Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

„Романтичарите“ фаворити против „крстоносците“ во Белфаст

Работнички утревечер му гостува на Крусeјдерс во второто елиминациско коло од Лига Европа

Сашко Ѓ. Димовски

Преку различни трансфер рути кон иста дестинација со исти желби и амбиции. Екипата на Работнички утринава треба да отпатува за Белфаст каде утревечер (20.45 часот) ќе му гостува на Крусејдерс во првиот меч од второто елиминациско коло во Лига Европа. Дел од управата на клубот ќе патува преку Загреб и Лондон, а фудбалерите и стручниот штаб преку Загреб и Париз, но и едните и другите заминуваат со оптимизам и надеж дека работата може да се заврши уште во воведните 90 минути со претставникот на Северна Ирска во ова натпреварување.

„Одиме да се соочиме со непознат противник. Ќе мора да бидеме претпазливи барем во почетокот на натпреварот, но тоа не значи дека ќе бидеме во тотална дефанзива. Мора така да се однесуваме од причина што не знаеме со каков тим имаме работа. Во целина добро е што првиот меч го играме во гости иако и тоа може да биде релативно“, вели тренерот на Работнички, Зоран Стратев, чиј утрешен противник победи во последниот пријателски меч, во саботата, над северноирскиот второлигаш Карик Ренџерс со 5:3.

Стратев со себе поведе 18 фудбалери. Во тимот го нема Минас Османи кој на средина од подготовките во Нови Сад го напушти Работнички и тргна во потрага по нов клуб. Енигма е каде ќе ја продолжи кариерата иако постојано се вртат три опции. Едната е словенечкиот прволигаш Копер, другата е екипа со високи амбиции во грчката втора лига, третата е Украина. Во кој правец се движи работата не е познато, не го знаеше тоа тренерот Зоран Стратев, не го знаеше тоа ниту претседателот на клубот, Драган Поповски, а и самиот Османи вчера беше недостапен за телефонски контакт. Работнички утре ќе биде ослабен и во одбраната. Ќе го нема Александар Крстевски кој исто така го напушти клубот. И да му беше на располагање на Стратев тој ќе беше аут од комбинација поради жолти картони од минатата сезона во европските купови. Иако се' уште се чека сертификатот, сепак, за Белфаст ќе патува и засилувањето од Србија, Драган Родиќ, кој игра на позицијата штопер. Потребниот документ може да пристигне во секој момент, во Работнички се надеваат дека тоа ќе се случи во текот на денешниот ден, па доколку се остварат прогнозите тој ќе конкурира за место во стартниот состав на „романтичарите“ утревечер во Белфаст.

„Се обидов да дознам нешто повеќе за Крусејдерс, но безуспешно. Имам искус��во од минатото за екипите од Островот. Пред некоја година со Вардар игравме против Бери Таун од Велс. Сите знаеме каков тип на фудбал се негува таму. Игра претежно на високи топки, силни дуели на земја и во воздух. Не верувам дека е нешто поинаку во Северна Ирска. Затоа се подготвувавме за таков вид на натпревар и мислам дека адекватно ќе одговориме. Имавме солидни подготовки, одигравме неколку мечеви со квалитетни противници, задоволен сум од прикажаното, од формата на екипата, од пристапот на играчите кон тренинзите“, заклучи Стратев.

Мечот меѓу Крусајдерс и Работнички ќе се одигра утревечер на Морнвју парк во 20.45 часот. Правдата ќе ја дели судиска тројка од Израел на чело со Асаф Кенан, ќе му асистираат Шабтаи Нахмиас и Езра Басон.


Статијата е прочитана 325 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Прва победа на Вебер во 130. обид!
Фантастична „стотка“ на Тајсон Геј во Рим
Ночентини нов лидер на Тур де Франс
Тенисерите на пат кон Втората група од Дејвис купот
Ето во Јунајтед за 29 милиони евра?
Селеш во тениската Куќа на славните
Џејсон Кид уште три години во Далас
Нова бламажа на младите кошаркарки на ЕП во Охрид
Светски рекорд на Пирсол на 200 м грбно