Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
05.08.2012, 17:26

Oбјавени имиња на уште 12 лустрирани

Никој не знае до каде ќе оди објавувањето имиња на интернет

Љубиша Станковиќ


Комисијата за верификација на фактите на својата веб-страница вчера објави имиња на уште 12 лица за кои било утврдено дека биле соработници на тајните служби, со што го исполнуваат условот со кој се ограничува вршењето јавна функција.

Првото име на новиот список е поранешниот претседател на Уставниот суд на РМ, Трендафил Ивановски, кој уште во првиот бран на лустрацијата беше прогласен за соработник на некогашните тајни служби.

На новата листа се и Миленко Габер, поранешен директор на Заводот за вработување во Берово, Ѓорги Прцуловски, екс-претседател на Општина Ресен, поранешните директори и членови на Управни одбори: Михаил Андреев, Киро Јанчев и Бранко Темов. Следуваат имињата на поранешниот директор на Домот на културата во Битола, Петар Целакоски, екс-пратеникот во Собранието на Република Македонија, Киро Дојчиновски, потоа Стојан Чамински, некогашев висок полициски функционер, новинарите Хисен Шаќири, Мустафа Спахију и Реџеп Златку, кој е лустриран по службена должност, иако е нејасно што значи ова последното.

За разлика од пред два дена, за имињата на новите 12 лица кои се најдоа на тапет на Комисијата за верификација на фактите, не се објавени нивните досиеја.

Во петокот ноќта Комисијата за лустрација ги објави решенијата и документите за Слободан Угриновски- член на Советот на Град Скопје и лидер на партијата Титови леви сили, Вангел Гагачев - поранешен судија на Врховниот суд на РМ, Николче Бабовски - кандидат за пратеник во републичкото Собрание, Сејфедин Харуни - пратеник, Владимир Милчин- декан на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), Шабан Шеху- советник во Влада��а на РМ, Јорданчо Чеврески- член на Советот на МРТ и декан на ФДУ, Махи Несими- амбасадор, Фаредин Мифтари - заменик-директор на КПУ Затвор-Скопје, Зоран Јовановски- член на Совет на општина Росоман и Коста Балабанов- член на Совет на Музеј на Македонија.

Дел од членовите на Комисијата беа против повторно разгледување на предметите со оглед на тоа што Уставниот суд укина одредби од стариот закон за лустрација, а Управниот суд ги укина решенијата на лустраторите. Ставот на некои членови на Комисијата за лустрација е дека со јавното објавување се кршат Уставот и правото на приватност на лицето прогласено за соработник, но претседателот на Комисијата Томе Аџиев и останатите членови, повикувајќи се на новиот Закон за лустрација, сметаат дека законската обврска мора да се почитува, а соработниците на тајните служби да бидат јавно објавени.

Осум дена за жалба до Управен суд

Сите лица кои се посочени од Комисијата за лустрација дека соработувале со тајните служби имаат право на жалба до Управниот суд во рок од осум дена од денот на доставување на решението. За поведување постапка пред надлежниот судот лицето треба да ја извести Комисијата. Како што е познато, според новиот закон за лустрација Комисијата има право да го објави досието пред отпочнување на судскиот роцес.

Доколку тужителите го загубат спорот пред Управниот суд тогаш решението на Комисијата за лустрација станува правосилно, односно казната за нив ќе биде престанување на извршување јавна функција. Доколку лицето не е задоволно од пресудата на судот има право да се жали и до судот во Стразбур.

 


Статијата е прочитана 2673 пати.

Испрати коментар



Аврамопулос
Иванов
Социјалдемократите ќе се повлечат?
ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ
Лустрација - Данчо Чеврески
Нишај врата, земај пратеничка плата!



bitola, 06.08.2012 07:02:31
Poslem ova,a narocito so iminjata na albancite koj bile lojalni na RM,spored ustavo sekoj e dolzen da prijavi neprijatelski dejstva protiv svojata drzava,Jas ne znam dali ako uvidam deka nekoj organizira terorizam vo RM,treba da prijavam,ili da molcam za da ne me sudi vlasta za kodosenje,treba da se razjasni,dali tie klevetele i kodosele i klevetele nevini gragani sto toa za sto se kodoseni ne go storile.
P.Petar, 06.08.2012 07:26:09
UUUUAAAAAAA za komisijata!!!
mitre, 06.08.2012 07:55:27
Направи им забава на луѓето, тие нека се глодаат меѓу себе, а ти соголи ги до гола кожа........поскапувај, удирај даноци, казнувај, гради споменици, копај во историјата....... и СИТЕ ЌЕ БИДАТ ЗАДОВОЛНИ.......... Така е во една земја на Балканите, Република Македонија...........Наздравје да ни е..........Сега се на ред Феликсовци и компанија................
Itar Pejo, 06.08.2012 09:43:41
Sega e se jasno. Siskov se falel po kafanite deka e bugarofil. Milcin go nakodosil. Siskov bil neopravdano progonuvan i osuduvan (ako navistina bil osuduvan za toa) pod lazno obvinenie deka e bugarofil. Sega, koga vistinata izleze na videlo treba Siskov oficijalno da se rehabilitira i da se proglasi za srboman. So toa pravdata ce bide zadovolena.
profesor, 06.08.2012 10:41:46
Kakva e razlika pomegu kodoshenje na tajna sluzhba ili kodoshenje na partiskite vojnici do centrite na partijata na vlast? Lustracijata treba de se proshiri.
Ljupco, 06.08.2012 10:48:15
Na listata go stavija Gagacev koj ne dozvoli segasniot predsedatel da stane sudija.... Za vozvrat go izvadi na rabot na sramot, no eden den ke mora da odgovara za vakvite zlodela sto gi napravi.
maka, 06.08.2012 10:53:13
Ovie sto se protivat na lustracijata se protiv oti za se se protiv, ili imaat nekoj svoj za lustrirane. Ne znam od kade se sto pravi vlasta ne cini.Izleguva vaka deka vo nasata drzava nemalo i nema tajni sluzbi?????
citatel, 06.08.2012 11:23:30
Aman be vise , dajte da ziveeme ,ne ubivte so hajki i prikazni
jani, 06.08.2012 11:33:08
Tocno sto go veli Ljupco. Pret-se-datelol na komi-sijata muse osvetuva na Gagacev , ne stana pretsedatelce. Ajde pocna nema vrakanje nazad. Samo ovie sto lustrirat da ne se povlecat da cvikat. Izvinete se zafrkavavme.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 36°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Пирсон на 100 метри со пречки победи со нов олимписки рекорд
Австралијката на 100 метри со пречки победи со време на нов олимписки рекорд – 12.35 секунди...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 11.ден
По единаесетиот натпреварувачки ден 73. држави имаат освоено медали...
Исинбаева остана без златен медал
Фаворитката за златниот медал во скок со стап во женска конкуренција Русинката Елена Исинбаева неуспеа да го одбрани прв...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |