Број 3533  четврток, 17 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Еконо��ија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Тачи се смирил со Тачи

По три години замрзнати односи меѓу лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и косовскиот премиер, Хашим Тачи, мразот меѓу нив почнува да се топи. Како медијатор за затоплување на односите меѓу македонско-косовскиот двоец Тачи-Тачи се јавува лично албанскиот премиер Сали Бериша.

Ваква информација деновиве пренесе албанската новинска агенција Алб ЕУ, која јави дека се надминуваат неколкугодишните кавги меѓу двајцата експоненти на македонската и на косовската политичка сцена. Албанската агенција истовремено пренесува и дека идејата на иницијаторот на смирувањето, албанскиот премиер Сали Бериша, е „да се зацврстат добрите односи меѓу Македонија и Косово пред идните предизвици со кои ќе се соочат Албанците“.

Своевидно изненадување е тоа што токму премиерот на Албанија, покрај сите обврски и турбуленциите со кои се соочува и неговата држава, се ангажирал да ги смири скараните политичари од регионов.

Деновиве лидерот на ДПА, на новинарско прашање дали е точно дека има извесно смирување со косовскиот премиер, само кратко одговори „многу брзо ги дознавате работите“. Факт е дека приоритет на партиите на Албанците во земјава е да одржуваат блиски контакти и врски со политичките претставници на Косово и на Албанија, така што за повеќето прашања консултациите се одвиваат на релација Скопје - Тирана - Приштина. Поради тоа, на некој начин и оваа кавга беше неприродна, ако не се има предвид фактот дека недоразбирањата избувнаа откако косовскиот премиер Тачи ги зацврсти односите и му даде силна поддршка на лидерот на ДУИ и негов поранешен соборец во ОВК, Али Ахмети, и тоа токму пред распишувањето на предвремените избори.

Клучниот момент за разминувањето се случи пред околу три години, односно по прогласувањето на косовската независност. Тогаш косовскиот премиер тврдеше дека Македонија ќе го признае Косово, на што, пак, Мендух Тачи, кој тогаш беше коалициски партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, одговори дека Македонија ќе го признае Косово тогаш кога неговата партија ќе одлучи за тоа.

Од ДПА вчера не сакаа да коментираат што за нив ќе значи смирувањето со косовскиот премиер и дали во интерес на затоплувањето на односите ќе покажат гест на добра волја и на конгресот на партијата што ќе се одржи во недела ќе го повикаат Тачи да присуствува како гостин. Изминативе години, додека траеше нетрпеливоста меѓу двајцата политичари, имаше почесно место на високите партиски случувања и беше задолжителен гостин поранешниот командант на ОВК и претседател на партијата Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства, со кого Тачи има потпишано меморандум за соработка. (Св.У.)






#
Статијата е прочитана 1280 пати.

Испрати коментар

Од: Od fakelaki
Датум: 17.03.2011 22:29:40
e pojke nema dase sekiram.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Политиката не треба да биде печалба
„Човекот што ги сакаше калинките“ е „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Враќањето на Гадафи
Нулите на Гешковска ѕидаат кули од грешки!
ВМРО-ДПМНЕ си избра нов гувернер
Премногу жени дури и за мене
Нафта е нафта, ама профит е профит
Македонските проблеми станаа поени за Грција
Дајте идеи!
Дали колагенот има вистински ефект на кожата?
„Црниот лебед“ е совршен, но не и добар филм
Затворот неминовен за проблематичната актерка
Лидерска средба кај претседателот Иванов
Ситно брои до избори
Динамо Киев и Попов меѓу осумте најдобри
Бесплатна бања барале и богати пензионери
Ахмети - ДУИ останува во владата
Карикатура
Продолжуваат напорите за ладење на третиот реактор
Стил
Онлајн вести

"""