Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фантастична „стотка“ на Тајсон Геј во Рим

Истрчаните 9,77 сек. се нов рекорд на САД и најдобар резултат сезонава, подобар за 9 стотинки од Болт

Светскиот шампион, Тајсон Геј, имаше фантастичен кам-бек во сензационалната трка на 100 метри на третиот митинг од годинашната Златна лига што во петокот се одржа во Рим. Во првата своја компетитивна трка во 2009 година тој оствари време од 9,77 секунди со кој го израмни американскиот рекорд, за осум стотинки го подобри и рекордот на митингот на Асафа Пауел од 2006 година, а за девет стотинки го подобри и најдобриот сезонски резултат на Усеин Болт од пред две недели.

„Стоотсто сум здрав, подготвен и буквално од ден во ден напредувам“, порача Геј кој на Светското првенство во Берлин ќе го брани златото на 100 и 200 метри.

Второто место на „Олимпико“ во Рим му припадна на поранешниот светски рекордер, Асафа Пауел, кој своето најдобро време во оваа година го спушти на 9,88 секунди, а резултат во кариерата истрча тинејџерот од Јамајка, Јохан Блејк (9,96 сек.), на третата позиција.

По Берлин и Осло, третата станица во Златната лига ја преживеаја четворица атлетичари во трката за џек-пот. Најголем аплауз заслужи Кирон Стјуарт од Јамајка која победи во женската стотка со време 10,75 секунди пред сонародничката и олимписката шампионка Шејли-Ен Фрејзер (10,91 сек.). За Стјуарт ова е личен рекорд со кој го израмни и рекордот на римскиот митинг на Мерион Џонс од 1998 година.

Кенениса Бекеле со стил ја заврши својата работа во трката на 5.000 метри оставрувајќи најдобар резултат во оваа дисциплина сезонава (12:56,23 минути), Јелена Исинбаева победи во скок со стап (4,85 метри), а во конкуренција за џек-пот наградата останува и Сања Ричардс која по 36 пат во кариерата истрча под 50 секунди во трките на 400 метри. Го освои првото место со време 49,46 секунди и во тој поглед ја престигна Марија Кох, атлетичарката која 35 пати ја минуваше оваа делница за помалку од 50 секунди.

Следниот митинг во Златната лига е на 17 јули на „Сент Дени“ во Париз. По него ќе следи едномесечна пауза поради мундијалот во Берлин, а златната серија митинзи ќе продолжи на 28 август во Цирих и ќе заврши со „Меморијалот Ван Дам“ во Брисел на четврти септември.

 


#
Статијата е прочитана 311 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Прва победа на Вебер во 130. обид!
Ночентини нов лидер на Тур де Франс
Тенисерите на пат кон Втората група од Дејвис купот
„Романтичарите“ фаворити против „крстоносците“ во Белфаст
Ето во Јунајтед за 29 милиони евра?
Селеш во тениската Куќа на славните
Џејсон Кид уште три години во Далас
Нова бламажа на младите кошаркарки на ЕП во Охрид
Светски рекорд на Пирсол на 200 м грбно