Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
08.08.2012, 17:27

Дали во Македонија, навистина, се живее убаво?

Во Евро-барометар 64 осто од граѓаните се изјасниле дека се сосема задоволни од животот. Реалност или резултат на медиумските кампањи со позитивен набој?

Наум Котевски



„Ако пиперките и доматите претставуваат стандард тогаш се' е в ред.... тука некој некого прави будала“, „аман не објавувајте вакви анкети, зарем сакате 80 милиони Германци и 60 милиони Французи да дојдат во нашиот рај“, „имаме полош стандард во споредба со сите други, а позадоволни сме од нив - социолози, па и психијатри повелете имате теми за докторати“...

Ова се само дел од циничните коментари на читателите на електронското издание на Утрински весник под анкетата на Евро-барометар, која, неочекувано, откри дека 64 отсто од Македонците се целосно задоволни од животот што го имаат во моментов, а 13 проценти се многу задоволни. На првите практично не им недостасува ништо.

Во истата анкета, во која граѓаните како главен проблем ја издвојуваат невработеноста, над 53 осто одговориле дека се задоволни од финансиската ситуација во нивното семејство, што е повисок процент од десетина земји од Европската унија, или аспиранти за членство, меѓу кои и Шпанија (49 осто), Италија (48), Унгарија (26), Црна Гора (31), Србија (29)....

На што е резултат доминантниот став на граѓаните дека тука цветаат рози, сосема спротивен на „Економист“, кој, пак, не прогласи за најсиромашна земја? Побаравме мислење од универзитетскиот професор, социологот Илија Ацески. Откако слатко се изнасмеа на коментарите на читателите, како доказ дека барем духот не ни е умрен, Ацески вели дека не е прв пат да се јават такви противречности.

„Лично сметам дека анкетата на Евро-барометар е коректна во смисла на бројките. Односно не е политички инструирана. Но, тука постои една многу битна психолошка сложена компонента во голема мера дозирана од медиумите кои зборуваат со исклучително позитивен набој. Тие ја детерминираат свеста на граѓаните. Истото го прави и Владата преку интензивните кампањи за своите успеси, приливот на инвестиции... И затоа повеќето, во зависност и од прашањето, во брзиот одговор прават конструкција дека е добро“, вели Ацески.

На прашањето дали постои разлика во одговорите кај граѓаните кога анкетите ги прават домашни институции и странските, како што е во случајот со Евро-барометар, професорот вели: „И тоа е дел од таа психолошка компонента која ја споменав. Може да се отиде и во некоја крајност да не ја признавате својат беда пред другите“.

Според Ацески, реалноста е малку поинаква, и затоа анкетите во суштина имаат многу манипулативно во себе. Како што вели професорот, подиректните прашања, како оние во кои се бара мислење од граѓаните дали им веруваат на институциите, даваат пореална слика. Во случајов според анкетата на Евро-барометар 67 проценти не и веруваат на Владата, а 69 отсто немаат доверба во парламентот.

„Македонците во принцип не им веруваат на институциите. И јас сум правел многу анкети во кои незадоволството било големо“.

Сакајќи да ја објасни психологијата на македонскиот граѓанин при одговарањето на анкетите, Ацески потсети на неодамнешната студија „Религиозност и атеизам“ на „Галуп интернешнл“. Според истражувањето 90 отсто од анкетираните одговориле дека се религиозни, што е најголема бројка во Европа, а четврта во светот по граѓаните на Гана, Нигерија, Ерменија и Фиџи.

„Тоа е сложен феномен. И тука не влегуваат само оние кои веруваат во Господ, туку и оние кои веруваат дека постојат некаква поголема сила. Но, интересно е тоа што кога на времето се правеа анкети ние важевме за нација која е малку религиозна. Сега во еден поинаков амбиент, кога религиозноста стана, условно речено, мода, тогаш доминираме во тие бројки“, посочува Ацески.

Во анкетата на Евро-барометар, на прашањето дали зборувате со пријателите за домашната политика, 61 процент одговориле дека секогаш зборуваат. Резултатите од другите земји, пак, ги демантираат тезите дека во светот луѓето помалку зборуваат за политика. Во Франција, на пример, тој процент изнесува 77 отсто, во Британија 66, во Холандија е 91 отсто, Австрија 83, Германија 86...

Си-Ен-Ен

Македонија е со највисока стапка на невработеност

Меѓународниот монетарен фонд не објавува статистики за невработеност за секоја држава - но од оние што ги има на списокот Македонија има највисока стапка. Во 2012 невработеноста во оваа земја е проектирана на високи 31,2 отсто. Оваа стапка упорно се одржува со години наназад, и покрај солидниот ако не и спектакуларен економски раст, што укажува на тоа дека проблемот лежи во структурните реформи, се вели во кусата информација на светската телевизиска мрежа од 7 август 2012. Посматрачите често забележуваат дека официјалната статистика на невработени не го вклучува таканаречениот сив пазар во земјата, за кој се смета дека зазема значаен дел во вкупната економска активност на Македонија, се вели во текстот.


Статијата е прочитана 3140 пати.

Испрати коментар



Свињите ја заменија Топилницата во Велес
И уште нешто
Кој е монахот што му бакна рака на Путин
Градот под Шара се заглави во ѓубре, депонијата во тендерот
Екологија - Се кренаа отрови од депонијата во Тетово



Itar Pejo, 09.08.2012 00:25:22
Logicno i koherentno. Zemjite kade sto lugeto ne se zadovolni od uslovite na zivot regiraat, se buntuvaat i uspevaat da si ja podobrat situacijata. Mentalitetot na makedonceto e: navedena glava sabja ne sece. Partijata na vlast toa dobro go znae i go koristi i zatoa uste dolgo ce ostane na vlast.
jovan, 09.08.2012 00:34:14
Srekata/zadovolstvoto se relativno nesto. Sekoj gi dozivuva na svoj nacin. Nekoj i so milioni na smetka, veli deka ne e sreken, a nekoj i so prazni dzepovi se oseka zadovolen. Sto se odnesuva do Makedoncite, vo globala poveketo i se zadovolni so piperki i krastavici. Ako ima i za pivo, ke bidat uste posrekni. Ziveam povremeno vo stranstvo/Canada, i ovde ogromen del od Makedoncite se prezadovolni iako na mnogumina rabotnoto mesto im e od onie najniskite vo ova opstestvo, primanja nisto posebno, standard osreden... no se edni od najzadovolnite luge ovde, bidejki znaat kako im bilo vo Makedonija. Ostanatite(pred se Anglicanite, Francuzite...)bi padnale vo ocaj da se na mestoto na Makedoncite. Mnogumina ke vi jacitiraat onaa nasa stara izreka *Neka bide mir pa ako treba leb i sol ke jademe*. So toa i den denes se tesime pa zatoa so piperkite i patlidzanite sme prezadovolni. Donekade i nema nisto loso vo toa, no zivotot ne e samo da imas za jadenje. Ima i drugi nesta.
Трпе, 09.08.2012 00:37:13
Тооочнооо е дека вооо Маакеедоннија се живеее многууу доообброоо само не сакат даа кажжжат за да неее гии прооглааассат зааа кодошшшшши.
Mapkoc, 09.08.2012 00:59:14
Ова не е сериозна информација - од проста причина да не е даден вкупниот број на учесниците во анкетата на Евро-барометар. Без тој податок силните проценти во текстов одвај нешто да значат. Белки е јасно дека не е исто дали се анкетирани десет, сто, иљада или десет иљади души. Просто речено, поголем број на анкетирани граѓани значи и поголема вредност на анкетата, нејзината релевантност. Затоа е ова очигледна утка, пред се’ на авторот, али и на уредникот.
bibi, 09.08.2012 04:53:53
Da bese arno i jas ke si sedev vo mkd, a ne sega da si se smeskam od tugina (AUS). A se prasuvam i zosto ne se zaletav da se vratam doma koga veke tolku e sjajno? Ne! Duri bev tamu mislev deka vo makedonija e loso. Ama sega koga vidov kako e nadvor, si velam deka vo makedonija e najloso. Ne sum bil svesen kolku bilo loso. A ovie pisuvacite na anketi mozat da tresat kolku sto sakaat. Otvorete im gi ocite na lugeto, neka vidat kako na drugo mesto se zivee, i se ke vi bide jasno.
satanco, 09.08.2012 06:32:57
lesno e so makedoncite. za da se zadovolat dovolno im e 30 kg hajvar godisno i SITEL tv. toa e nivniot svet. kako amebite
mile, 09.08.2012 06:57:18
Толку убаво се живее во рајот на Груевски, што за 6 години негово владеење 500000 Македонци ја напуштија државата.............значи према Латас (доктор по новинарство) живееме во виртуелниот свет како во Швајцарија................
makedonec, 09.08.2012 11:01:08
Ценарот за комуникациии на владејачката партија под итно да ги растресе овие ‘‘некомпетентни‘‘ анкетари.‘‘Како можат да истресат такви глупости.Сто посто анкетите им се правени во канцеларија.Не е точно дека народот не е задоволен.Народот ужива во балгосостојба.Од каде неврабетонест.Лага е. Па власта толку многу напори вложи да избрише цела плејада од Аг.За Враб.Кој се осмелува да ги минимизира успесите на оваа власт.На секој чекор само позитивни дострели.Затоа социолозите и психолозите да се позанимаваат малку со народот.По се изгледа нешто не е во ред со него,а не со власта.‘‘
realist, 09.08.2012 12:18:58
Kako moze da se kaze deka dobro zivee koga 320.000 nevraboteni imame. Ovaa brojka ako se pomnozi so 4 (4 clena familija) se dopbiva brojka 1.280.000. A toa znaci deka %60 od naselenieto gladuva. Gladuvanjeto ako e sreken zivot, togas Makedonija e raj.
A ko broi glasove? Mi druze Latas., 09.08.2012 12:21:55
Procentot na zadovolstvoto od ziveenjeto i ne zadovolstvoto od vladata e priblizno isto. Tuka treba da se bara reshenieto na paradoksot. Spored mene, ova kazuva deka nabrgu ovaa nenarodna vlast ke ja shutnat i zatoa se srecni i zadovolni. Druga prichina za sreca i zadovolstvo stvarno ne gledam. Pa nitu eden germanec, francuzin, italijanec, grk ili bilo koj drug nezadovolen evrpopjanin ne gledam ni kako turist, a kamoli kako novodojdeni vo rajot narechen FIROM. Ili anketata ja pravel Evro-barometar, ama izveshtajot go sostavil Latas. Naj verovatno, toa ke da e!
Никола, 09.08.2012 12:48:55
„...откри дека 64 отсто од Македонците се целосно задоволни од животот што го имаат во моментов, а 13 проценти се многу задоволни....“ Штета што не можам директно на му пишам на новинарот, но се надевам ќе му посредувате. Во анкетата стои дека 13% се многу задоволни со својот живот, а 51% дека се прилино задоволни, што заедно е 64% на задоволни луѓе, бројот што го цитирате. Значи, не се 64% целосно задовоолни, туку 64% е вкупниот број (Total) на задоволни луѓе. Огромна разлика е тоа. Проверете уште еднаш во документот од Европската Унија и поправете ги бројките, оти на овој начин изнесуваат тотална невистина. Оттаму доаѓа и чудењето на читателите и чудењето на новинарот, од погрешно разбирање на податоците. Инаку, ако споредиме со другите земји, од вкупно 33 за кои има резултати, Македонија е на 25 место по задоволство. Значи не е баш така високо, без разлика какви се бројките. Словенија е на 11, а Хрватска на 20. Ве молам објавете, за да нема забуна кај читателите.
vesna, 09.08.2012 12:50:31
pa moze i se zivee poubavo posto naiste sfatile deka nadvor ne e podobro - osebeno sega- so ekonomskata kriza site placat. pa i ne e taka loso doma - najskreno totalno apoliticne stav - ama site ekonomii se vo stagniranje i recesija - kaj nas se gradi i se nosi ponekoja investscija - pa kako i da se se trudat. Kolku tolku - po nesto
mene, 09.08.2012 14:04:47
Od mesoto se dobiva holesterol i trigliceridi , pa zosto da ne bideme zadovolni od patlidzanite i piperkite. Sepak najvazno od se e deka skromnosta e najgolema osobina, samo skromni luge doagaat do visoki rezultati. Pogledajte gi Kinezite , mnogu rabotat , skromno ziveat , samo taka se odi napred.
od ostrijot, 09.08.2012 19:51:52
dali vo makedonija podobro se ziveje zavisi koj kako natoa gleda luge koj nese videli podobro za niv e toa super a luge kojse videli podobro za niv e toa katastrofa.
krste, 09.08.2012 20:23:56
дефинитивна потврда на теоријата дека овде живее шутрачки народ.............и честитам на Најчевска Мирјана за точно поставената дијагноза................
Mike-London, 09.08.2012 20:37:55
Poznata izreka na eden ekonomist: Biznisot ne vi e neprijatel,biznisot vi e prijatel,vladata vi e neprijatel,taa ve reketira i krade!!!
Mene, 09.08.2012 23:02:33
Lugjevo navistina gi udrija gorestinive v glava!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Сабота
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорд за Давид Рудиша од Кенија
Кениецот во трката на 800 метри златниот медал го освои со време на нов светски рекорд – 1:40.91 минута...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 13.ден
По тринаесеттиот натпреварувачки ден 80. држави имаат освоено медали...
Болт без конкуренција
Јамајканецот влезе во историјата на Олимписките игри како првиот атлетичар кој успеал да го одбрани златниот медал во тр...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |