Хороскоп
Овен
Пред вас се денови полни со задоволство и со љубов. Радоста ви ја дава саканото лице, ве поттикнува на креативност и ве инспирира во работата која ве окупира моментално. Ќе имате успех на берза или во игрите на среќа. Поделете го доброто расположение со саканото лице.
Бик
Обидете се со својот авторитет да постигнете нешто што не сте во состојба да го постигнете со убави зборови. Партнерот се подготвува пријатно да ве изненади. Внимавајте околу интриги и заткулисни работи, и тоа не само во областа на работата туку и во приватниот живот.
Близнаци
Вредно работите, си ја гледате својата работа, се грижите за егзистенција и се обидувате да го решите долготрајниот проблем. Дали е во прашање работа или здравје, зависи. Важно е дека само со мудри чекори ќе успеете. Убаво изгледате, убаво се чувствувате.
Рак
Успешен период. На општо чудење, ќе ја совладате кризата. Ви се нудат нови работи и заработка. Под услов да не сте загазиле доволно во годините. Но, и да сте загазиле, карактеристично за вашиот знак е тоа што со годините станувате се' пошармантни.
Лав
Во однос на прашањето пари одите од крајност во крајност: или сте претерано штедливи или сте со широки раце. Ќе имате успех доколку се занимавате со трговија, економија, издаваштво. Една набрзина донесена одлука ќе ви биде повеќе од корисна. Љубоморни сте на успесите од околината.
Девица
Моментално повеќе ви годи да слушате отколку да зборувате. Ќе мора да анализирате туѓи проблеми и да извлекувате заклучоци за да му помогнете на некој пријател. Зголемете ја самодовербата. Наскоро ќе ви треба, ве очекуваат значајни случувања.
Терезија
Една од причините за напнатост побарајте ја во преморот. Ги презедовте сите обврски, па не е ни чудо што сега сето тоа ви е тешко. Не сакате да бидете директни во однос на саканото лице и мислите дека ги чита вашите мисли, но грешите. Бидете подиректни.
Скорпија
Нешто славите и уживате во друштво на пријатели. Бидете самокритични, бидејќи почнавте да делите совети наоколу. Внимавајте во врска со некои скандали од страна на конкуренцијата. Не ставајте се' при срце. Подготвено чекајте ги случувањата.
Стрелец
Успевате да ги усогласите зборовите и делата, така што фантастично функционирате. Искористете го овие моменти, бидејќи не се случуваат често. Избегнувајте киксови и неискрени постапки. Енергијата треба да ја користите на вистинскиот начин.
Јарец
Мора да решите сериозни деловни задачи ако сакате да успеете. Потпрете се на сопствената сила, соработниците можат да ви ја отежнат работата. Конечно ги средувате партнерско-брачните односи. Сфатете дека морате да бидете многу полукави ако сакате да биде по ваше.
Водолија
Наредните денови ќе обрнувате внимание на конкретни факти. Искористете ги организаторските способности на најдобар можен начин. Образованието ќе ви помогне да напредувате во кариерата, но од помош ќе ви биде и некој од соработниците.
Риби
Размислувате за патувања, странски земји, фантазирате. Очекувајте успех ако се занимавате со пропаганда и маркетинг. Искористете ја максимално интуицијата кога е во прашање нова работа. Во однос на љубовната врска, преземете радикални чекори.
|