04.05.2012, 17:00 Зошто Елизабета никогаш не била во Грција?
Британската кралица била во официјална посета на 116 земји, но не и во земјата од каде што потекнува нејзиниот сопруг Филип
Кралицата Елизабета веројатно е единствениот монарх кој толку многу патувал. Таа била во официјална посета како кралица на 116 земји, но не и во Грција. Зошто?
Кралицата била во посета од малата островска држава Тувалу во Пацификот, до Русија, Кина, Чиле, Гана, Аавстралија и речиси сите други места помеѓу. Па можеби изгледа како изненадување тоа што таа никогаш не направила дури ни кратка посета на родното место на нејзиниот сопруг, Филип, војводата од Единбург.
Принцот Филип е „грчки принц“, вели кралскиот историчар Хуго Викерс, па тоа е „интересен“ пропуст. Причината, верува тој, е во проблематичната историја на монархијата во Грција, што имаше влијание врз потесното семејство на принцот Филип. „Принцот Филип не ја сака Грција, бидејќи тие го изведоа неговиот татко (принцот Ендрју) пред суд, и тој можеше да биде егзекутиран“, вели Викерс. „Во 1922 година сите мораа да побегнат“. Принцот Филип во тоа време бил бебе и ретко се враќа таму.
Не е сосема точно дека кралицата никогаш не била во Грција – таа отиде таму на покана на кралот Павле, братучед на принцот Филип во 1950 година, но тоа беше пред да стане кралица.
Во 1963 година Павле дојде во Британија во државна посета, но тоа беше „многу контроверзно“, вели Викерс, бидејќи Грција во тоа време имаше голем број политички затвореници. Кратко време по таа посета, кралот Павле умре. Неговиот наследник кралот Константин – првиот братучед на принцот Филип еднаш сменет – беше соборен од функцијата кога монархијата беше укината во 1973 година. Тој живее во Лондон, се' уште се смета себеси за крал, и има блиски односи со кралицата, според Мајкл Бинјон, експерт за надворешни работи во весникот „Тајмс“.
Сево ова „ги направи работите многу тешки“ вели Викерс. Но, тој исто така се сомнева дека кралицата можеби никогаш не била поканета од грчкиот претседател да направи државна посета. Принцот Филип беше во Атина во посета на неговата мајка пред таа да се пресели во Лондон во 1960-тите, но тој патуваше сам, вел�� Викерс. (Би-Би-Си) |