05.08.2012, 16:51 Намалени рејтинзите на 15 италијански банки
Американската бонитетна агенција „Стандард и Пурс“ соопшти дека ги намалила кредитните рејтинзи на 15 италијански банки, поради ризикот од продлабочување на рецесијата во која се наоѓа Италија. „Имајќи предвид дека Италија се соочува со подолгорочна и подлабока рецесија од очекуваната, мислиме дека е зголемена и ранливоста на италијанските банки“, се наведува во соопштението на „Стандрд и Пурс“.
Меѓу 15-те банки чиј кредитен рејтинг е намален се и: „Униони де Банке Италиане“ (УБИ), „Банка Пополаре дел Емилија Ромања“ и „Банка Пополаре де Виченца“.
Рејтинзите на водечките италијански банки „Уникредит“, „Интеса Санпаоло“ и „Медиобанка“ остануваат непроменети. (МИА)
|