Јапонија
Напори за ладење на третиот реактор
18.03.2011, 8:47
Јапонската армија започна уште една операција за ладење на третиот реактор на нуклеарната централа „Фукушима 1“.
Реакторот беше оштетен за време на разурнувачкиот земјотрес и цунамито што ја зафати Јапонија.
По откажувањето на системот за ладење на реакторот, целата хеликоптерска единица беше анкгажирана во ладењето на реакторот, а од вчера армијата дејствува и со противпожа��ни возила.
Седум специјализирани машини брзо ќе се менуваат со цел да го насочуваат воден млаз во пукнатините на објектот, чиј покрив е речиси целосно уништен.
Предвидено е да бидат фрлени речиси 50 тони вода за ладење на базенот за складирање гориво, соопшти јапонското Министерство за одбрана.
|