Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
08.08.2012, 18:00

Ало, „Пајак“, има возило паркирано пред мојата куќа!

На 072-253-253 може да се побара услуга општинскиот „пајак“ на Центар да тргне непрописно паркирано возило

Деспина Трајковска



„Конечно, го решивме проблемот со несовесните што ни паркираа пред влезот и гаражата на куќата, иако е јасно истакнато ‘Не паркирај, гаража‘. Благодарение на услугата што ја нудат од ‘Паркинзи на Општина Центар‘, веќе немаме секојдневни проблеми, што беше случај откако пред неколку години профункционира кафе-шемата на ‘Ленинова‘“. Вака коментира една повозрасна жителка на Дебар Маало, која во изминативе триесетина дена два пати побарала интервенција од Пајак-службата на Општинското јавно претпријатие и која за кусо време и' излегла во пресрет. Со едно јавување на дежурниот телефон, „пајакот“ одговорил на повикот и го отстранил непрописно паркираното возило.

Токму ваква е постапката за да се добие интервенција на Пајак-службата по повик на граѓани. Од претпријатието објаснуваат дека секој може да побара „пајакот“ да интервенира на терен, нормално, доколку е основано.

„За оваа намена на услуга е телефонот 072-253-253. Граѓанинот единствено треба да објасни од кои причини бара ’пајакот‘ да интервенира и доколку утврдиме дека барањето е основано, веднаш излегуваме на терен“, вели Маргарита Бакев, директорка на претпријатието.

Таа појаснува дека откако им профункционирала Пајак-службата, просечно дневно се регистрираат по 25 повици од граѓаните кои од разни причини бараат помош од „пајакот“. Најчесто, вели Бакев, граѓаните бараат „пајакот“ да крене возило кое непрописно им се паркирало пред влезот на гаражата, на приодот до куќата или, пак, неоправдано им го изб��окирало возилото.

Најчесто повиците на дежурниот телефон се од реонот на Дебар Маало и Универзална сала, а имало и барања за интервенција на „пајакот“ и во делови на Капиштец. Постојано на услуга на граѓаните, како што велат од „Паркинзи“, е едно од засега двете пајак-возила со кои располага претпријатието. Во иднина е планирано пајак-службата да се прошири.

Од „Градски паркинг“, пак, не планираат да им понудат слична услуга на скопјани. Не дека не сакаат, туку, како што велат, тоа е тешко изводливо на терен. Не сакаат да коментираат на кој принцип работат од „Паркинзи на Центар“.

„Тоа е сложена работа, бидејќи за секоја интервенција на ’пајакот‘ е потребна и асистенција на полицијата“, накусо одговараат од „Градски паркинг“.

Инаку, непрописно паркирани возила по улиците секојдневно ловат вкупно осум „пајаци“. Шест од нив се на „Градски паркинг“, а два на општинското претпријатие на Центар. И двете претпријатија наплаќаат речиси идентични казни на прекршителите. Единствената разлика е што градските „пајаци“ подигаат возила низ цело Скопје, додека оние на „Паркинзи“ само на територијата на општината Центар и тоа непрописно паркираните на општински улици.


Статијата е прочитана 1966 пати.

Испрати коментар



Снајди се, па живеј
Се чисти каналот Мала Рада
Основците од „Гоце Делчев“ ќе добијат фискултурна сала



Смрт за зони и пајак возила, 09.08.2012 01:21:57
Oва е срамно и гнасно... Јас ова ќе го пратам во Стразбур.. Кој направил прекршок да го казнува некаква директорка која „ стопанисува и поштено заработува “, „ правејќи ред и одстранувајќи го хаосот “ Република Македонија е Правна држава.. има Устав има Закони... Во Законот за кривична постапка член 3 став 2 гласи: Кривичната санкција на сторителот на кривичното дело може со одлука да му ја изрече само надлежен суд во постапка спроведена според овој закон. Како не им е срам ... Има ли во Општина Центар барем еден правник. Слушнале ли тие за Habeas corpus
(ne)sovesen, 09.08.2012 08:09:54
Ne se tie nesovesni, nego nema kaj da parkiraat. Lugjeto sto rabotat vo centar ne rabotat tamu po svoja volja i sekoj den trosat desetici minuti za da najdat parking stotici metri od rabotnoto mesto. Vo sprotivno treba da plakaat po 50 denari na cas i da ja pomestuvaat kolata sekoi dva casa. Razmisluva li nekoj za ova?
Mapkoc, 09.08.2012 09:52:24
Белграѓаните одамна нашле ефикасно чаре. Пред влезот во гаража, на пример, стават табличка со предупредување: не паркирај, бушим гуме! И сам тоа го искусив (две дупнати гуми), не е важно што друг го паркирал количето. И денденес има коџа вакви предупредувања.
Ристе, 09.08.2012 10:22:21
Луѓето вработени во паркинзи Центар не се виновни,виновни се тие кои ги изгласале одлуките а тоа се нашите ни советници од сите политички партии.Не ми е јасно како се кренаа 2 прста и одлучија дека износот кој треба да го платат вработените кои работат во фирмите на посочените локации изнесува 2.000,00 ден месечно.Советниците и креаторите мислат дека заработуваме колку нив или тие 2.000,00 ни се вишок кој ни останува па да ни го земат???? Треба да има ред,ама износите се малку повеќе од реални. 500,00 денари е реалната сума која треба да биде а не 2.000,00.Сериозно да се запрашаат сите дигатели на 2 та прста дали ако и тие треба да плаќаат тоа би го гласале???Ова може само да го изгласа оној кој не го засега проблемот.Секој друг реално би гледал на работите.
graganin od Ulica Leninova, 09.08.2012 10:46:41
Celosno go pozdravuvam resenieto na opstina Centar za otsranuvanje na vozila koi se nepropisno parkirani . Ziveam na ulica Leninova i postojano moeto vozilo e blokirano od nesovesni vozaci koi sedat vo kafeani , a vozilata gi ostavaat na ulica i go blokiraat soobrakajot . Ne mi e jasna informacijata na citatelot koj ke se zali vo Strazburg. Dali istiot go podrzuva nepropisno parkiranje ? Dokolku sakate da odite na rabota ili vo kafeana ne moze voziloto da go parkirate nepropisno i blokirate dvizenje na drugo vozilo .
Keti, 09.08.2012 10:58:55
(Ne)sovesen ke si odi so avtobus kako segde u svet!
Жител на општина центар, 09.08.2012 11:55:47
Ако граѓаните што работат во Центар немаат каде да се паркираат нека го користат јавниот градски превоз.
сузе, 09.08.2012 12:54:03
Навистина срамота!Зарем им се малку парите што ги земаат од казни па сега треба и ние граганите да се пријавуваме мегусебно?Дали и овој вид кодошење ќе се лустрира?
Avtobus, velosiped i pesacenje, 09.08.2012 13:17:07
Zosto site smetaat deka na rabota mora da se odi so avtomobil? Velime deka nemame pari, ekonomskata situacija e losa, a nautro ulicite se prepolni so avtomobili so po eden ili dvajca patnici! Sto e javniot prevoz, vozenjeto velosiped, motor, pa duri i pesacenjeto? Vo Holandija i Slovenija site odat na rabota so velosipedi, vo Italija doterani luge se vozat kon rabotnite mesta so vespi. Izgleda na makedonceto mu e pod cesta da se vozi so bilo sto drugo osven so nov avtomobil. Za toa ima pari, a i za benzin, samo parkingot ni e skap. Treba da bide uste poskap, a avtomobilite da si gi ostavate doma!!!
Mile, 09.08.2012 15:03:31
ili tie sto ziveat vo centar da nemoze da imaat privatni vozila, neka koristat i tie gradski prevoz. :-)
oh, 09.08.2012 19:32:12
Si slushnal deka krivicna i prekrsocna postapka se dve razlicni raboti?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 30°C, Мин: 14°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорд за Давид Рудиша од Кенија
Кениецот во трката на 800 метри златниот медал го освои со време на нов светски рекорд – 1:40.91 минута...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 13.ден
По тринаесеттиот натпреварувачки ден 80. држави имаат освоено медали...
Болт без конкуренција
Јамајканецот влезе во историјата на Олимписките игри како првиот атлетичар кој успеал да го одбрани златниот медал во тр...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |