Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Нова бламажа на младите кошаркарки на ЕП во Охрид

По четирите срамни порази во групата Б на ЕП во Охрид на македонските кошаркарки до 20 години им преостанува „клучниот“ меч со претпоследната од групата А Велика Британија, кој ќе одлучи кој ќе биде веднаш зад Австрија, последната селекција на турнирот (затоа што беше дел од групата со шест репрезентации).

Ете токму така завршија сите надежи дека домаќинките нема да бидат очајни и дека може да влезат во втората фаза, за што им требаше само една победа. Но, објективно тоа не го заслужија, иако селекторот Александар Петровиќ пред стартот на ЕП ја окарактеризира селекцијата како „генерација која има талент и волја за работа, како можеби ниедна друга досега во нашата кошарка“.

Во последниот убедлив пораз од Словачка 55:91 приказната беше слична на претходните три меча. Недоволната физичка подготвеност им дозволи на нашите кошаркарки да личат на сериозна репрезентација само во првото полувреме. Во првата четвртина имавме минус од три коша (20:23), а втората дури и ја добивме со 16:15. Но потоа за 20 минути примивме 53 коша, а реализиравме само 19. Во тие 20 минути едноставно немавме тим. Се се сведува на индивидуалните способности на Антиќ, која постигна 19 коша и на Тантуровска која реализираше 11.

Конечни табели, група А: Белгија 5 победи/0 порази, Унгарија 4/1, Грција 2/3, Португалија 2/3, Велика Британија 2/3, Австрија 0/5. Група Б: Словачка 4/0, Романија 3/1, Холандија 2/2, Израел 1/3, Македонија 0/4.

Четвртфинале (денеска): Романија - Грција, Словачка - Португалија, Унгарија - Холандија и Белгија - Израел. (Н.К)


#
Статијата е прочитана 306 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Прва победа на Вебер во 130. обид!
Фантастична „стотка“ на Тајсон Геј во Рим
Ночентини нов лидер на Тур де Франс
Тенисерите на пат кон Втората група од Дејвис купот
„Романтичарите“ фаворити против „крстоносците“ во Белфаст
Ето во Јунајтед за 29 милиони евра?
Селеш во тениската Куќа на славните
Џејсон Кид уште три години во Далас
Светски рекорд на Пирсол на 200 м грбно