Број 3533  четврток, 17 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Нафта е нафта, ама профит е профит

Александрија Стевковска

Повисоки цени на нафтата, поголема заработувачка за државата.

Континуираниот раст на цената на нафтата и' отвори богат извор на Владата за екстра-пари, кои секојдневно се слеваат во буџетската каса. Постојаната трка да се наполни резервоарот пред да скокне цената, граѓаните почнуваат да ја губат, бидејќи за таква краткорочна инвестиција потребни се пари, кои тие најчесто ги немаат. Затоа, пак, таа трка оди во корист на државата, на чие конто за само два месеца се слеале плус 23 милиони евра на име на акцизи. Убав профит за ич труд.

И додека во целото тоа лудило на поскапувања бензините се качија над 80 денари за литар, што за македонскиот стандард е премногу, па луѓето се решаваат да фатат автобус или да одат пеш, колку барем нешто да заштедат, Владата воопшто не размислува да им помогне. А како може да го направи тоа? Секако, не со ископувања и пронаоѓање извори нафта, туку со намалување на акцизите и ДДВ-то на нафтените деривати, како што тоа го прават властите кои се грижат за своите граѓани и нивниот стандард. И додека на пример Хрватска излезе со ваква мерка во пресрет на последните поскапувања на нафтата, нашата Владата не сака да се откаже од таквите слатки и лесни пари и смета дека нема потреба и таа да преземе таков чекор, бидејќи доволно направила за граѓаните со пуштање на 40.000 тони пченица од стоковните резерви. Со тоа Владата се амнестира од каква било одговорност за поскапувањето на нафтата, барајќи покритие за својата неснаодливост во кризни ситуации во светските случувања. И тука завршува приказната за тоа што направиле или што треба да направат нашите надлежни, за да им помогнат на своите граѓани во вакви очајни времиња на немаштија. Во услови кога луѓето се во дилема дали да наполнат бензин или да купат јадење за дома, државата продолжува да прибира пари од сите страни, па и од бензините, само за да може слободно да троши на споменици.

Нејсе, еве и граѓаните да се снаоѓаат за превоз и да си ги остават автомобилите во гаража, што треба да направат стопанствениците што превезуваат со скапа нафта, земјоделците кои веќе почнаа со подготовки за годинешново производство. Факт е дека секој производ сега ќе чини повеќе. Поскапата нафта веќе одамна ја одврти инфлаторната спирала, која сега уште побрзо ќе се одмотува. Тоа значи дека веќе денеска во маркетите треба да очекуваме нов бран поскапувања, кој ќе го скине веќе одамна истенчениот стандард. Поскапа храна, поскап превоз, поскап живот. Сиромаштијата и невработеноста расте, па логично во таква ситуација се поставува прашањето каде е ѕидот до кој може да бидеме притерани? Колку треба да порасне цената на нафтата за власта да сфати дека мора да им помогне на граѓаните, бидејќи токму тие граѓани ја избрале.

На крајот на краиштата, многу им е лесно на функционерите. Тие одат на ручеци што друг им ги плаќа, ги возат на државна сметка, па не знаат колку чини бензинот, лебот, маслото. Нив не ги боли ударот врз семејниот буџет, бидејќи за нив купува некој друг, а добиваат и гага. Од нивна перспектива животот е лесен и не толку скап, но од подолната перспектива, онаа на народот, работите не се толку убави и розови. Можеби мора да направат нешто за на сите граѓани да им биде подобро, бидејќи само задоволен и сит народ може да значи силна држава. Со празен стомак, ниту се работи, ниту се гласа, ниту се избира. А изборите се пред нас.


#
Статијата е прочитана 1078 пати.

Испрати коментар

Од: Realist
Датум: 17.03.2011 13:11:08
Vo Makedonija ima nafta... DA DA DA... ne e smesno. Najnovite istrazuvanja vo svetot i lokacii na naftaeni izvori se pod granitni ploci vo baseni kako pelagoniskiot ... treba na grcite da im tekne do granica da dupnat do 2-3000 m i da ni go soberat nasiot del :) Ako sobrale 23 000 000 evra za 2 meseca ... za 12 meseca e nekade ke bide mnogu poveke od 300 000 000 evra ako se zeme vo predvid i rastot na cenata na naftata na berzite. Edna dupka od 3000 m za vadenje nafta e nekade okolu 5 000 000 evra. Pa neka investira drzavava malku vo R&D, i toa ne samo za nafta tuku i za drugi nesta, a ne samo da trosi trosi trosi
Од: milos
Датум: 17.03.2011 14:13:15
bolje i da ne najdat nafta vo MK ke staneme kako bliski istok ke padne vojna odma ili dvajca luge ke si ja prisvojat go znameme mentalitetot na nasite politicari ne sm enie norveska..... drzavatapravi extra profiti sega od nafta pred dve godini koga bese 150 dolari barel bese 78 a sega 98 ili 100 e 80 .....a ja kupuva po 84 bidejki nie kupuvame ruska nekvalietna nafta uralska koja ni gi usniti motorite i ni ja zagaduva okolinata duplo nego vo EU!
Од: Трпе
Датум: 17.03.2011 15:18:46
И благодариме многу на ова пропагандна влада за се што оствари за сопствениот народ.Ако е во можност и крвта ке ни ја цица за да ја продава на странските пазари за да може да го наполни буџетот и да може ненаменски да ги троши народните пари.Илузионизамот и лагата им се најголемата способност.Ако минатата година се фалеше како да извлече некојденар со препораки на македонските грагани да купуват половни возила,сега преку високите цени на дериватите ,продолжува да им ги празни џебовите на сопствените грагани.Но граганите заинает ,своите возила ке ги подигнат на трупци и ке ги гледат од прозорецот на сопствените станови.Како може во САД,бензините да бидат околу 40 денари.А и во ЕУ со висок стандард цените малку се разликуватѕ од нашите.
Од: Makedonec
Датум: 18.03.2011 09:51:36
Epa ajde pa kako vo Katar da ziveeme, ne placame danoci, ne placame nafta i akcizi, ne placame struja i taka ce ziveeme super! Abe ne se zanesuvajte danoci ima vo sekoja drzava kako samo tuka da ima!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Политиката не треба да биде печалба
„Човекот што ги сакаше калинките“ е „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Враќањето на Гадафи
Тачи се смирил со Тачи
Нулите на Гешковска ѕидаат кули од грешки!
ВМРО-ДПМНЕ си избра нов гувернер
Премногу жени дури и за мене
Македонските проблеми станаа поени за Грција
Дајте идеи!
Дали колагенот има вистински ефект на кожата?
„Црниот лебед“ е совршен, но не и добар филм
Затворот неминовен за проблематичната актерка
Лидерска средба кај претседателот Иванов
Ситно брои до избори
Динамо Киев и Попов меѓу осумте најдобри
Бесплатна бања барале и богати пензионери
Ахмети - ДУИ останува во владата
Карикатура
Продолжуваат напорите за ладење на третиот реактор
Стил
Онлајн вести

"""