Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
08.08.2012, 17:49

Прилепчани останаа без летување и без пари

Туристи кои требало да летуваат во Грција и во Шпанија ја обвинуваат туристичката агенција „Вијаџо“ за измама

Моника Талеска

Прилеп - Група прилепчани кои требало да летуваат во Грција и во Шпанија, ја обвинуваат туристичката агенција „Вијаџо“ од Прилеп за измама. Тврдат дека парите од аранжманите, во висина од 500 до 3.500 евра, не легнале на сметките на хотелите, ниту, пак, имало резервации на нивни имиња.

Измамата велат ја откриле случајно, откако пред два дена чуле за непријатните искуства на друга група граѓани кои тргнале на пат за Палма де Мајорка. Дел од несудените прилепски туристи не стасале во Шпанија и покрај уплатениот аранжман, бидејќи им било побарано да доплатат за авиобилетите. Оние, пак, кои се решиле да ги дадат парите и сепак да заминат на летување, се соочиле со нов проблем кога стигнале. Во хотелите каде што требало да престојуваат немало резервации на нивни имиња, а на една група аранжманот им бил скратен за неколку дена, иако имале платено за подолг престој и тоа плаќале во кеш, со каса-прими. Сега тие најавуваат тужби, а случајот го пријавиле и во полиција.

Овој случај предизвикал сомнеж кај оние што допрва требало да патуваат, па почнале самоиницијативно да проверуваат по хотелите каде што требало да бидат сместени. Но, и нив ги чекало непријатно изненадување.

„Требаше да заминам на летување со семејството, со едногодишно дете. Но, кога проверив во хотелот во Грција, ги немаше нашите имиња. Веднаш дојдов овде и заклучив дека сме измамени. Затоа сега си ги бараме парите назад. Но, ни велат дека сега немаат пари да ни вратат. А кога ќе имаат? Ние уплативме во кеш, на каса-прими“, реагираа револтирани летувалците кои останаа без пл��нираното летување, но и без пари.

Тие го ангажираа адвокатот Стеван Ацески да ги застапува нивните права пред судот. Тој, пак, всушност, е и еден од летувалците и тврди дека станува збор за класичен случај на измама.

„Ова е класична измама, сега државата треба да преземе мерки. Ние случајот го пријавивм�� во полиција, но на ред е Обвинителството, треба да се поведе истрага и да се утврди што се случило. А, ние натаму ќе бараме и обесштетување“ , изјави адвокатот Ацески.

Додека туристите во просториите на агенцијата „Виаџо“ вознемирени чекаа да им ги вратат парите, или барем некој да им каже кога ќе ги добијат уплатените средства, сопственичката на агенцијата, Јасмина Јорданоска тврди дека се одлучила на ваков чекор, со откажување на аранжманите за да спречи натамошни проблеми.

„Проблемот започна со групата за Палма де Мајорка. Ние не сме виновни што се зголемени цените на авиобилетите, па на некои туристи им била побарана доплата на аеродром. Имавме проблем и со веб-страницата за резервации преку интернет и не можевме да ги потврдиме резервациите. За да немам проблеми и со другите групи, одлучив да ги откажам сите аранжмани, бидејќи, навистина, ова се големи проблеми и нервози“, вели Јорданоска, сопственичката на „Вијаџо“.

Од агенцијата истакнуваат дека сите пари на групата за Шпанија им се вратени, а во најкус можен рок до денар ќе им бидат исплатени парите и на другите граѓани.


Статијата е прочитана 4032 пати.

Испрати коментар



Параглајдерист загина кај Виница
Сослушан заштитениот сведок за убиството на Марјан Тушевски



Boban-Prilep, 09.08.2012 07:20:32
Тоа се секогаш истите луѓе. Познати измамници и шарлатани. Катастрофата е во тоа што Љупчо Босо овај пат за измамата ги користел сопствените ќерки!!!!!!!!
Skender Beg, 09.08.2012 13:59:14
имаше кај нас многу случаи на измама; но овие измами се оквалификуваат како обликационен однос, т.е. се решава со тужба за надомест на штета.. (неумри магаре до зелена трева). па и нивниот адвокат ако ја застапуваше агенцијата така ке кажеше... работата е да има ефикасна инспекција која ке одрапи висока казна па да не им текне повеќе...
ace, 09.08.2012 23:24:02
Lupcosamonarecen Boso e poznat kriminalec vo Prilep Momentalno vozi nova kola duri ni markata ne mi bese poznata . Malkumina znaat deka ne taka odamna na ime na retardirana devojka Bosiot Lupco si podigna kredit podmetnuvajki i da se potpisi . Ovaj pat otisol uste podaleku pa sopstvenite kerki gi vovlekol vo izmama ili po prilepski aramilak

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 30°C, Мин: 14°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорд за Давид Рудиша од Кенија
Кениецот во трката на 800 метри златниот медал го освои со време на нов светски рекорд – 1:40.91 минута...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 13.ден
По тринаесеттиот натпреварувачки ден 80. држави имаат освоено медали...
Болт без конкуренција
Јамајканецот влезе во историјата на Олимписките игри како првиот атлетичар кој успеал да го одбрани златниот медал во тр...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |