Хороскоп
Овен
Не дозволувајте некој да ве казни поради нерасчистени сметки. Средбата со една личност може да прерасне во непријатна ситуација, но зачувајте ја добрата волја и присебноста. Заборавете на вашите авантуристички пориви. Бидете трпеливи.
Бик
Не верувате во нечие агресивно однесување, па затоа секоја информација ја проверувате посебно ако доаѓа од необични извори или укажува на евентуални промени во деловната соработка. Сепак, претераната љубопитност во нечии очи изгледа како ваша негативна особина.
Близнаци
Сериозно ги претставувате своите деловни планови и со право очекувате уважување во кругот на соработниците. Сепак, постојат различни реакции и секој од соработниците се однесува според своите лични интереси. Обидете се да заобиколите некои љубовни дилеми.
Рак
Ви претстојат неочекувани проблеми во средбата со соработниците, каде што не очекувајте премногу разбирање. Потребно е да одредите јасна граница меѓу пристојно однесување и деловна доверба со соработниците. Бидете искрени во изразувањето на своите емотивни намери.
Лав
Средбата или разговорот со една личност за вас претставува добитна комбинација. Прифатете ја идејата за деловна соработка. Важно е да одберете улога која одговара на вашиот интерес и работа која носи материјална корист. Нема причина емотивно да ја уценувате саканата личност.
Девица
Премногу сериозно сфаќате некого и верувате дека се ќе се заврши добро. За секој случај, побарајте нечиј стручен совет или коментар, пред да се впуштите во деловно-финансиски ризик. Подобро е на време да се спречи, отколку со карање да се плаќа голема цена.
Терезија
Имате доверливи информации и повеќето работи ги држите под контрола. Впечатокот кој го оставате врз соработниците во одредени кругови предизвикува почитување. Сепак, немојте да дозволите кај вас да превлада поривот за експонирање. Лесно ја шармирате личноста што ви се допаѓа.
Скорпија
Важно е да го зачувате она што го имате во свои раце, затоа немојте да ја штедите својата енергија или време. Вашата цел не е врвот, но истовремено ниту вашите соработници не можат да се пофалат со добри резултати. Изгледате незадоволно, имате впечаток дека неправедно трпите.
Стрелец
Вложувате голем напор во своите цели, но околината тоа не го сфаќа сериозно. Посебно ве иритира сознанието за нерамноправните односи, некој добива подобри резултати отколку што ги заслужува. Потиснете ја суетата. Не сакате да ги разоткриете своите намери и емотивни слабости.
Јарец
Во деловниот дијалог вашето самоволие или претераната енергичност дејствува иритирачки на околината, поради тоа ве следат негативни коментари. Не дозволувајте некој непотребно да ве компромитира кај деловните партнери. За жал, некое блиско лице не ги разбира вашите емотивни потреби.
Водолија
Доколку сакате постојано да ги тестирате своите интелектуални и практични способности, пронајдете си партнер кој ви одговара. Потребно е да имате прецизни цели и позитивна ориентација. Нечија понуда не претставува сон за голема добивка, но најавува поучно искуство.
Риби
Угледајте се на една успешна личност од својата околина и не ризикувајте без потреба. Завршете ја започнатата работа во предвидениот рок, препуштете на другите да се докажуваат во предизвикувачките ситуации. Понекогаш е тешко да се повлече јасна црта меѓу разумот и емоциите.
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 27°C
Делумно облачно
|
Четврток
Локални грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 12°C
|
Петок
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
|