09.02.2012, 16:58 Недела на виното во Неготино
Неготино - Под мотото „Со традиционални вредности – заедно во Европа“ во Неготино почна одбележувањето на Неделата на виното, која се одржува во чест на свети Трифун, заштитникот на виновата лоза и лозарите. Домаќините очекуваат голем број домашни и гости од Италија, Словенија и Бугарија, кои ќе имаат можност да посетат бројни винарии и да дегустираат квалитетни вина. Домашните производители на вино и ракија ќе се натпреваруваат, ќе биде организирана вечер на виното, а предвидена е и работилница за копаничарски предмети во знакот на виното. На централната прослава на 14 февруари ќе биде симболично закроена виновата лоза, со што ќе почнат лозарските работи за новата реколта. (А.Д.) |