|
|
|
|
|
|
Поглед
Дајте идеи!
Оливера Војновска
Дајте идеи! Дајте идеи! Владејачката партија ја подготвува новата изборна програма, па се добредојдени сите сугестии, проекти и размислувања. Експертскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ со внимание ќе ги разгледа предлозите и кон нив ќе пристапи со најголема сериозност. Така пишува во јавниот повик што се врти неколку дена во медиумите. Веројатно, надежите се дека народот ќе навали во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, а партискиот мејл ќе се вжешти од напливот на свежи идеи за новата преродбеничка програма! Можно ли е партијата која е пет години на власт и нејзиниот лидер, за кого дропката 24/7 стана синоним за работливост и посветеност, да ги немаат детектирано проблемите со кои се соочува државата? И сега очекуваат граѓаните да им ги отворат очите!
Ова прозвучува неверојатно. Особено ако се има предвид политичкиот профил на лидерот на десницата. За него не може да се каже дека со задоволство слуша туѓо мислење. Уште помалку е расположен да го уважи.
Но, ете сега пред избори посака да го слушне гласот на народот. Да разбере што го мачи. Само и досега граѓаните имаа прилика да поминат преку црвениот тепих во Владата и изворно да му ги кажат на премиерот и идеите за просперитет и маките. Не слушнавме дека бил импресиониран од некоја идеја. Ниту, пак, дека бил погоден од нечија тешка судбина.
Какви предлози очекува овој пат ВМРО-ДПМНЕ? Можеби идеи за надградба на проектот „Скопје 2014“, со уште некоја купола во строгиот Центар на Скопје, на пример, над Домот на АРМ или на зградата на ЕВН! Може ќе дојава и уште некој коњаник на плоштадот Македонија. Можеби ќе никне и некоја нова барокна палата на кејот на Вардар, а зошто не и пирамида. Надградбата на „историскиот проект“ може да се заокружи со нов музеј - на глупоста. Како симбол на едно изгубено време во барок и романтизам! |
#
|
Статијата е прочитана 1054 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 17.03.2011 12:35:51 |
|
Kako i vo vcerasniot komentar na slicna tema eve i sega kazuvam deka idei narodov ima bezbroj, ama neznam dali im se dopagaat. Eve uste ednas im "sugeriram" da se izjasnat pokonkretno kakvi idei gi zanimaat i za sto.Da ne predlagame za dzabe sve i svasta, iako gore-dole poznato e sto gi interesira a sto ne. Im ja naucivme mentalnata matrica na koj frekvencii im raboti i za kogo. |
|
|
|
|
|
|
Од: MAJA |
Датум: 17.03.2011 14:26:25 |
|
ne mislam deka e loso da se soslusaat/razgledaat novi idei. sepak, sekoj zboruva, razgleduva i uviduva od svoja perspektiva koja ne e vidliva za drugiot... |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 17.03.2011 15:23:39 |
|
Каква е ова остварувачка власт,која не знае што е приоритетно во сопствената земја.Се фалат дека тие имале програма и плус ја проширија.Сигурно од ова книвче,наречено програма се остварија па сега од недостаток,барат нови идеи како да го лажат и плачкат својот народ,ако го сметат дека е нивен или во него гледат само како гласачка машина.Дај му некому власт и мери му го умот,ако можеш да издржиш. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 17.03.2011 21:51:08 |
|
Едно е сигурно!ВМНЛО-ΔΠΜΝΕ е сигурно единствената која знае да ги искористи народните „умотворби“во своја полза!Најновиот проект е „плата според учинок“,но таа финта ќе важи единствено за докторите и судиите!Сите други (портири,чистачки,секретарки-кафекуварки-лакирачи на нокти,магационери-штедачи...),велат тие,работеле 24/7!Особено владетелот!Замислете - особено тој (не,не се трескам со рацете по главата,како некој:)!Велат,не спиел ноќе од грижи за нас!Ех,кога и тој,бладетелот,би примал плата според учинок!Каква генијална идеја!Најпосле ќе добиеме владетел кој ќе гледа да си ја заработи својата плата!Но,неговата би требала да поаѓа од најмалата,или најмногу,од просечната плата во РМ!Замислете што би се случувало на крајот од месецот,кога ќе треба да ја добие платата!Можам да замислам,колкава ќе стане,ако неговата започнува од Нулата!Уште,ако ја добива последен,откако ќе им се исплати на сите во јавната администрација,здравството,образованието...Што велите?Добар предлог,нели!? |
|
|
|
|
|
|
|
|