|
|
|
|
|
|
ГЛОБАЛИСТ
Враќањето на Гадафи
Љупчо Поповски
Режимот на полковникот од Триполи е уникатен случај во арапскиот свет. Гадафи има само една идеологија - како да остане на власт
Додека НАТО, Обединетите нации и Европската унија се заплеткаа барајќи ги правните модалитети за воведување зона на забранети летови над Либија, па и воена интервенција, полковникот Моамер ел Гадафи ден по ден, град по град, ги враќа загубените територии. Слабо вооружените бунтовници без пол��тичка и воена структура, прво беа избркани од градовите западно од Триполи, а сега авијацијата, тенковите, елитните единици под команда на синовите на Гадафи и артилеријата го стегаат кругот околу Бенгази, симболот на либискиот отпор. Ако нешто драматично не се смени, Гадафи ќе ја добие оваа најтешка битка во 41. година на своето деспотско владеење, но прашање е дали ќе биде победник во војната.
По револуциите во Тунис и во Египет, изгледаше дека режимите на Блискиот Исток ќе паѓаат како круши, но револуционерите како да се исцрпеа. Барем во овој миг. Кралот на Бахреин ги повика на помош саудиските трупи за да го задуши бунтот на шиитското мнозинство што им се закануваше на сунитските владетели; јеменскиот претседател не попушта пред секојдневните протести, користејќи го стравот на населението од можното инфилтрирање на Ал Каеда во врвовите на евентуалната нова власт; кралот апсолутист на Мароко побрза да направи уставни измени за да го смири гневот што тлее во неговата земја.
Во оваа арапска трансверзала од Казабланка до Бахреин, полковникот Гадафи е уникатен случај, неговото владеење со Либија нема споредба, ниту, пак, неговото однесување во домашни и во светски рамки. „Вашингтон пост“ пред некој ден напиша дека Гадафи, како и Френк Синатра, „ги правел работите на свој начин“. Тоа е многу добро објаснување.
Либија нема парламент, нема синдикати, нема политички партии, нема цивилно општество, нема невладини организации. Има само куса листа на државни институции, но сите тие имаат јасни ограничувања во својата работа. Многуте племиња не учествуваат во распределбата на националното богатство, Гадафи ги насочува едни против други, поттикнувајќи го стогодишниот ривалитет. Има само неколкумина почитувани, но веќе остарени членови на оригиналниот 12-член Совет на револуционерната команда, кои во 1969 година му се придружија на на младиот 27-годишен полковник кога тој во воен пуч без крв ја собори монархијата.
Либиските граѓани за овие 40 години знаат само за Гадафи, неговите синови и „Зелената книга“. Неговата лична митологија му помогна да остане на чело на општеството, кое и денес се сеќава на горчливото искуство од колонијалното владеење на Италијанците. Нема лидер во Северна Африка и на Блискиот Исток што владее подолго од него.
Кога бунтовниците се доближуваа кон Триполи, приврзаниците на полковникот се собираа во главниот град, извикувајќи: „Господ и Муамер и Либија. Тоа е доволно“. Толку ли го има заведено својот народ полковникот што живее во шатор?
Хосни Мубарак и Зине Абедин бен Али ги држеа своите граѓани во страв со суровиот полициски апарат и тајните служби. Гадафи сиве овие четири децении владее со слична суровост (не се забораваат крвавото задушување на бунтот на исламските студенти во источна Либија во 1990-тите, ниту, пак, бруталната егзекуција, пак на истокот на земјата, на 1.200 затвореници, политички противници на неговиот режим). Паралелно со елиминирањето на неговите политички противници, држењето на армијата во слаба кондиција, поделбата на племињата и стравот за своите животи на оние што сакаат да се побунат, Гадафи го градеше својот култ. Неговите контури почнаа да се обликуваат во 1975 година кога ја објави „Зелената книга“, сталинистичко дело со кое авторот сакаше да биде Карл Маркс.
Западните влади и аналитичарите долги години тврдат дека имаат работа со луд човек. Кога имаше 90-минутна тирада во Генералното собрание на ОН во 2009 година, во која го напаѓаше светот, и кога ги креваше своите шатори во Рим, Париз или Њујорк, а него го чуваше гарда на стројни Амазонки, светот се чудеше – има ли нешто нормално во овој човек. Кога прв во светот побара Интерпол да распише меѓународна потерница по Осама бин Ладен (се плашеше Ал Каеда да не ја загрози неговата власт), светските влади беа сомничави – се прашуваа да не е тоа уште еден трик на човекот чии луѓе го наредија уривањето на американскиот патнички авион над Локерби во Шкотска.
Во документите што неодамна ги публикува „Викиликс“ американскиот амбасадор во Либија, Џин Крец, пишува: „Мајсторството на Гадафи во тактичките маневри го држат во моќ 40 години; нечовечкиот сојуз на корупцијата и култот на личноста го доведе системот до лимитирачки граници. Реалната состојба е дека ниту еден потенцијален наследник нема кредибилитет да го одржува деликатниот еквилибриум“.
До почетокот на бунтот во Либија, Гадафи, кој контролираше се' во земјата, изјавуваше дека не може да поднесе оставка, бидејќи немал никаква функција. Тоа е налудничав аргумент, но не значи дека Гадафи е лудак. Роналд Реган го нарече Гадафи „лудо куче на Блискиот Исток“ и го бомбардираше неговиот дом во Триполи. Гадафи се спаси, се префрли во шаторите во пустината. Оттаму го ширеше својот панафриканизам, панарабизам, антизападното расположение и социјалистичките пораки.
Со богатството од нафтата ја купуваше лојалноста, ништо чудно за еден автократ од африкански тип. Откако ги скара племињата, „увезе“ стотици илјади луѓе од Чад, Нигер и Мали, кои станаа членови на познатата Исламска легија; потоа им даде државјанства и сега тие заедно со платениците од Сирија и Украина се ударната тупаница во битката со бунтовниците.
Западот нема многу инструменти како да им помогне на бунтовниците. НАТО прво навести дека може да интервенира, а потоа се повлече по острото спротивставување на Турција и другите членови на Алијансата. Во Советот за безбедност на ОН Русија и Кина сигурно би биле против. Америка се колеба што да направи. Хилари Клинтон изјави дека конфликтот треба да го решат самите Либијци. Администрацијата на Обама не може да си дозволи уште една интервенција во муслиманскиот свет по Ирак и Авганистан.
Работите му одат на рака на Гадафи во овој момент. Прашање е до кога. |
#
|
Статијата е прочитана 1382 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Зевзекмен |
Датум: 17.03.2011 12:45:45 |
|
поефтино за државата и народот е да има 40 години блага диктатура отколку 40 години изборни превирања. Па Либија каква таква беше држава каде многу ех-ју фирми работеа, држава ослободена од влијанието на Ал каеда... Убаво некој кажа, зошто западот толку се интересира за Либија а не за Сомалија, каде владеат пиратите ??
Проѕирни се нафтените интереси на Западот... |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 17.03.2011 12:59:21 |
|
Sega za sega pobeduva, a i vo cela ovaa prikaska simpatiite otidoa na negova strana. No sekoj znae deka ova ne e konecno. Prasanje e samo kolku dolgo ke go ostavat na mira, i dali i ponataka ke ima vakva sreka. Prvo ke cekaat da se sredi so Saudiska Arabija i Bahrein, pa posle ke vidime kako ke se odviva ponatamosnata prikaska. Inaku Gadafi ne e nisto polos od ovie koj predizvikuvaat vojni, a se prestavuvaat demokrati. Tie demokrati imaat mnogu poveke ispoubieno luge po svetov, otkolku Gadafi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Silveste, Sidnej |
Датум: 17.03.2011 12:59:44 |
|
Е што анализа ќе беше ова? Небаре ги читам западните аналитичари платени од белата куќа. Гадафи-ѓаволот и бунтовниците-анѓелите. Се прашувам зошто така првооделенски ги препишувате мислењата од западните критичари? Зошто немате свое мислење? Да зборувате за демократија во арапскиот свет е исто како да зборувате со нив за електронска магнетна резонанса. 2000 години со племенско уредување, и од сега парламент со пратеници од 140 племиња. Тое е неможно за следниве 230 години. Гадафи, тоа е како Тито во СФРЈ. Немаше демократија, но живот каков таков имаше. Многу подобар од сегашниов. Кому му треба демократија, ако нема живот. Е тука најди нешто во мојот коментар ако можеш Љупчо. |
|
|
|
|
|
|
Од: gimce |
Датум: 17.03.2011 13:09:13 |
|
Za sto pisuva avtorot i sto saka da kaze ic ne go razbiram, nikoj ne saka rezimot na Gadafi da go zameni so drug rezim koj nema da bide poslusen za zapadot, urnekot go imaat vo Egipet kade islamistite doagjat na vlast |
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 17.03.2011 13:19:38 |
|
A shto ke bidi podobro vo LIBIJA ako zapadnite kriminalci za vladaat tamo .Kolku godini pominaa od koga go napadnaa IRAK i vo shto e sega IRAK podobar od vremeto na Sadam Husein..Duri beshe Sadam Husein na vlast lugeto ziveea spokojno a sega im e strav da izlezat na ulica .Ne gledate li deka sega sekoj den vo prosek zivotot go gubat okolu 20dushi sekoj den od ubistva i bombi.Taa li e DEMOKRATIJA.,Istoto li treba da bidi i vo LIBIJA ? . |
|
|
|
|
|
|
Од: Pirin |
Датум: 17.03.2011 14:25:49 |
|
Gadafi pobeduva, zasto pobeduva? zatoa sto ima podrska od narodot, narodot vo pogolem procent e zadovolen i ak toa ti nekes da go napises , sigurno imas podatoci kolku dolari ima eden graganin na libija bruto po glava vo godinata vo nasava demokratija samo toa moze da bide eden dobar kratok son, ovaa demokratija sto se propagira od zapadot e samo najlosa diktakktura vrz obicnite i postenite luge, zamislite tuka vo germanija sam se pravis da si rob , ako nemas rabota treba da odis da rabotis za eden euro od saat so pravo najvise dva saata na den , znaci da im gi cistis lajnata na dzavnite sluzbenici, zamislite toa e obavezno i sega po najnovoto ako nekoj saka dobie pomos za prezivuvanje a predhodno dodeka rabotel ima dobro auto treba da go prodade i razlikata od parire treba da miu sluzat da prezivuva , znaci treba nisto da nemas i ako si rmbal 30 godina nanazad, zabraneto da igraat loto i mnogu dr. raboti . |
|
|
|
|
|
|
Од: Flanny |
Датум: 17.03.2011 14:28:03 |
|
I sega pak Gadafi e kriv.Ako potkleknese i go obesea ili deportiraa vo Hag ,ke bese dobro.Edinstven sekularist vo Severna Afrika ,patriot,socijalist i unikaten prijatel na site pravdoljubivi narodi na planetata.Dali e lud ili ne neka procenat tie sto go bombardiraa i sega sto sakaat da go nema.Toa sto dade otpor i ne se uplashi samo pokaza deka rezimot e kompletno nezavisen od zapad i deka negoviot slucaj nema vrska so Bin Ali i Mubarak.Gadafi ne pie od izvorot na USA nitu pak negovata armija ima komanda vo Pentagon.Za toa i prezema unilateralni akcii i pobeduva.Neka go bombardiraat,neka e lud,neka Libija ja pretvorat vo severnoafricki Irak..Ne e toa problem.Togas duri dominoto ke trgne..Iran,Al kaeda,Jemen ,Jordan,Bahrein,Saudi,barel,dolar....Najdete ja slicnosta...sekoe poistovetuvanje so nastani i likovi od denesnicata ne e bas slucajna |
|
|
|
|
|
|
Од: Маркос |
Датум: 17.03.2011 17:10:12 |
|
Авторот не запозна со многу нешта, кои ни помагаат да ги разбереме работите во Либија. Особено стравотната воена надмоќ на Гадафиевите сили. Токму затоа очекував заклучок дека револуционерите ги водат авантуристи, кои не биле способни реално да ги проценат шансите на успех. И од изјавата на Хилари Клинтон јасно е дека дури ниту Америка не може да си позволи интервенција во суверени земји, во која ќе губат животи нејзини граѓани, само затоа што на некого му се сторило дека „сега му е мајката„. |
|
|
|
|
|
|
Од: BOGDAN |
Датум: 17.03.2011 21:24:34 |
|
Ako ne vi cinese TITOVATA DIKTATURA togas neka vije na ZDRAVJE denesnava IMPERIJALISTICKA demokratija vo MAKEDONIJA .GADAFI bil DIKTATOR a vo saudiska arabija .bahren.i jordan .se ANGELI BOZJI. PUKOVNICE ne znaem do koga ce izdrzis ama cel svet so edna troska mozok je so TEBE. |
|
|
|
|
|
|
Од: игор |
Датум: 17.03.2011 23:17:57 |
|
site ovie sto pisuvaat za gadafi se samo kontrasi.
da bese tekstov za gadafi ke pisuvaa kako moze da poddrzuvame nekoj tiranin kako nego |
|
|
|
|
|
|
|
|