Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Тенисерите на пат кон Втората група од Дејвис купот

Пораз од 4:1 во Минск против Белорусија, во септември во Словачка во невозможна мисија за опстанок

Роберт Димитриевски

Тениската репрезентација на Македонија со поразот од 4:1 против Белорусија во Минск ја пропушти пореалната шанса за опстанок во Првата група од Евроафриканската зона на Дејвис купот, бидејќи во (по)следниот меч во овој ранг од 18 до 20 септември во Словачка ќе биде тотален аутсајдер. По нерешениот резултат 1:1 во петокот на тврдата подлога во Републичкиот олимписки тренинг-центар за тенис во белоруската престолнина, следуваа порази во мечот во двојки и во преостанатите два сингла. Искусниот Максим Мирњи, 32-годишен 19. дубл-играч во светот, заедно со дебитантот Александар Бури (923. на АТП-листата во двојки) беа пресилни за Лазар Магдинчев (649.) и за Димитар Грабулоски, славејќи во саботата со 6-1, 7-6 (2), 6-1. Во клучниот меч за вкупниот победник вчераутро Грабулоски (1027.) загуби од Владимир Игнатик (566.) со 6-3, 6-1, 6-4, а потоа во мечот што ништо не решаваше Илија Мартиноски (928.) капитулира против Андреј Василевски со 6-4, 6-2.

„Пресудија нивниот дубл и домашниот терен, како и отсуството на Русевски, бидејќи не е исто со и без него. Со Пецко ќе бевме многу посилни во двојки, а тој сигурно ќе беше поконкурентен против Игнатик во сингл“, смета селекторот Дејан Маринковиќ. „Како и да е, коректно одигравме, во границите на можностите на овој состав во моментов. Играчите се бореа за секој поен и од таа гледна точка немам што да им забележам. Мислам дека ќе беше поинаку во Скопје, на земја и со Русевски во тимот“.

За мечот во двојки Маринковиќ со следниот коментар: „Нивниот дубл е поквалитетен од нашиот. Високи се, добро сервираа, а Мирњи со своето искуство му даде сигурност на Бури да се размавне. Ние имавме добар сервис, но лош ритерн“. Играта на Грабулоски против Игнатик, пак, ја оценува вака: „Грабул максимално се бореше, но Игнатик беше похрабар. Моментот на одлука беше при 4-4 во третиот сет, кога не искористивме три брејк-топки“.

Македонија во петокот поведе токму преку Грабулоски, кој го совлада Василевски со 5-7, 6-7 (2), 6-3, 7-6 (5), 6-3. По него Магдинчев загуби од Игнатик со 6-2, 7-5, 6-3.

Капитенот не е оптимист за следниот дуел, најверојатно во Братислава.

„Словачка, реално, е голем фаворит. Би било безобразно да се очекува победа на брза подлога и во сала. Останува да го доиграме чесно овој циклус, во меѓувреме да го обединиме тимот и да пробаме в година да останеме во Втората група, која по квалитетот е за нијанса послаба од Првата“, вели Маринковиќ.

Белорусија - Македонија 4:1



Василевски - Грабулоски 7-5, 7-6 (2), 3-6, 6-7 (5), 3-6.

Игнатик - Магдинчев 6-2, 7-5, 6-3.

Мирњи/Бури - Магдинчев/Грабулоски 6-1, 7-6 (2), 6-1.

Игнатик - Грабулоски 6-3, 6-1, 6-4.

Василевски - Мартиноски 6-4, 6-2.



ИЗРАЕЛ ЈА „НОКАУТИРА“ РУСИЈА



Израелските тенисери направија големо изненадување со победата н��д Русија што првпат во нивната историја им донесе пласман во полуфиналето на Дејвис купот. Победничкиот бод за недостижно водство од 3:0 го донесе дублот Енди Рам и Џонатан Ерлих, кој славеше со 6-3, 6-4, 6-7 (3), 4-6, 6-4 против Игор Куницин и Марат Сафин. Претходно, Харел Леви го изненади Игор Андреев со 6-4, 6-2, 4-6, 6-2, а потоа Дуди Села го совлада Михаил Јужни со 3-6, 6-1, 6-0, 7-5. Првиот вчерашен сингл Села му го предаде на Андреев при водство на Русинот од 4-3 во првиот сет.

Домаќините имаа предност од 2:1 во преостанатите три четврт-финални дуела од Светската група што требаа да се доиграат синоќа, и тоа Чешка - Аргентина, Шпанија - Германија и Хрватска - САД.


#
Статијата е прочитана 155 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Прва победа на Вебер во 130. обид!
Фантастична „стотка“ на Тајсон Геј во Рим
Ночентини нов лидер на Тур де Франс
„Романтичарите“ фаворити против „крстоносците“ во Белфаст
Ето во Јунајтед за 29 милиони евра?
Селеш во тениската Куќа на славните
Џејсон Кид уште три години во Далас
Нова бламажа на младите кошаркарки на ЕП во Охрид
Светски рекорд на Пирсол на 200 м грбно