13.02.2012, 16:01 Тодоровиќ чисти снег со чаша во рака
Ако градоначалникот Владимир Тодоровиќ е пример како граѓаните треба да засукаат ракави за да си го исчистат снегот пред сопствените дворови, тешко дека влезовите пред зградите и куќите ќе бидат проодни. Од Општина Центар вчера испратија фотографија како доказ дека дури и градоначалникот Тодоровиќ се придружил на ангажираните работници и општинската администрација во акцијата за расчистување на тротоарите. Но, освен лопатата, Тодоровиќ држи во рака и чашка. Со кафе, чај или можеби греана ракија или вино, тој си знае како истовремено го расчистувал и снегот. Инаку, општинарите информираа дека континуирано ги расчистуваат сервисните и станбените улици, а од почетокот на снежните врнежи до вчераутро фрлиле 217 тони сол. (Дс.Т.) |