Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
05.08.2012, 16:47

ЕВН: Укинувањето на евтината тарифа е економски оправдано

„Укинувањето на евтината струјна тарифа од 13 до 16 часот е економски оправдано и исправно, а одлуките на Регулаторната комисија за енергетика да се зголеми цената на електричната енергија и да се укине евтината дневна тарифа се економски оправдани и неопходни за функционирање на енергетскиот систем во земјава“, соопштија од ЕВН „Македонија“.

Со тоа ќе се стимулирало трошењето на електричната енергија во ноќните часови кога таа е најевтина, со што ќе се намалат трошоците за купување електричната енергија на пазарот од 13 до 16 часот, кога таа е најскапа.

ЕВН промената на тарифниот модел ќе ја спроведува етапно и во најбрз можен рок според расположивиот капацитет на компанијата.

„Никаде во регионот и пошироко нема дневна евтина тарифа, тоа е наследено од поранешна СФРЈ. Другите земји од некогашна СФРЈ тоа го укинаа пред многу години, а Македонија тоа го прави последна. Нема техничка, ниту економска логика во периодот кога оптоварувањето на енергетскиот систем е најголемо, да се стимулира потрошувачка која дополнително ќе го оптоварува системот и ќе предизвикува зголемени трошоци за увоз на струја во зимските месеци“, стои во соопштението.

Според ЕВН, средствата што ќе се соберат повторно ќе се вратат во стопанството, ќе се исплаќаат навреме обврските на добавувачите и ќе се реализираат инвестиции во мрежата, со што ќе се осигура стабилно и квалитетно снабдување со струја. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 1069 пати.

Испрати коментар



Намалени рејтинзите на 15 италијански банки
Соседите не дозволуваат реновирање на Саат кулата во Штип
Тетово го решава проблемот со вода за наредните 100 години
Народна банка под надзор на Владата
Владата ќе вработи 2.000 невработени и нови 400 кај познат работодавач
Фирмите бараат месари, а младите сакаат дипломи



mene, 06.08.2012 00:08:11
уште по економски оправдано за граѓаните ќе биде кога ќе ја укинете ставката ангажирана можност која не се плаќа никаде во светот, а е и противзаконска јавна давачка во Македонија. Оваа давачка ја прави електричната енергија најскапа во светот во секој поглед, а споредено и со стандардот на граѓаните.На потег е државата, која ги укина сите “социјалистички ослободувања“ !
jas, 06.08.2012 00:47:26
ma kogo lazite vie.vo avstrija od kade e i evn(evtina veke nema)postoi denska sevtina tarifa.neka se rasprasat mediumite neka kazat preku svoite mediumi.a sto se odnesva do regulatornata ,vo mojot domasen budzet veke rabotam so zaguba pa da dostavam i jas negativno saldo pa regulatorna neka mi ja zgolemi platata...bruka edna upm da odi.sdsm daj pred izbori obekaj deka ke se zxalozis za vrakanje na evtina tarifa denje mnogu ke dobijas na izbori pozzz
Економичен, 06.08.2012 04:22:48
Добро ако за ЕВН е тоа економски оправдано, тогаш уште повејќе економски и здраворазумски е оправдано да се укине ангажираната моќност 33,33% од сметките за потрошена електрична енергија. Ако вејќе мора да се стимулира потрошувачката во нојќните часови тогаш евтината тарифа барем да почнува од 20ч. а вака од 22ч. како што почнува, тоа практично значи дека целокупната потрошувачка ќе биде на скапата тарифа, затоа што мал број на домајќинства ќе бидат во можност да остануваат будни преку ноќ, а да спијаат преку ден.
Petre, 06.08.2012 06:19:10
Уште пооправдано би било цената на дневната струја да се дуплира. Во тој случај дење ќе спиеме а ноќе ќе живееме, заради економската оправданост на ЕВН.
zrak, 06.08.2012 07:28:02
a 33% ne e nasledeno od sfrj,ili toa ako,ne smeta.
jove, 06.08.2012 09:16:08
Za sto ti e makedonce kuburot ? Za losi vreminja. Do koga ima polosi!!
Negotinska zena, 06.08.2012 13:28:10
Економска оправданост има укинувањето на ефтината струја за ЕВН,но за Неготино нема,дење одиме на работа ,ноке ке работиме дома ,домашни работи на ефтина струја но за жал немаме цела нок вода и што од тоа .Значи Неготино ке користи само скапа струја и ке работиме само за струјата.Тешки времиња.
igor, 06.08.2012 19:22:51
malku ni e.
ELENA, 06.08.2012 19:58:04
А зошто менаџерите од ЕВН заради економска оправданост не си ги намалат на пример трошоците за рекламирање, за плати, купувањето на службени автомобили кои во енормен број се возат во било кое време од денот и неделата, а кои компанијата, нели, ги прикажува како инвестиција. Најпривилегирани се неплаќачите на струја. Зошто ЕВН им ги простува каматите и им дава можност да плаќаат на рати, а за една зостаната сметка ќе ти се јавуваат по дома, ќе малтретираат малолетни деца, а на крај сепак слатко ќе си ја наплатат каматата.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 36°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Пирсон на 100 метри со пречки победи со нов олимписки рекорд
Австралијката на 100 метри со пречки победи со време на нов олимписки рекорд – 12.35 секунди...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 11.ден
По единаесетиот натпреварувачки ден 73. држави имаат освоено медали...
Исинбаева остана без златен медал
Фаворитката за златниот медал во скок со стап во женска конкуренција Русинката Елена Исинбаева неуспеа да го одбрани прв...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |