa patriotska/idiotska prikazna. Stvarno, dosta e!
Aleksandar Laka, 09.08.2012 12:58:36
Osobeno vniamnie zasluzuva prasanjeto od ambasadorot kako edna ista rabota vo januari 1945 e gledana niz edna prizma,a po godina i kusur niz sosema petnaesta.A Apostolski mislam deka bil cenet i deka taa pocit i golemiot broj pocituvaci i prijateli bile klucni za da moze da se aktuelizira podocnezniot pretsedatel Gligorov.
ODNADVOR, 09.08.2012 13:13:19
Nekoi pomegju nas,na vremeto , deca kako vo magla se sekjavame za zbivanjata vo poreiodot na II svetovna vojna i na partizani , zemajki vo predvid deka sekoe semejstvo imase po nekoi zaminat da se bori za oslobodena Makedonijja, od sonistata na nasite pretci (sto e drugo prasanje pôvrzano so vemeto i istoriskite moznostoi). Vo sekoj slucaj, nie Makedoncite blagodarenie na Partizanite i nivnite vodaci patrioti, dobivme za prvpat priznata Drzava.Vam Gospodine Atanasovski,vi ostavame amanet da pisuvate poveke za toj del od nasata istorija oti denesnive mladi kako da nema koj da im ja kaze vistinata;od strav ili tendenciozno.Vi blagodaram za detaljite vo vrska so Gen. Apostolski zalno podzaboraven iako Itar Pejo ne ja razbraa recenicata, mladiot STUDENT-tipicno denesno mlado indokrinirano ,a komentarot na Kosta St.me iznenadi.OSOBENO ostava silen vpecatok,krajot na vasiot tekst,tocen, iskren,no kurazno zavrsen kako sto vi dollikuva .Da ve citame, nanovo Gospodin Generale
melbourne, 09.08.2012 14:00:05
Do Kosta,dosega mislev deka si realen komentator,ama sega go negiras toa,zosto zboruvas Makedonija protiv Golemite sili???pa od kade si coveku!?Znaci goleminata na M.Apostolski se gleda po toa sto sogleduva deka makedonski sinovi ke izginat,a ima i opasnost da ne ni dadat(golemite sili) da formirame drzava.Toa denesnite GOLEMI patrioti, vodaci na Makedonija, ne go potencirale za generalot,vo nitu eden moment.
До Коста Стојменовски, 09.08.2012 14:18:16
А , кој ве спречува денес да тргнете на Солун? Народот таму со воодушевување (и стапови) ве чека! Напред ,патриоти!
Ајван Доктор®, 09.08.2012 16:33:13
„Дојде 6 април, авионите „Штуки“ го нападнаа Кавадарци. Војската се разбега. Митролезите на местото каде што се вежбаше останаа без посада. Јас и моите другари отидовме на митролезите и удривме по Штуките.Арно ама, авионите ни се свртија нам и едвај живи глави извлековме. Кога се вративме дома, изедовме добар ќотек. Таа детска игра излезе многу сериозна и опасна и за малку ќе изгиневме.“,вака авторот раскажува за своето учество во НОБ(„Глобус“16.9.2008)!Еднаш,пред неколку години (во време на СДСМ)во Сојузот на борците ми се пожалија дека ВМРО им ги одзеле сите права и привилегии!Следуваше моето логично прашање:зошто тогаш СДСМ не ви ги вратат?Не добив одговор,освен неколку грди довикувања!Организацијата ја имаат превземено луѓе кои многу подоцна се имаат вклучено во НОБ,па не знаат ништо освен тврдењето дека Македонија сама ја извојувала својата победа!Историјата раскажува дека Заседанието во „Прохор“е одржано токму заради заедничките дејства на Врањските и Кумановските партизани!
do Todor i milan, 09.08.2012 18:36:37
Generalot Apostolski bese degradiran od SKM,a sega SDS bidejki ne mu podignaa ni eden spomenik.So kogo vie od SDS ke vodite borba za vrakjanje na Makedonija na kolosek po vasa mera?So bugarofilot Ljubco.
bezanec, 09.08.2012 19:58:54
Како граганин продолжувач на Сојузот на борците на Македонија ,ви се заблагодарувам и ве молам пишувајте уште почесто додека биолошкиот процес,не си ја заврши својата работа. Друже генерале да сте жив и здрав пишувајте.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 30°C, Мин: 14°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорд за Давид Рудиша од Кенија
Кениецот во трката на 800 метри златниот медал го освои со време на нов светски рекорд – 1:40.91 минута...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 13.ден
По тринаесеттиот натпреварувачки ден 80. држави имаат освоено медали...
Болт без конкуренција
Јамајканецот влезе во историјата на Олимписките игри како првиот атлетичар кој успеал да го одбрани златниот медал во тр...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |