|
|
|
|
|
|
ВМРО-ДПМНЕ си избра нов гувернер
Пратениците на ДУИ и на ЛДП вчера не присуствуваа на пленарната седница при изборот на новиот гувернер
Соња Маџовска
Димитар Богов е избран за нов гувернер на Народна банка на Македонија.
Собранието вчера со 62 гласа „за“, сите од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, го поддржа предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, Богов да биде новиот шеф на централната банка. Тој ќе седне во гувернерската фотелја кон средината на мај, откако и официјално ќе му заврши седумгодишниот ��андат на Петар Гошев.
Покрај пратеничката група на ДУИ, која уште минатата недела се изјасни дека ќе го бојкотира изборот на новиот гувернер, и пратеничката група на ЛДП не учествуваше во процесот на гласање по оваа точка на вчерашната Собраниска седница.
Богов неколку часа пред својот избор имаше шанса, но пропушти да се промовира пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет. Иако, тој немаше ни уставна ни законска обврска да го стори тоа, сепак, не ја искористи шансата да ја претстави својата програма и да добие некој позитивен поен кај дел од пратениците. Богов веднаш се јави со реакција дека само се придржува до постапката за избор на гувернер и Деловникот за работа на Собранието. „Без разлика дали ми се допаѓа постапката или не, таа е таква и јас ја почитувам. Фактот што целосно се придржувам кон Законот за НБМ и Деловникот за работа на Собранието, кои се донесени од пратениците на Собранието на Македонија, е најдобра потврда за мојата почит кон оваа институција“, вели Богов во своето обраќање до јавноста. Тој, сепак, додава дека ќе ја продолжи воспоставената практика за претставување на активностите на НБМ пред матичната собраниска комисија.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет, која беше закажана еден час пред пленарната, не се одржа, а претседателот на Комисијата, Јован Манасијевски, истакна дека добил лична потврда од Богов дека ќе се појави на седницата, но не му беше јасно зошто тој се премислил. „За жал, за мое големо разочарување, кандидатот за гувернер не дојде на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, специјално свикана да му се даде можност да ја образложи својата програма, планови, мерките и активностите што ќе ги презема во наредниот седумгодишен период како шеф на НБМ. Јас сум непријатно изненаден од ова затоа што разговарав со него минатата недела веднаш штом стигна предлогот од претседателот Иванов. Првично, господинот Богов изрази расположение и задоволство дека ќе се претстави, кажа дека му се потребни дополнителни консултации и, за жал, веројатно, врз основа на тие дополнителни консултации, се определил да не дојде“, изјави вчера Манасијевски. Според него, со овој потег новиот гувернер нетраспарентно ја почнува својата кариера. „Недозволиво е да избираме шеф на монетарната власт со најголеми овластувања во економијата во Македонија, а тој да не ја образложи програмата пред надлежната Комисија. Испаѓа дека треба да избираме гувернер на слепо.Во една месна заедница кога се организираат избори, кандидатот ќе се претстави и ќе каже што мисли да направи и што му се плановите, а да не говорам за шеф на монетарната власт. Мислам дека тие што го советувале за жал лошо го советувале и на еден многу лош, нетранспарентен начин ја почнува својата кариера“, вели Манасијевски.
Пратеникот Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ го бранеше Богов дека немал обврска да се појави пред Комисијата за финансирање и буџет, а го искритикува Манасијевски дека ја закажал седницата само за да си направи лична промоција. „Она што претседателот на Комисијата Јован Манасијевски го прави и закажува седница на Комисијата на која што тој бара кандидатот за гувернер да даде извештај за работата што ќе ја спроведува, беше закажана без никаква консултација со нас, членовите на Комисијата. Инаку, и Уставот и законите јасно укажуваат на кој начин се избира кандидатот за гувернер. И од тие причини мислам дека седницата што ја закажа Манасијевски е во една насока и со една цел само лична промоција негова и на неговата партија“, истакна Муковски. Тој потенцира дека не знае што размислува Богов и зошто прво прифатил да се појави пред Комисијата и да ја претстави програмата, а потоа се предомислил. „Не знам што размислува Богов, тоа е негова работа јас давам коментирам во име на владејачкото мнозинство. Јасна е процедурата, и според Уставот и според законите на кој начин се избира гувернер на НБМ“, истакна Муковски. (С.М.) |
#
|
Статијата е прочитана 1471 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Dean |
Датум: 17.03.2011 12:27:50 |
|
Pluknat Vanco Mihajlov na mladi godini. |
|
|
|
|
|
|
Од: Излези Бранко! |
Датум: 17.03.2011 12:28:21 |
|
А зошто Бранко не дојде, па тој да си избере нов гувернер, како и сите досегашни? |
|
|
|
|
|
|
Од: pero magacinero |
Датум: 17.03.2011 12:43:19 |
|
ajde neka e airlija,belkim ke trgni rabotata za napred samo ne znaeme dali i ovoj ke trgni po istiot pat na negovite predhodnici,gosev sega e osloboden od obvrski i slobodno moze da go gradi kasinoto na mestoto blizu do segasnata granica so grcija |
|
|
|
|
|
|
Од: Od Zapad |
Датум: 17.03.2011 12:43:34 |
|
Cirkusite si prodolzuvaat. Karvanot si minuva, kucinjata laat.....Narodot strada |
|
|
|
|
|
|
Од: gimi |
Датум: 17.03.2011 13:16:46 |
|
Кој го избра претходниот Петар Гошев? |
|
|
|
|
|
|
Од: Ози |
Датум: 17.03.2011 13:20:12 |
|
’...да ја образложи својата програма, планови, мерките и активностите...’. Што е тоа? Да не се мачка на леб? Алооо,човекот е поставен за да извршува наредби а не да се бави со такви дреболии како програми, планови и слично трошење на време. Индиго копија на оној што го предложи. |
|
|
|
|
|
|
Од: Trpe |
Датум: 17.03.2011 14:06:49 |
|
Sleden na red da padne e Brankoviot ustaven sud pa da vidime posle kako ke gi osloboduva kriminalcite.Ocigledno vo drzavata nasa tie se najvazni,krojat sto ke projde a sto ne.Koj ke si lezi i za stravce a koj ke seta sloboden za celi tenkovi.Brane se rusat kockite tvoi i na site kriminalci. |
|
|
|
|
|
|
Од: bankar |
Датум: 17.03.2011 21:15:44 |
|
I toa kakov! Bogov e isklucitelna lichnost! |
|
|
|
|
|
|
Од: Mary |
Датум: 17.03.2011 21:26:05 |
|
pozdrav za citatelite koi ne go opravduvaat odsustvoto na opozicijata pa ni na DUI, sto sakaat tie ? Pa pretsedaytelot e ulogata da predlozi Guverne, a kandiadatot bese vice Guverner sto e problemot , pralamemtot go potvrduva , sekogas bilo taka , sto sega i ova e problem, kade ste bre lugje daj nekoj ekspert da se proizneze ili da se postetime od snimki kako bese porano i za Gose. Mora li da e partiski , pas i da bide kanditdatot e strucen STO SAKAME NIE POVEKE a DUI da ne mislese deka tie ke dadat nivni , eve se vide so ubaviot od min. za zdravstvo zanci neka ne se lutat , ne se lojalni gragani, samo nivni da bidat drugo ne e vazno kako ke raboti, aman od pacienti ne se vleguva vo ambul. Nemaat zdravstvena kultura pa mnogu boluvaat, pa uste i od Kosovo ke se lecat. P sekoj ko saka na privatni Kliniki koj go zapral i od kade saka neka bide ako go primat na priv. klinika. Lecenje vo Drzavno zdravstvo NIKAKO. aajde neka idat vo druga drzava vo evropa znaat tie kolku treba d |
|
|
|
|
|
|
Од: vasco beleski |
Датум: 17.03.2011 22:12:55 |
|
pred malku napisav eden komentar na napisot "novinarstvoto go dopre dnoto* i eve sega pak citam kako novinarstvoto go dopira navistina dnoto...bez pricina pisivate kako VMRO si izbra guverner, bi ve zaprasal vas licno sto vi smeta kaj noviot guverner dali mozebi nema kvalifikacii , dali mozebi doijde od zidar na medsto guverner, dali dosega rabotese kelner pa sega go stavija guverner???? vasata koleska so pravo napisa novinsrstvoto go dopre dnoto.....ve molam objavete pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: Stefan |
Датум: 18.03.2011 03:08:11 |
|
Gospodine Beleski dali vie go procitavte tekstot za koj komentirate. Kade procitavte nesto protiv novoizbraniot guverner. Naslovot e takov bidejki taka i bese. na sednicata bese samo edna partija. Toa e vistinata. A sto se odnesuva do dnoto koe go spomenuvate vie izgleda ste dlaboko zaglaveni vo nego. |
|
|
|
|
|
|
Од: od ostrijot |
Датум: 18.03.2011 07:58:45 |
|
znaci see po zakonot premijerot nareduva predsedatelot izvrsuva e toase veli vmrovska demokratija bas sme za zalanje. |
|
|
|
|
|
|
Од: nin |
Датум: 18.03.2011 09:04:26 |
|
Кој требало да го избере Гувернерот, жири од три члена или телевоутинг или „лијк“ на социјална мрежа. Барем толку треба да знаедте дека има устав и закон и Собрание избрано на легални избори кои бираат со мнозинство од гласови. Кој е другиот модел кој авторот на колумната го предлага? Да го прашаме Али кој иако не му обеабедува мнозинство на владата е поканет да дели третина од власта, да го прашаме лидерот на опозицијата кој на исти начин му ја зема позицијата на Кљусев, Љубчо и Трајкоски, да ја прашаме (небулозната) „меѓународна заедница“. Победете на редовни и регуларни избори па ќе можете да бирате. |
|
|
|
|
|
|
|
|