Број 3533  четврток, 17 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Македонските проблеми станаа поени за Грција

Атина ли ви е крива што не можете да изберете претседател на ДИК, праша Јоргос Кумуцакос

Слободанка Јовановска



Македонските состојби никогаш досега не ја усреќиле олку многу Грција, чии европарламентарци вчера во Брисел имаа полна уста аргументи зошто нашата држава не треба да добие препорака за преговори со Унијата.

Иако во нацрт-резолуцијата, сепак, влезе барањето на известувачот Зоран Талер преговорите со Македонија веќе да не се одложуваат (веројатно по петти пат), листата на критиките далеку ги надмина позитивните оцени за земјата, а бугарските и грчките европарламентарци поентираа. Тоа веројатно го очекуваше шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, кој, како и секогаш кога треба да се собираат критики, а не поени, не се појави во Европскиот парламент и го испрати вицепремиерот Васко Наумовски.

Единствени позитивни оцени, освен препораката за преговори, беа таа на Јорго Шацимаркакис, дека економскиот прогрес во Македонија бил за пример и покрај кризата, и таа на Едуард Кукан, дека земјата има проблеми, но тие се резултат на фрустрацијата, бидејќи стои во евроинтеграцијата. Затоа, пак, критиките беа поостри од кога и да е, а заклучоците што беа прифатени, исто така.

„Има проблем со албанското малцинство во земјата, што е причина за наша загриженост, иако има веќе десет години откако се применува Охридскиот договор“, посочи Шацимаркакис, забележувајќи му на вицепремиерот за скандалозното испраќање на амбасадорот Ерван Фуере, со порака дека сака делегација на ЕП да дојде во Македонија за да види што се случува во земјата. Според Талер, има согласност во ЕП дека Македонија постигнала многу изминатите 20 години, но и загриженост дека развојот не е доволно брз и дека има проблеми околу политичкиот дијалог, слободата на медиумите, судството и евроинтеграцијата, барајќи Владата да покаже јасен план како сака да ја оствари. Иво Вајгл побара од македонските власти во решавањето на прашањата да бидат пофлексибилни и помодерни, а не да заглавуваат во националистичка политика, а Јоргос Кумуцакос праша директно - Грција ли ви е крива сега за тешкотиите со предвремените избори, со изборот на претседател на ДИК, за препукувањата околу гласањето на дијаспората, нагласувајќи дека сите земји-кандидати за ЕУ досега немале вакви проблеми, туку биле стабилни и демократски. „Само што ќе стане некој критичен спрема власта, веднаш добива реакција, а тој став не е добар“, изјави Евгениј Кирилов, кој очигледно нашите манири ги доживеа како помотивирачки да ја оцрни Македонија место бугарските гробишта, историјата и други нешта од лани.

Не и' дадовме кандидатски статус на Албанија поради кризата со политичкиот дијалог, а исто тоа ќе се случи и со Македонија, предупреди друг парламентарец, прашувајќи дали е вистина дека градоначалникот на Битола направил паралела меѓу ЕУ и холокаустот, на што Наумовски одречно одговори, односно дека бил лошо цитиран од медиумите.

Чарлс Танок беше меѓу ретките кои целосно не се согласија со содржината на извештајот на Талер, изјавувајќи дека не е точно оти македонската Влада не е присутна во Брисел, туку дека проблемот со името тоа што ја кочи европската перспектива на земјата.

Грчките европарламентарци тврдеа дека преговорите за името повторно влегуваат во застој и дека нападите кон европските претставници ја прават атмосферата многу негативна. Мариета Јанаку најави дека Грција не се откажува од барањето да се извади терминот „македонски“ кога е со етничко значење и за именување на македонските власти како власти на државата.

Таа ја обвини Македонија дека ја крши Привремената спогодба со Грција уште од самиот почеток, бидејќи го користи терминот Република Македонија, и дека се' уште не одговорила на последниот предлог даден од посредникот на ОН, Метју Нимиц, кој Грција, наводно, го прифатила. Талер, пак, испрати порака до, како што рече, пријателите во Македонија да водат сметка за советите што им ги дава Европскиот парламент, бидејќи тоа е листата што треба да ја исполнат за ЕУ.

Околу името, тој рече дека е Берлински ѕид што го попречува напредокот на Македонија кон ЕУ веќе шест години. „Не може вака засекогаш. Резултатот на процесот не е неутрален, туку негативен и предизвикува негативни реакции во целиот регион“, предупреди Талер за спорот, барајќи одговорност од двете страни.

Вицепремиерот Наумовски се бранеше дека евроинтеграцијата ни била највисок приоритет, па ја повика ЕУ да се вклучи активно и да ги искористи сите механизми за да не го попречува процесот. За Фуере рече дека бил примен од сите, а за изборите дека ќе се одржат на крајот на мај или првата недела на јуни.

„Македонија нема малцински права како Шведска, но може на неа да се гледа како Шведска на Балканот“, реплицираше тој околу Охридскиот договор. На Грција и' порача дека компромисно решение не е решението што го нуди само едната страна, па наброја дека Атина прво барала композитно име, па композитно име со географска одредница и кога го добила пред самитот во Букурешт го одбила, па продолжила да бара северна или горна Македонија, за да стигне до истото тоа, но по принципот ерга омнес. Ова не отвора простор за компромис“, изјави Наумовски во ЕП.


#
Статијата е прочитана 2477 пати.

Испрати коментар

Од: Regan
Датум: 17.03.2011 12:34:58
А кој рече дека не можеме да избереме претседател на ДИК?
Од: smoki
Датум: 17.03.2011 12:39:28
Јас да бев пратен таму в лице на ЕУ ке кажев : Атина е крива, поткупува се живо во Р.Македонија а со цел да го блокира функционирањето. Освен тоа Атина пере пари во Македонија. Ако имало корупција н.пр. при продажбата на ОКТА, крива е и Атина, и тие што дале пари одговараат за корупција. Кога сме кај корупцијата да си исчисти Грција и ЕУ пред својата врата.
Од: pero magacinero
Датум: 17.03.2011 12:49:35
toa sto go govoro jorgo ne se nikakvi poeni za grcija tuku si gi pokazuvaat nivnite valkani zdolnista ili kako nasiot narod sto veli si gi pokazuvaat rogovite,cel svet znae za ovaa fasisticka drzava milenice na zapadnite sili no po se izgleda ne za dolgo,i tie pocnaa da si gi otvoraa ocite,im se povraka od grckite zlobni lagi
Од: abdula-turk
Да��ум: 17.03.2011 12:58:23
Ne bi sakal da ja kritikuvam novinarkata,dosta se kritiki na smetka na vladata,nego opozicijata treba da izlezi so jasen stav "kako da se resi sporot so Grcija" bidejki problemot so grcija okolu ustavnoto ime na RM-e nasleden od SDSM-uste so Gligorov i toj problem treba da bide problem za site partii koji dovagaat i si zaminuvaat od vlasta.Bidejki jas ziveam vo Svedska(privremeno) i sum aktiven vo kulyurnite aktivnosti na nasite makedonci i Turci (ne kaj albancite)mnogu dobro ja poznavam evropskata demolratija posebno Svedskata.Dali znaete deka vo evropa nema izgradeno nitu edna Camija ako e izgradena nema visoko minare.Predmetot po majcin jazik e fakultativen.
Од: dedo dimo
Датум: 17.03.2011 13:07:23
Ovie parlamentarci izgleda ne mozat da svatat deka ne e vladata shto ne mozi da se slozi za promena na imeto na drzavata tuku e Makedonskiot narod koj ne saka promena i imeto mora da ostani za sekogash Republika Makedonija Eu treba da svatat deka ,Makedonskiot narod nema da go smen iimeto pa i da ne postanime chlenka na EU ili NATO.
Од: Goran
Датум: 17.03.2011 13:46:36
Za ova treba da im za zablagodarime na B.C. i negovite sopartijci. A ako razmislam podobro, mozda Grcive i go plakaat na strana da pravi problemi. Kako na drug nacin ke ja finansira partijata? Na Velija mu gi zatvorija smetkite a kojznae kolku pari tamu Branko imase ulozeno...?
Од: Milososki VEDNASH da se smeni
Датум: 17.03.2011 14:34:19
Milososki VEDNASH da se smeni i na shfot na timot da se postavi pravnik Igor Janev
Од: ivance
Датум: 17.03.2011 15:58:27
Mirijeta ne ja znae istorijata oti vo borbata protiv fasizmot i makedoncite se borele za ista cel, i vo 1945 godina zaedno so drugite republiki se priznati pod ustavnoto ime i vo obedinetite naci samo sega najdoja jagma, togash ne se buneja se do 1980 godina ne priznavaa nikakva makedonija. Koga vidoja oti ke se osamostalime pocnaja da se molat za makedonija oti taa gi hrani inace nema nisto da jadat
Од: Картер
Датум: 17.03.2011 17:10:36
Али Ахмети,колега, и Бадентер!
Од: Karokan
Датум: 17.03.2011 22:30:55
Една вистинска приказна (паралела по Фелих) за г-динот Смоки:Наш граѓанин-алкохоличар,во пијана состојба ја минал државната граница и залутал на бугарска територија.Бил фатен од бугарските гранични органи и при спроведување на постапката,во распитот,меѓу другото бил прашан и дали сака да биде вратен во тогашна СФРЈ или да остане во Р.Бугарија и што би работел таму.Посакал да остане, а за работата се изјаснил за метач на улици.Бугарските службеници му одговориле:" Не,ќе бидеш вратен назад,зошто такви метачи на улици и ние ги имаме повеќе од потребното". Е,така и ти г-дине Смоки!!!Уште ти ни фалеше да бидеш пратен таму (во ЕУ),малку и досега такви праќавме што не срамеа и брукаа,па е потребно и некој како тебе да ја завери таквата бламажа!!!
Од: nikolce nz
Датум: 18.03.2011 02:49:56
Nazalost ova e pocetokot na krajot na nasata zemja.
Од: Името и корењата
Датум: 18.03.2011 05:15:12
Во Македонија не само што има проблем со слободата на медиумите, туку и обичниот граѓанин живее во страв и се плаши јавно да го изрази мислењето за да не биде етикетиран и санкциониран. А некои коментари ме потсетија на овој: „nie vazno ke si go socuvame imeto, a ke jademe korenja, nesto slicno vikase i Milosevic, deka ke go socuvaat Kosovo i ke jadat i korenja ako treba. Kako gledam od cuvanjeto ni traga, ama zatoa korenjata ne ni ginat.“
Од: Tapa diplomatija
Датум: 18.03.2011 10:04:36
Na sekoj koj i malku potrezveno i bez nacionlisticka euforija gi posmatra rabotite, jasno mu e deka sto se odnesuva do sporot so imeti ja gubime pocvata pod nozete. Kompromisot izgleda ce bide neophoden ili pak ce bidat zatvoreni portite vo EU i NATO, pa ce se svrteme kon Zimbabve i Bolivija, mozebi i Indija i Iran.Posebna steta si napravivme so onaa bezumna antikvizacijua, i so odolvlekuvanjeto na sporot. Taka da koga vo svetot imavme podrska i moznosti za mnogu popovolen kompromis i koga prasanjetoi na identitetot i jazikot voopsto ne bese tema na razgovor , n8ie zaneseni so teorijata deka vremeto raboti za nas, ednostavni gi propustivme tie momenti. Togas pogolem del od golemite zemji ne svatija i ni bea nakloneti, a sega so ovaa "tapa" diplomatija poitpolno se izgubivmeZosto se molci za relativno dobrata ponuda sto sme ja dobile vo90-tite godini za koja zboiruva i Bakojani i Micotakis?E sega barajci pogaca , go gubime i lebot.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Политиката не треба да биде печалба
„Човекот што ги сакаше калинките“ е „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Враќањето на Гадафи
Тачи се смирил со Тачи
Нулите на Гешковска ѕидаат кули од грешки!
ВМРО-ДПМНЕ си избра нов гувернер
Премногу жени дури и за мене
Нафта е нафта, ама профит е профит
Дајте идеи!
Дали колагенот има вистински ефект на кожата?
„Црниот лебед“ е совршен, но не и добар филм
Затворот неминовен за проблематичната актерка
Лидерска средба кај претседателот Иванов
Ситно брои до избори
Динамо Киев и Попов меѓу осумте најдобри
Бесплатна бања барале и богати пензионери
Ахмети - ДУИ останува во вла��ата
Карикатура
Продолжуваат напорите за ладење на третиот реактор
Стил
Онлајн вести

"""