05.08.2012, 17:05 Мое ќоше
Ѕидот на срамот
Ерол Ризаов
Македонија веќе има три кинески sида на плачот
Хрватите го изградија својот sид на срамот. Не е на плачот како оној на Евреите во Ерусалим, ама до солзи ги натажува и до хистерија ги засмејува граѓаните на „Лијепа наша“. Јавно се објавуваат имињата на луѓето кои го криеле долгот кон државата, односно на луѓето кои, со други зборови, им краделе од парите на сите граѓани од заедничката каса. Има толку звучни имиња на големи патриоти, чувари на моралот, на политичари, успешни деловни луѓе, научници, новинари, спортисти, личности од културата и уметноста, од естрадата што дури и на најсомничавите им се врти во главата. И додека многумина кај нас се прашуваа дали е можно во Македонија да осамне ваков sид на срамот,не ни забележавме дека кај нас веќе има три кинески sида.
Еден од тие sидови е на тазе лустрираните граѓани каде со закон на линчот им е резервирано место исклучиво на политичките противници и критичари на власта. На овој sид на плачот нема место само за вистинските кодоши, нивните наредбодавачи и корисници на услугите, нема место за жртвите и страдалниците од кодошлукот, а ни малку не смее да има место за актуелните политичари кои се на власт. Скутот на власта останува најбезбедно место за сите кодоши.
Секоја вечер со амин на власта медиумските труби хистерично жигосуваат граѓани на Македонија. Отворен е лов на вештерки без ограничувања. Примитивизмот и провинционализмот царуваат соблазнувајќи се од ниски страсти. Колективно во 3Д-технологија гледаме дење-ноќе тврди „порничи“, уживајќи перверзно што пријателите и комшиите ни ги набиваат на кол. И потоа соучеснички како кукавици молчиме, за кога ќе ги сретнеме со лицем��рие да им кажаме дека сочувствуваме со неправдата која им се нанесува. Не знам каде ке им оди душата на нарачателите на ова злодело, но знам дека нивните деца ќе се срамат од своите предци кои во битката за власт грубо го газат Уставот на државата и достоинството на луѓето.
Да не беше така прво ќе им се одолжевме на страдалниците и на македонските дејци кои беа жртви на кодошите. Особено на оние кои гниеле невини по затвори по монтираните судења. Во нови процеси за нивна судска и политичка рехабилитација како што налага правната држава ќе ги чуевме имињата на соработниците на тајната полиција, на нарачателите, корисниците и на судиите на тие монструозни судења. Тоа ќе беше вистинското просветлување и опомена да не се повторуваат темните страници од историјата и да се заштити демократијата доколку и денес има луѓе во власта кои некогаш се огрешиле со кодошење и нанеле голема болка и страдања. Наместо тоа, сведоци сме на страшна вулгаризација и тажен сеир на лустрацијата која станува брутална одмазда по законите на Дивиот Запад. Сигурен сум дека по извесно време ќе има лустрација и на денешните наредбодавци и нарачатели на ловот по кодоши кои во битката за власт ништо не прочистија и не просветлија туку само сеат нова уште подлабока омраза низ Македонија.
Вториот наш sид на срамот беше поставен уште пред некој месец во медиумите каде што најпатриотската партија со револуционерно име ги објавуваше сликите и имињата на симпатизерите и членовите на опозицијата и нивните деца, татковци и дедовци, мајки и сестри, како најголеми душмани на татковината. Третиот срам осамна по sидовите на зградите по скопските улици и мостови кога почнаа да се бришат имињата на народните херои и борци кои загинале за слобода на Македонија, а на нивно место да се испишуваат имињата на нивните убијци.
Четвртиот, кинески sид по хрватскиот урнек би бил наменет за должниците кон државата, односно затајувачите на данок, кој би требало да се постави во центарот на Скопје.
Тој ѕид додека е оваа власт нема да се изгради. Едноставно не може да се објават јавно најголемите должници на државната каса затоа што во оваа држава најголем должник е Владата. Не е баш згодно да се објавуваат имињата на криминалци што затајуваат данок и не ги плаќаат своите долгови кон државата, а истовремено државата да биде со најголеми букви на sидот на срамот.
За плачење сме. Нели? |
|
Статијата е прочитана 4927 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 06.08.2012 00:43:26 | Alcnosta i zedta za vlast ne bira sredstva. Svasta ke izmislat i na sve se spremni (bukvalno na sve) samo i samo da ne ja izgubat vlasta, bidejki jasno im e kako ke zavrsat. Zatoa ke stanuvaat se po beskrupulozni, po opasni i po opasni. |
| граѓанин, 06.08.2012 00:52:04 | Аман веќе нека заврши оваа бламажа со идиотско латинско име - лустрација. Месеци та и години ни окупираат и време и енергија со сосема бескорисни работи, колку да го одвлекуваат вниманието од економскиот и политичкиот хаос во кој тонеме. Да им кажам на лустрираните кои се јавно објавени - без гајле бе луѓе, та и некогаш да сте кодошеле, простено ви е и од поголемиот дел на народот а и од Господа. Не се секирајте, народот нема да ви вика УА КОДОШИ! - народот си има побитни проблеми за занимација. А оние крајно заморни патриоти богами веќе се ставени на кармички список кај горниот - да се немало трунка усул, ги надминаа сите граници. Past is dust - кој чичко бил ѕиркач, кој бил кодош !!! - и вие медиумите бојкотирајте ја веќе оваа збајатена тема, ајде да се фокусираме на сегашноста! |
| Asan od Krivolaka, 06.08.2012 01:18:12 | I toa kako sme za placenje. A i samite treba da se oplakuvame. Jas licno sum ubeden deka i na toa ke mu dojde redot. Samo da potsetam: Koj posleden ke place, veruvajte, toj ke roni, krupni krokodillski solzi. Ej narode moj napaten, koj ti gi zakaci zelenite ocila, pa denje i noke, nasekade gledas samo rozovi nesta! |
| kanagjanka, 06.08.2012 07:30:59 | Страшно е сознанието дека не се јавува масовна реакција/револуција кај народот, што е уште еден ѕид на срамот, најголем од сите срамови.Груевски своевремено даде изјава дека не сака со скршена кичма во Европа, а ја скрши истата на народот, немајќи при тоа многу мака, оти поголемиот дел беа бескичмењаци.Денес се лустрираат поединци од минатото, а утре ќе биде реткост да се најде чист и невин македонец.Ќе има масовна лустрација под еден единствен псевдоним - `патриоти`. |
| Ti si za placenje, 06.08.2012 08:06:54 | Erole sekoj den places vo tvoite kolumni, places sto Grujo ja ima vlasta, places sto tvoite od opozicijata ne se na vlast. Pa dobro be Erole ne bidi takov placko, pa ti vo ova tvoe kose si ja imas celata vlast. si pisuvas sto ti dusa saka, se edni i isti kritikuvas. Ti ja imas vlasta vo svoi race da odlucuvas i za nas citatelite koi gi citame tvoite placopojki postojano. Da Erole imas tolkava vlast da odlucuvas dali da go objavis mojot komentar ili ne. Ako ne ti se bendisa nema da go objavis i moeto pisuvanje nema da mozat drugi da go procitaat. Ama ti ja imas vlasta vo svoi race da odlucuvas. Ne mi e jasno zosto tolku places.
A za lustracijata ne znam zosto tolku se voznemiruvas (poveke za kodosite otkolku za zrtvite) Da ne si ja imas muvata na kapata? |
| zorica filipovska, 06.08.2012 08:10:43 | Ja molam komisijata za verifikacija na faktite da izvrsi lustracija i na ovoj komentator. |
| Стојко, 06.08.2012 09:21:00 | Македонија е заробеник во рацете на премиерот и неговиот клан и спрема тоа секакви споредби со демократските земји се излишни. Се додека трае оваа диктатура не важат никакви закони и вредности. Затоа треба сé да се стори, за да се отстранат овие неранимајковци. |
| milan, 06.08.2012 09:52:02 | Erole neznam na koj sid ke se naslonie,koga masata neopravdano lustrirani i obrukani luge pocnat da podnesuvat tuzbi protiv drzavata pred megunarodnite sudovi,a MKD ke plaka silni obestetuvanja,ke ni treba nekoj kineski sid. POZDRAV. |
| citatelka2, 06.08.2012 09:56:34 | Да, се согласувам со граѓанинот, престанете и вие медиумите да го објавувате објавеното на таа срамна веб страница, па повеќето од нас и нема да дознаеме за кого се работи. Вака испаѓа дека и Утрински им се придружува на искривените намери на лустраторите. А освен тоа, зарем лустрираните немаат прво право на одбрана?Просто не верувам дека ни се случуваат во 21.век вака преки судови! |
| jordan, 06.08.2012 10:10:35 | Tolku antimakedonizam vo tvoite kolumni sto nisto cudo i ti da izlezes na taa lista Erole! |
| anti-patriot, 06.08.2012 11:01:13 | javno se deklariram deka bev sorabotnik na tajnite sluzbi vo socijalzmot ,ne znam kako ne me lustriraa,gi kodosev istaknati vmro-ovci od veles ,kavadarci i negotino,rosoman ,demir kapija gradsko,za natamosni informacii ,slobodno kontaktirajte me |
| do ti si za placenje, 06.08.2012 11:03:16 | Kodosu eden! Ti si za lustracija! |
| citatelka, 06.08.2012 11:27:18 | Dali lustracijata vazi i za sliki ili video dokument- na primer: Latas so Singo kAJ Milosevic na gosti- srdecno precekani kako doma !! |
| dedo dimo, 06.08.2012 11:48:34 | Erole za tebe lustracijata mozda e stvaranje omraza i toa i za mene e vistina no vo Makedonija od sekogash imame predavnici i kodoshi pa mozda e dobro shto vakvite luge ke gi zastramat Tatko mi od takvi kodoshi zivotot ke go izgubeshe za nikakvo krivicho delo.Vo Jugoslavija a pogotovo vo Makedonija kodoshite luge bez krivica ke gi stavea vo zatvor so godini nevodeki rachun kako nivnite familii ke stradaat. |
| seirdzija, 06.08.2012 12:12:58 | Erole,Erole daleku si ti od toa da places,toa nekoj sto e i da go zalis i da go places se nafatil da bide komentator.Covek koj so 200 evra misli deka e najbogat na planeti..e spremen na sve...a na tebe i mene ni e jasno deka ziveeme u drzavata kade mali Djokica ne e VIC tuku pretsedatel!!A lustracija????hehe,aj ke te molam doseti se zosto B.C tolku go plukaat po novini!!!!Napisi kolumna bas za toa!!!!Pozdrav i sekoe dobro... |
| Branko e kriv!, 06.08.2012 12:36:52 | Demokratskite drzavi imaat red i zakon i institucii koi gi sproveduvaat. Shto e ova nashevo? Anarhija! Prochitav neshto od tie dosiea, koi ama bash nishto interesno i znachajno ne sodrzat. Po se, neminoven e zakljuchokot, deka momentno na vlast se dojdeni istite onie sili koi za vreme na NOB dozivea katastrofalen vojnichki i politichki poraz, samo shto se sega svetat nivnite deca. Naravno, pokraj odmazdata, i te kako e vidliv obrachunot so neistomislenicite i zelbata da se zacutat site kritichari na vlasta, i po moznost za na vek. Na shto li spadnavme? Koga malce ke razmislam, mozebi se i vo pravo - Branko e kriv! Barem malce da beshe *naroden chovek*, ovie vece ednash vojnichki porazeni sili nikogash nemashe da dojdat na vlast. Zal mi e Brane, ama navistina si kriv! |
| Се тече ништо не се менува, 06.08.2012 12:51:30 | Како не му е срам на човекот т.н. претседател на инквизицијата да се појави во неговиот град и да им погледне на сограѓаните во лице.Па тој во тоа шгто го прави не да ужива туку како Дракула се однесува и како дае ова земја негова,а тој е спасителот.Не треба да заборави дека еден ден прв ќе се најде на ѕидот на срамот ако воопшто има со што тоа да го направи.
За колумната Ерол добар си |
| pretpriemach, 06.08.2012 13:01:28 | Da, treba da se napravi zid na sramot na onie koi ne plakale danoci, za site toa da vazi... i za Ljubco, i za Branko, i za Nikola, iza Ali, i Menduh..... i za me ne i za tebe)... za site sto imaat dolgovi po osnov na danoci...
A za lustracijata... mene voopsto ne mi e gajle za tie luge.... od ednostavna pricina sto smetam deka nivnite zrtvi nemale nikakava moznost da se odbranat od nivnite kleveti... togas zosto ovie da imaat moznost da se kazuvaat za nevini i da se krijat zad politickiot progon??????? Demek sega sme demokratija pa zatoa... e pa nema da moze...Tie kodosele vo diktatura i cvrstata raka treba da gi stigne... |
| vapski, 06.08.2012 13:27:57 | lustracija/frustracija,
so dogovor na site partii, golemi i mali, da se izvrshi lustracija na site nedviznosti vo republika Makedonija po moznost od nejzinoto sozdavanje 1944 do denes, sekoe parche zemja, sekoja niva, sekoja zgrada, shtala, hala,magicin, bukvalno se, stan, kukja , vila vikendica... i javno da moze sekoj da vidi na kogo mu pripagja shto,
veke e napraveno mnogu godini nanazad,
ke mi kazete blagodaram za ovoj predlog eden den... |
| Vinci, 06.08.2012 14:25:11 | Nemam sto da komentiram, Erol se kazuva i so ovaa kolumna, samo bi dodal, se dodeka imame komentatori koi preferiiraat vlasta da se glorificira i da i se pejat slavopojki ( kamo da imase troska
napredok i razvoj vo sekoj smisol od nivnata prerodba ), a realnite kritiki da gi dozivuvaat kako placopojki, tesko nas, pa tie istite se beter i od site *dokazani* i *nedokazani* kodosi, koga veke mislat deka vo segasnota treba da ziveeme kako vo temniot sreden vek, bajagi zabegana rabota.......... |
| Крт, 06.08.2012 14:53:58 | Ероле, како почна да ги набројуваш зидовите на срамот, се плашам дека на ,,паметниве,, од власта им даде идеја за уште еден зид - ЗИД ЗА СТРЕЛАЊЕ на неистомислениците! А она ,,кукла на конец,, од КВФ (председателот на лустраторите де) нека се замисли дека тркалото се врти и еден ден ќе му биде срам да се погледа и во огледало а не и во очите на поедини граѓани. Јавно кажувам дека владата работи наопаку и треба ли и за тоа да бидам лустриран или пак треба некому тоа да го ,,шепнам,, за да ме направат кодош. |
| Vrtikapa, 06.08.2012 14:54:45 | A dali go lustriraa Slobodan Casule. De bre onaa vrtikapa koga koga bese komunizmot bese odan komunist ,a ko0ga dojde VMRO stana golem VMR-ovec. |
| Donka, 06.08.2012 14:55:39 | Pozdrav do zlatnoto pero na Makedonija! |
| tihi, 06.08.2012 15:05:58 | Seachite na magla ,namesto da se zasramat i samolustriraat ,pokazhuvaat prkos i nepochit kon nivnite zhrtvi ,navodno porazenite vo 2sv. vojna.No do tuka beshe ,sidot se izdignuva ,nema vekje kade.Vistinata mora da si dojde po svoeto ,kolku i da ima sejachi na magla. |
| vlag, 06.08.2012 15:07:57 | bese krajno vreme da se istaknat kodosite,toa trebase da se napravi duri pred 20 godini.se slagam so avtorot deka treba da se istaknat ilugeto koi ne plakaat danici ,no isto taka se slagam dekavo kodosite treba da se ispitaat prvo lugeto od vlasta. vo poedini zemji postkomunisticki ne samo na kodosite tuku i na nivnite deca im e zabraneto da bidat birani a kaj se uste ima politocari koi se deca na kodosi i se visoko vo politickite partii i se na vlast |
| do krivecot, 06.08.2012 16:42:06 | Vo koalicija stapi SDS so Ljubco koj e pretstavnik na onie sto vojnicki zagubija vo vtorata svetska vojna.Vekovi nanazad okupatorite sakale da gi obezlicat Makedonija i Makedoncite i ne uspeale,a ne uspeal okupatorot od istocnata sosedna drzava ni vo vtorata svetska vojna.Zosto niz sudski postapki da doznavame koi bile kodosite koga podobro e vaka so objavuvnje na spisocite.Kako i da e, vazno e da se objavat iminjata i preziminjata na kodosite,bilo koi da se i od bilo koja partija da se. |
| Leviot, 06.08.2012 18:25:59 | Lustracijata stana tema okolu koja treba da se istrebime megjusebno zasto navodno megju nas makedoncite ima mnogu predavnici (istoriski fakt). Jas mislam deka najgolemiot spion bila drzavata, mislam na celiot aparat od politicarite koi go dozvolile toa , pa sudot poln so sudii po naracka , policijata koja samo toa rabotela pa neli nemase kriminal vo socijalizmot.Lugjeto bile samo pioni na sistem koj postoel so takvi vrednosti.Isto kako sega za da bides biznismen treba da si lopov , za da bides sudija po zasluga trebe da si u partija, za da si zasluzen policaec treba da lovis politicki neistomislenici i da ne nabrojuvam ponatamu.... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 36°C
Делумно облачно
|
Среда
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 18°C
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 36°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
|