Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
09.02.2012, 16:56

Нема да има железарница во Неготино ако е опасна за луѓето

Владата нема да дозволи да се избрка инвестицијата без да се провери дали ќе го загрозува здравјето

„Нема да дозволиме изградба на каков било капацитет кој ќе го наруши здравјето на луѓето, но ��ема да дозволиме ни опозициските партии во борба за власт да ја избркаат која било инвестиција без притоа да се провери дали таа навистина ќе го загрози здравјето на луѓето“, рече вчера премиерот Никола Груевски околу најавите за отворање железарница кај Неготино.

Груевски смета дека тоа што се случува во Неготино е злоупотреба од страна на СДСМ. Потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ пред се' внимава на здравјето на луѓето и околината вклучувајќи ги и насадите со грозје.

„Она што сакам да им го порачам на граѓаните на Неготино е дека што и да се случува, може да сметаат дека во оваа Влада имаат институција која внимава на нивните интереси, на нивното здравје и на околината во која живеат. Она што ќе го направиме е во детали да ја истражиме иницијативата за изградба на капацитет, кој, како што дознав, треба да вработи околу 2.000 луѓе. И, доколку се утврди дека постои каква било штета по здравјето, нема да ја дозволиме изградбата. Но, доколку утврдиме дека тој капацитет нема да влијае на луѓето и на лозовите насади, тогаш ќе дозволиме да се гради, но нема да дозволиме некој да манипулира со граѓаните“, нагласи Груевски.

На ваквиот став на премиерот реагираше опозициската СДСМ обвинувајќи го дека се обидува, како што велат, „да се испере за фактот што градоначалникот и советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против граѓанската иницијатива на која се потпишаа 4.700 жители на општина Неготино со која се спротивставија на изградбата на топилницата. „СДСМ застана на страната на граѓаните на општина Неготино и ја поддржа нивната иницијатива и во неколку наврати се обиде да му укаже на ВМРО-ДПМНЕ дека не смее да застане на страната на профитот, а на директна штета на здравјето на граѓаните. Сега Груевски не може да се прави наивен и да тврди дека градоначалникот и советниците на ВМРО-ДПМНЕ направиле нешто без негов амин. Очекуваме дека кај ВМРО-ДПМНЕ ќе надвладее разумот и ќе ја променат претходната одлука со која директно ја поддржаа изградбата на објект од тешка загадувачка индустрија“, се вели во реакцијата на СДСМ. (У.В.)


Статијата е прочитана 270 пати.

Испрати коментар



Минималецот тргна, кој го применува уште не се знае
На продажба се само АБ телевизија и „Вечер“
Новата здравствена мрежа тешко пробивна
И уште нешто
Втора снежна акција на армиските хеликоптери
Недела на виното во Неготино
Гостиварскиот снег во Вардар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -8°C

Магла

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |