Џејсон Кид уште три години во Далас
Џејсон Кид потпиша тригодишен договор со Далас, клуб во кој во 1994 година ја започна кариера и клуб во кој овој 37 годишен кошаркар сега може и да ја заврши. Иако условите од договорот не се објавени, сепак, медиумите шпекулираат дека Кид се обвзра на тригодишна верност кон мавериски за сума од 25 милиони американски долари.
Далас го одбра Кид на драфтот во 1994 година, а во тимот се врати лани. Со просек од девет коша, 6.2 скока и 8,7 асистенции по натпреварот тој им помогна на маверикси во остварувањето на сезонскиот рекорд од 50 победи и 32 пораза.
Кид е четвртиот играч во историјата на НБА лигата кој ја достигна бројката од 10.000 додавања во кариерата. Во мечот со Торонто во март месец Кид забележа 15 асистенции. Во своите 15 сезони во НБА лигата Кид има просек од 13,8 коша, 6,7 скока и 9,2 асистенции по натпревар. |