Број 3533  четврток, 17 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Интервју

Политиката не треба да биде печалба

Ванчо Узунов, претседател на „Транспарентност - Македонија“

Катица Чангова


Професорот на Правен факултет стана прв човек на невладината „Транспарентност - Македонија“. Кој беше предизвикот за оваа функција?


Мојот избор за претседател на Управниот одбор на невладината организација и за мене дојде малку неочекувано. Оваа работа е исклучиво волонтерска, а ќе бара време и ангажман. Но, активната работа и дејствувањето на ваков вид организации во Македонија е неопходен. „Транспарентност“ подолг период функционира добро во организациона смисла. Верувам дека работата ќе се исплати. Оваа работа ја гледам како на можеби мал, но, сепак, битен и корисен „тестамент“ за генерациите во Македонија, чие време доаѓа.



ТМ оценува дека Владата го засилува расипничкото трошење јавни пари, без јасни критериуми и со очигледна политичка селективност во третманот на медиумите.

Оваа владина гарнитура се наоѓа во перманентна предизборна кампања уште од првиот ден на нејзиното стапување на власт. Но, сега, бидејќи наближуваат избори, таа кампања се засилува, па станува и уште повеќе бескомпромисна. Од аспект на медиумските куќи, таа е строго селективна кампања. Верувам дека тоа во Македонија веќе не ги зачудува ниту децата од предучилишните установи. Еден вид „заштитни знаци“, кои уште долго ќе останат во сеќавањето за начинот на владеење на оваа гарнитура, се селективноста во (не)преферирањето на медиумите (и електронски, и печатени, и што уште не...), како и формирањето паралелни институции од различен тип, но такви кои ќе бидат строго партиски лојални. Тоа, секако, го соборува ткивото на општеството и ја поставува политичката партија (пред се', нејзините челници) како апсолутно најбитен фактор за се' што се случува во државата. Доколку работите не се променат, штетите врз нашето општество ќе можеме да ги споредуваме со штетите кои деновиве, за жал, и' се случуваат на Јапонија!



Изборите не се распишани, на секој чекор се чувствува изборна атмосфера, а партиите слободно дејствуваат.

Во таква атмосфера сме веќе цели пет години, бидејќи тоа е стилот на владеење на оваа Влада. Да изброиме – ова се веќе петти избори, во рок од пет години! Што претставува тоа? Демократија? Нема врска. Тоа е стил, тоа е начин на владеење. Да направиме една споредба: тоа е како да сте се качиле во некое такси со возач кој цело време „турира“ и ви зборува или за неговите наводни квалитети и успеси или ве советува што е најпаметно да направите! Човекот цело време дава гас докрај, колата „вреска“ и се распаѓа, а тој на цел глас не престанува да се фали како е многу убав, најубав, најпаметен, највреден, најчесен... дека сите останати таксисти (освен, се разбира, оние од неговото здружение), се никакви, ништо не знаат, поим немаат, лажат, крадат ... а дека за вас е најпаметно да учите, да не абортирате, да си посадите дрвца во дворот... Како ќе се чувствувате во тоа такси? Е па – како што се чувствуваме сите ние секој ден!



Дали недореченостите во изборното законодавство се главната причина за кампања без никаква контрола?

Не е само тоа. Многу повеќе е желбата за таков начин на дејствување, како и неизграденоста на механизам во општеството тоа да се спречи на еден, би го нарекол, културен начин. Што значи: и да имавме подобро законодавство, не верувам дека работите ќе беа многу поразлични. Затоа, немојте да си бараме алиби, дека ситуацијата е лоша затоа што немаме добри закони. А ги немаме бидејќи политичарите не сакаат да ги донесат. Тоа е барање изговор. Ние (граѓаните) треба јасно да им укажеме на сите политичари (и од една, и од друга, и од трета опција) дека такви нешта не сакаме и не прифаќаме.



Изјавивте дека финансирањето на партиите пред избори е најсивата од сите сиви зони за корупција.

Тука не мислам само на тоа колку милиони евра одат во кампањите, бидејќи верувајте, тоа е помалиот дел. Работите стојат уште многу полошо, но да бидеме транспарентни. Дејствувањето на партиите, во политичка смисла, се одвива во циклуси, кои, грубо речено, се состојат од две различни фази (етапи) – фаза на немање власт (т.е. опозиционерство) и фаза на имање власт. Во економска (или финансиска) смисла, пак, истите две фази прават еден „проектен циклус“, кој се состои од – фаза на задолжување (или инвестирање) и фаза на враќање на долговите и акумулирање за фазата на немање власт која ќе следува. Во периодот на немање власт, но токму за да дојде на власт, партијата мора да троши, т.е. да инвестира. Бидејќи нема доволно средства од легалните извори, таа мора да се задолжи. Дел во финансиски средства („кеш“), се разбира од оние што имаат да „донираат“, а дел „во натура“ – тоа е работата на партиските активисти, која се состои од лепење плакати и викање на митинзи, што е задача на пониските партиски ешалони, до учество во партиски органи и седење на состаноци каде што се носат битните одлуки, што е задача на повисоките партиски ешалони. Така настанува задолжувањето, да не речам контаминирањето на партијата. Во периодот на имањето на власт, доаѓа времето за враќање на претходно направените долгови, но од кои средства? Се разбира, од оние што ќе ги контролира партијата со самото освојување на власта – јавните финансии!



Добро, а решение за тоа?

Едно е темелна промена на законодавството што не е доволно. Мора да дојде и до промена на свеста и размислувањата дека партиите не се бизниси и дека занимавањето со политика не може да претставува еден современ облик на печалбарство. Но, ако случајно ме прашате кога ќе се случи тоа, мојот одговор ќе биде – не знам! Зошто? Едноставно, затоа што ние одиме назад, а не напред. Исто така, еднаш имам кажано дека не познавам некој што стигнал до некаде, до некоја точка која се наоѓала пред него, возејќи во рикверц. Ама ми се чини ние упорно сакаме да испитуваме и да докажуваме дали е точно тоа.



Партиите, без оглед дали се власт или опозиција, свесно дозволуваат токму ова подрачје да биде без никаква контрола?

На партиите им чини ако оваа зона ја остават без контрола. Ретко некој е доволно непаметен да си ја сече гранката на која седи, а партиите се дотолку повеќе паметни тоа да не го направат. Партиите не се здруженија ниту на филантропи ниту на мазохисти – напротив. Така што, за да направат нешто такво, некој нив мора да ги натера. Кој? Нема кој друг, туку тоа може да бидат само граѓаните. Но, за тоа треба свест, а таа промена оди бавно. Уште повеќе, знаејќи го тоа, преку наметнување општ страв од власта и нејзината тешка рака, или преку раздавање различни субвенции (како „подароци“), власта врши силно влијание за спречување на промената на свеста на граѓаните за тоа како треба да се владее, и какви треба да бидат реалните очекувања на граѓаните за тоа што треба или не треба да работи една влада.



Администрацијата го цеди народниот паричник.

Проблемот со бројноста, а со тоа и неефикасноста и нефункционалноста на јавната администрација се посебни проблеми кои се меѓу најтешките за решавање. Тие не може и нема да се решат ниту лесно ниту за кратко време. Во услови кога водењето бизнис кај нас е многу тешко, јасно е дека многу голем број граѓани својот економски опстанок го бараат во вработување во администрацијата. Не е точно дека сите луѓе обожаваат да работат во администрација наместо во приватен сектор. Но, немаат каде. А имаме создадено таков систем со кој за вработување во администрацијата треба да се биде послушен и партиски лојален. И толку. За се' останато ќе се грижи некој друг. Затоа администрацијата, со текот на времето, стана армија. Имаме една армија навработени, и уште една армија „прикриено невработени“ луѓе, тоа се оние напиканите во администрација. Меѓутоа, пред да почне да се намалува тој број на еден одржлив начин, секако, не се доволни само масовни отпуштања од администрација. Прво ќе треба да се создадат добри и поволни услови за работа на приватниот сектор, а потоа ќе треба да се инвестира и во подигнувањето на степенот на вработливоста и на невработените и на луѓе кои се вработени во јавната администрација. Тоа ќе биде многу тешко.

Како ја коментирате моменталната состојба во медиумите?

Моменталната состојба во медиумите во Македонија е крајно лоша, а тука особено мислам за трендот на укинување медиуми. Гледано од аспект на професионалноста и независноста, работата во повеќе медиуми ни порано не беше како што треба, но наместо унапредување, сега се случува тренд на уште поголемо уништување медиуми. Едноставно, бидејќи дојде период на уништување на демократијата во државата, јасно е дека и медиумите, како многу битен столб на тој систем, ја имаат истата судбина. Веројатно и уште повеќе – тие се предвесници на тоа што ќе им се случува на сите останати институции во државата.

Што се однесува до најавите за затворање на „Утрински весник“, мислам дека како држава би останале без сериозен весник. Оние што знаат што сакаат да прочитаат – го читаат токму „Утрински“. Тоа би оставило голема дупка во медиумскиот простор и понудата во целина. Штета би било, треба да се најде начин нешто да се преземе. И мене лично тоа многу ме погодува, бидејќи бев колумнист на овој весник три години. Сум работел и соработувал со многу различни институции и луѓе, но таква професионална соработка како со Редакцијата на „Утрински“ ретко, ретко кога сум имал. Јас сум „за“ „Утрински весник“.


#
Статијата е прочитана 1041 пати.

Испрати коментар

Од: Trajko
Датум: 17.03.2011 13:08:41
A zosto odat vo politika? Za narodot? Za drzavata? NEEEEEEE. Za svojot dzeb. Narodot KAKOV TAKOV kje zivotari.
Од: забеган.
Датум: 17.03.2011 13:24:41
Гос.Узунов ништо нека не ве чуди?.И се прашувам дали стварно сте изненаден.Така тие со гочеми букви КАПИТАЛИЗАМ и сее можно.35% без работа 70% сиромаштија од каде????????.Во некое друго време не вработеност негде до 5%,средна класа која нигде ја снема,одмори,бесплатно здраство,социални станови,8 часовно работно време,легни кај сакаш да се одмараш никој не смеше да те чепне.Што имаме сега????.Ќе го затварале УТРИНСКИ и ќе го затварат,,,,,,,,,,,Кога некому не одговара.Кај отидоа НОВИНАРИТЕ од канал5?.Нигде појео вук магарца.Камо трудова испекција,синдикат,Кога некое време ќе му речеше на Директор одам во трудова испекција ејјјјјјјј инфракт го фаќаше.Така тие баравме гледаме.Некои кои не вредат Овци да им даеш на чување сега ти кројат не КАПА него УМ.Иако сами го немат.
Од: velesanka
Датум: 17.03.2011 14:04:51
mnogu solidno napisano,vredi da se procita.....
Од: mala zemja
Датум: 17.03.2011 15:59:38
Makedonija e mala zemja. Nemojte profesore so prikaznite deka vladata formirala partiski nevladin sektor. Transprantnost Makedonija e partiska nevladina na SDSM. porano sef bese Ordanoski, nekogasen partiski direktor na MTV, a sega vie sovetnik od kabinetot na Crvenkovski. Barem nemojte so tie prikazni . Drugoto e sosema OK
Од: goto
Датум: 17.03.2011 17:46:07
Ovoj ekspertov nitu e nezavisen nitu e nevladin. Mnogu dobro znaeme civ sovetnik bese. Tolku za kredibilitetot na VU i TM.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 18.03.2011 02:03:19
Zalosno,ama ce bide Vistinito! Ako Utrinski Vesnik se zatvori,.isto bi bilo kako Belgradska Politika da se zatvori,a Vecernje Novosti i Skopski Vecer da ostanat!
Од: Nikola
Датум: 18.03.2011 09:18:45
Prekrasno intervju...Vistinska ssteta ssto lugje kako V.U,obrazuvani,so moderen pogled na svet,ne se na mesta koi se znachajni za vodenje na zemjava...Za zzal,ovde sekoj koj ima Bistra pamet,toj i takov prechi na ona ssto e Vlast.
Од: Трпе
Датум: 18.03.2011 09:41:54
Не е само кај нас,народот да влегува во политика за печалба.Така е во цел свет.Па кај нас сите бизнисмени се политичари.Додека на едни и се стемнува да други и светнува.Дали од политиката нема ќар Ѕинго,Стојменов Велија па и куп други бизнисмени,со голем број на фирми.Еве слушам на вести овој на стопанска комора Калеников како се шири со своите бизниси,затоа е залепен до Грујо и ден преку ден го гледаме ко да се грижи за стопанствениците а тој си прави само за себе.Си праев,си праев само за себе успеав да си направа.Исто и владата која ја избираме кобајаги да направи нешто за народот а тие си прават само за себе.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Човекот што ги сакаше калинките“ е „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Враќањето на Гадафи
Тачи се смирил со Тачи
Нулите на Гешковска ѕидаат кули од грешки!
ВМРО-ДПМНЕ си избра нов гувернер
Премногу жени дури и за мене
Нафта е нафта, ама профит е профит
Македонските проблеми станаа поени за Грција
Дајте идеи!
Дали колагенот има вистински ефект на кожата?
„Црниот лебед“ е совршен, но не и добар филм
Затворот неминовен за проблематичната актерка
Лидерска средба кај претседателот Иванов
Ситно брои до избори
Динамо Киев и Попов меѓу осумте најдобри
Бесплатна бања барале и богати пензионери
Ахмети - ДУИ останува во владата
Карикатура
Продолжуваат напорите за ладење на третиот реактор
Стил
Онлајн вести

"""