Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
05.08.2012, 17:24

Лустрација - Данчо Чеврески: Апсолутна невистина е дека сум бил кодош

Во документите објавени на интернет стои дека познатиот актер соработувал со службите од 1987 до 1995 година и ги информирал за лица од граѓанската десница, под псевдонимот „Фердо“, „Поет“, “Врховен“ и „Миладиново“

Наум Котевски


Познатиот актер Данчо Чеврески јавноста го доживеа како најголемо изненадување во лустрациската драма која од петокот ноќта доби свое продолжение на интернет страницата на Комисијата за верификација на факти.

Меѓу единаесет псевдоними чии досиеја кои со само неколку клика на компјутерот сега им се достапни на сите граѓани се најде и „Тањц“ - името под кое тајните служби, како што тврди Комисијата, го запишале Чеврески како нивен соработник.

Тој според објавените документи ја почнал соработката со службите во 1987 година и ги информирал за лица од граѓанската десница, под псевдонимот „Фердо“, „Поет“, “Врховен“ и „Миладиново“.

Вчера преку телефон контактиравме Чеврески кој е продуцент на филмот во режија на Столе Попов „До Балчак - приказна за Блискиот исток“. Тој е видно вознемирен поради, како што нагласи, скандалозното објавување на документите без да добие никакво решение. Досега го немал своето досие в раце, затоа што никогаш не се ни обидел да го побара.

„Непријатно е чувството после ваков скандал. Не сакам да ја водам оваа битка преку медиуми. Само ќе кажам дека станува збор за апсолутна невистина. Тоа ќе го докажам низ институциите на системот“, ни кажа со тивок, придушен тон Чеврески. На прашањето дали им верува во моментов на институциите актерот кој ја играше улогата на Димко во „Курирот на Гоце“, и кој е дел од уште неколку проекти во кои се велича м��кедонската револуционерна борба, вели дека мора да им се верува.

„Сум бил лојален на оваа држава и ќе останам лојален до крајот. Нема да дозволам некој да фрла кал врз моето име и дело“, вели Чеврески, кој е исправен пред „најдолгиот пат“. Во истоимениот филм на Бранко Гапо, Чеврески играше заедно со Ристо Шишков, кој во документите, пак, се споменува дека бил, наводно, кодошен од Владимир Милчин.

Чеврески кој беше декан на Факултетот за Драмски уметности и член на Советот на МРТВ вели дека ќе се обиде наредниве денови да се сконцентрира на завршувањето на филмот „До Балчак“, иако неговиот професионален ангажман сега дефинитивно е нарушен.

Инаку, во еден од документите објавен на интернет стои дека Чеврески е ангажиран од службите во 1987 година и тоа на доброволна основа, а соработката завршува во 1995 година. Тој, како што стои понатаму во документот, „доставувал безбедносно-интересни сознанија по линија на граѓанска десница“.

„Чевревски е вработен како асистент на Факултетот за драмски уметности во Скопје по предметот актерска игра. Со оглед на работно место Јорданчо е во можност да ги следи состојбите и на поширок план на Факултетот за драмски уметности во Скопје, „Вардар филм“ и други пунктови, собиралишта, манифестации на овие културни работници во градот и пошироко. Оперативниот однос со Чеврески е воспоставен врз база на претходни проверки и проучувања на неговите морални и идејно-политички квалитети“, се додава во документите.

Службите го оценуваат Чеврески како идејно позитивна личност „која ги застапува принципите на нашиот самоуправен пат во изградба на социјалистичките самоуправни односи“. Според нив, снаодливоста, комуникативноста, неговата волја и карактер ја сочинуваат основата врз која се темелат соработничките односи.


Статијата е прочитана 7756 пати.

Испрати коментар



Аврамопулос
Иванов
Социјалдемократите ќе се повлечат?
ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ
Oбјавени имиња на уште 12 лустрирани
Нишај врата, земај пратеничка плата!



Istocna Makedonija, 06.08.2012 07:21:17
Totalen GalimatijasI
Zoki, 06.08.2012 07:28:31
Dali e ovaa komisija pri cista svest!!??
Slavko, 06.08.2012 07:52:39
Koj gi pusti kucinjata - ubava pesna. Komunistite necinele a? Sudele a? Vteruvale strav vo koskite, nacionalizirale,konfiskuvale, eksproprierale po badiala cena, zemji, kuki, imoti, gi osuduvale predavnicite na sistemot, na mladata makedonska drzava, a? A, denes? Ovie takanareceni LUSTRATORI (samite za lustracija da im se vidat dosieata) oirudie na sistemot koi samo imaat uloga nekogo da ukasaat, zigosaat i kako i komunistite da im stavat na vratot tabla so napis ukradov toa i toa i go setaat niz gradskite ulici ili sega mediumi. Se bilo po zakonot, i togas, i sega. Da zivee drzavata koja navistina si ja sakam.
od umetnickata desnica, 06.08.2012 08:46:15
А денешните актери и уметници што се на позиции и штанцаат дела по нарачка на власта?Како нив би ги нарекле?Патриоти?!За шест години се напиша нова историја и се фабрикуваа монструми што веруваат во неа и се кивни на се од социјализмот! Зошто?Затоа што се фрустрирани од своето безимено потекло, па сега си кројат ново, по своја мерка во своето атарче!?Нека излезат на уметнички мегдан надвор од нашите граници, па таму нека го покажат патриотизмот и љубовта кон својата земја, а не по дома да ми продаваат боранија.П.С. Сигурно не се лустрираните криви што Европа не ни го признава името,зашто поскапе струјата, зашто имаме невработеност, зашто ни се распаѓаат образованието и здравството!
Љубопитен, 06.08.2012 08:48:23
А кога ќе биде објавено досието на Фолклористот и останатите академици?
pile, 06.08.2012 10:23:17
Bez da navleguvam vo verodostojnosta na odlukata za akterot,soglasno najnoviot Zakon za lustracija, bil li ne bil sorabotnik na tajnite sluzjbi, pretsedatelot i clenovite na Komisiata pred da potpisat bilo kakva odluka so sto ke ovozmozjat podatocite da bidat pobjaveni na internet, dobro neka razmislat dali faktickata sostojba ja utvrdile pravilno, i dali materijalnoto pravo soodvetno go primenile,od pricina sto posledicite koi ke sledata za licata cii podatoci se objaveni kako sorabotnici na TS, samo mozje da gi pretpostavime, pokraj Zakonsko pravnite posledici.Sekoj od clenovite na komisijata neka ima vpredvid deka nekoe drugo utre ako se dokazje sprotivnoto deka potpisot go stavile neosnovano, i necii karieri, brakovi, semejni, prijatelski vrski bile prekinati, ili necii zjivoti unisteni,KE ODGOVARAAT za storenite dela.A veke so prvite objaveni iminja noviot Zakon ima naneseno veke steta so sto JO mozje da otvori postapka po podnesena krivicna prijava od strana na GEM i profesorot F
bago, 06.08.2012 11:00:18
Mislite deka nekoj od lustriranite ke priznae. Sto da rece sem ne bev jas.?
vlado, 06.08.2012 11:06:03
,,Прости им Данчо, не знаат што прават,, Да не те познавам би верувал во оваа глупост. Ти беше еден од најдобрите и најуспешните Декани НА ФДУ, од ништо од Академијата направи современа Академија, модерна, каде што сите студенти можат да учат. На сите ни помагаше кога снимавме филмови. ти доаѓаше и ни помагаше и тогаш кога не можеше... фала ти могу, а овие што сакаат да те уништат, тврдам дека неможат да го сторат тоа, ти си име и презиме во Македонија, создаде дела и улоги кои длабоко ке останат врежани кај Мкаедонците... Не им се плаши, со тебе сме. Занм дека оваој текст нема да го објавите, но....и вас нека ви служи на чест...
mene, 06.08.2012 13:30:54
Koja e taa graganska desnica?????? Koja bila taa graganska desnica????? Tie sto profitiraa od socijalistickiot sistem i sto se zdobija so se sto imaat i sto sega odednas stanaa najgolemi patrioti???? kazete mi vo koja druga zemja go ima ova sto se desava vo nasata Makedonija????? Kade ima muzej na zrtvite na komunizmot? kade ima zakon za Lustracija? Kade ima luge sto ubile drugi luge sto se setaat na sloboda a politicki protivnici se stavaat vo zatvor po itna postapka??? ovaa vlada najdobro ja ima nauceno lekcijata od OZNA i od inforbiroto - nikogas ne ste bile poveke pod kontrola makedonci ... Samoubijci vo kofa voda, kameri sto ne rabotat koga se luge ubivani, stvarno - kade odime vaka???? Nikogas ne ne pravele pogolemi debili a vo pozadina se polnat so milioni... Ke dojdat nekoi anonimci od germanija i odednas gradat celi stameni blokovi i glumat bogatasi - a rabotat za nekogo... Cela makedonija raboti za triesetina multimiliarderi svestete se!!!
Nevin, 06.08.2012 13:50:45
Jas mislam deka Danco ne e mnogu vinoven. Ve molam poglednete ja fotografijata. Zarem ovoj covek vi lici na kodos? Obrnete vnimanie kolku blaga nasmevka ima. Od liceto mu zraci dobrina. Malku e neureden vo kosata, ne e isceslan ama toa ne e dovolna pricina da se lustrira i da se proglasi za kodos.
В. Кратовалиев, 06.08.2012 14:29:58
Тоа што Чеврески *ја играше улогата на Димко во „Курирот на Гоце“, и кој е дел од уште неколку проекти во кои се велича македонската револуционерна борба,* или што *играше заедно со Ристо Шишков,*нема никаква врска, ниту го амнестира од евентуалното кодошењето, затоа што документите на службите /да веруваме дека се оригинални и не се сега пишувани/, а тврдат дека *Оперативниот однос со Чеврески е воспоставен врз база на претходни проверки и проучувања на неговите морални и идејно-политички квалитети“,*, а *снаодливоста, комуникативноста, неговата волја и карактер ја сочинуваат основата врз која се темелат соработничките односи.* па *го оценуваат Чеврески како идејно позитивна личност „која ги застапува принципите на нашиот самоуправен пат во изградба на социјалистичките самоуправни односи“.*, а воедно и кадарен за улогата, која службите му ја намениле.
Daco, 06.08.2012 15:07:07
Ako taka stoi vo dosieto, a nego go pischuvale vo MVR a ne lustratorite togasch Cevrevski neka ja obvini vladata.
devicanecot, 06.08.2012 21:59:53
На кодошите убаво им било тогаш, си граделе кариера врз база на на кодошење, биле за тоа парично наградувани, добивале директорски места, станувале академици....ама ете, сега кој од нив ќе признае дека го работел тоа? Само тие најхрабрите, што навистина се мажи и имаат м... што би се рекло. А да биле такви, вистински мажи, секако дека самостојно ќе си ја граделе кариерата, а не врз грбот на други, т. е. со кодошење. Затоа, да не чекаме дека некој од нив јавно ќе си признае.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 36°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Пирсон на 100 метри со пречки победи со нов олимписки рекорд
Австралијката на 100 метри со пречки победи со време на нов олимписки рекорд – 12.35 секунди...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 11.ден
По единаесетиот натпреварувачки ден 73. држави имаат освоено медали...
Исинбаева остана без златен медал
Фаворитката за златниот медал во скок со стап во женска конкуренција Русинката Елена Исинбаева неуспеа да го одбрани прв...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |