Хороскоп
Овен
Се' што ќе посакате мора да го направите со сопствени сили и труд. Имате чувство дека ништо не ви паѓа од небо. Обидете се малку да се изолирате од околината. Само со мудри потези ќе ги решите проблемите.
Бик
Пријатно се чувствувате под услов да се свртите кон оние работи што ви претставуваат задоволство. Партнерот ве разбира и ве сака и тоа отворено го признава. Во фаза сте на создавање некои нови проекти.
Близнаци
Ви претстојат тешкотии без разлика дали станува збор за работа или за здравје. Бидете физички активни бидејќи можни се проблеми со здравјето. Свесно се жртвувате за некого. Подгответе се за средба со пријатни лица бидејќи тие постојано мислат на вас.
Рак
Полни сте со сила и желба да се борите со проблемите. Одморете се и реално проценете ги своите можности. Само така може да ги надминете кризите. Кога најмалку се надевате, ќе ви понудат патување што пријатно ќе ве изненади.
Лав
Оптимистички гледате на проблемите, па затоа ќе ги решите за релативно кратко време. Ако имате некоја можност да решите некој фамилијарен проблем, сега е вистинско време. Не запоставувајте го партнерот.
Девица
Среќни сте. Кој е заслужен за насмевката на вашето лице? Денес е вистински момент да станете популарни и вљубени, па затоа само уживајте. Ве очекува финансиска добивка, подгответе се за убави работи.
Терезија
Имате потреба другите да ве фалат и да ви посветуваат внимание. Тоа сите го сакаат, но кај вас тоа е изразено во голема мера. Свртете се кон работата, тоа е повеќе од потребно. Партнерот не само што сака да помогне, туку и може да помогне.
Скорпија
Бидете внимателни, особено зашто умеете да бидете непријатни и да направите проблеми таму каде што нема. Стрпете се во желбите за докажување на квалитетите. Овните и Водолиите не ви се наклонети. Вест за патување пријатно ќе ве изненади.
Стрелец
Конечно, успеавте да најдете време за пријатни нешта. Работата денеска ќе ви биде во втор план. Ќе ја обновите својата гардероба само за да го освоите саканото лице. Успехот е неминовен. Ве очекув�� убава и пријатна вечер.
Јарец
На прв поглед се' убаво функционира, но кога подлабоко ќе навлезете во проблемот, станувате нервозни. Се' ќе се одвива бавно, но, сепак, времето работи за вас. Подгответе се за возбудливи доживувања.
Водолија
Можни се некои опасности, непожелни ситуации, па затоа ви се советува претпазливост. Ако се држите до овие правила, односно ако повеќе се изолирате, ќе ги избегнете непријатностите. Можете да се занимавате со пишување љубовни романи.
Риби
Позитивно сте ангажирани и вредни. Работата е одлична компензација за емотивното незадоволство. Корист ќе имате само ако се потпрете на сопствените можности. Јарецот е вистинско решение и комбинација за вас.
|